Почетна arrow Калина Зографска arrow Услуги и Анализи arrow Мали лаптопи за мали деца
 
 
Веб-Соц Свет
Веб 2.0, ИТ пазари и ниши, Услуги и Анализи, Софтвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Калина Зографска
 
Мали лаптопи за мали деца Испечати Е-пошта
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 15.12.2008
Официјално излезе вест во печатот - Владата набавува 75 илјади мали лаптопи во вредност од над 10 милиони евра, кои се очекува учениците да ги добијат најдоцна до крајот на учебната година. Затоа сега Владата набавува 53 илјади лаптопи (со екран од 8.9 инчи) за основците и 22 илјади за сите наставници и професори во основните и во средните училишта. На наставниците и на професорите ќе им се дозволи компјутерите да ги носат дома, наводно, за да им се излезе во пресрет при подготовката на материјалите.

Политиката ја оставаме настрана и пред заграда. Да видиме што е бенефитот, а што е загубата на ваквиот потег.

Ако земеме дека Владата се однесува како деловен менаџер во дадената ситуација, треба да сметаме дека вложената инвестиција треба да даде одредени мерливи резултати. 10.000.000 / 75.000 = 133 евра = 8.118 денари е цената на еден мал лаптоп.

Мали лаптопи за мали деца

8.118 денари во матерјална инвестиција е инвестицијата во професори и деца од 1-3 одделение.  Очигледно дека децата нема да стигнат да ја оправдаат инвестицијата, затоа што додека да станат даночни обврзници, овие компјутери ќе гнијат по скопските депонии. А децата веќе имаат компјутери во школо, а лаптопите ќе бидат дополнителни средства (за кои не се кажува дека ќе им бидат дадени за дома), што значи, тие почнуваат да гнијат од моментот кога ќе стигнат во училиштето. Освен „кул фактор“, не знам за што се даваат компјутери.

Наставниците и професорите се сосем друга категорија. Се вели дека ќе им се дозволи компјутерите да ги носат дома, за да им се излезе во пресрет при подготовката на материјалите. Тоа е одлично, но има нешто неправилно тука...

Малите лаптопи (netbooks) ретко  се наменети за примарна употреба, туку најмногу како  направи за достапност, поврзување и преносливост. Каде е тука деловниот план, истражувањето, да видиме колку профeсори и наставници имаат примарен десктоп компјутер дома, дали имаат интернет конекција? Дали воошто знаат како се користи компјутер,  дали им треба мал лаптоп, дали би го користеле и дали би преферирале други некои работи како на пример бенефициран надоместок за интернет, стручна литература или нешто трето? (дисклејмер за мојата поврзаност со еден интернет провајдер овде) Затоа што во многу сценарија малиот лаптоп би им бил а) неупотреблив б) неупотребен.

Многу математики можат да се направат за алтернативно распределување на ова купче пари, не е дека сме богата држава, па „кој ги брои“. Впрочем, нели сме во економска криза? Нели секој потег треба да биде обмислен и пресметан до најмала ситница? Не гледам докази за обмисленост овде. Што е полошо , не гледам ни дека јавноста бара докази.


Клучни зборови:  Влада   Лаптоп   Мини лаптоп компјутери   Професори   Наставници   Ученици   Едукација   Образование   Компјутер за секое дете   Буџет

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Од каде се информирате?

(101 глас/а)

  • 22.8%
  • 21.8%
  • 36.6%
  • 12.9%
  • 5.9%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk маркетинг