IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Калина Зографска arrow Услуги и Анализи arrow Мисловна вежба: Отворена библиотека
 
 
Веб-Соц Свет
Веб 2.0, ИТ пазари и ниши, Услуги и Анализи, Софтвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Калина Зографска
 
Мисловна вежба: Отворена библиотека Испечати Е-пошта
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 29.10.2008
Сеуште се сеќавам на времето кога за првпат отидов да отворам членска карта во библиотека. Заради органичените наслови во училишната библиотека, следниот чекор беше „Браќа Миладиновци“ во Буњаковец. Што понатаму, знаете – не многу љубезни библиотекарки (со секогаш еден исклучок, also known as љубезната тетка), прашнасти книги, и релативно надраслива колекција. После експлоатацијата на многуте копии од лектири, и сите романи на Џек Лондон, веќе немаше билбиотеката што да понуди за мене.

Нељубезниот однос го поднесувате додека можете, се додека еден ден не ја прераснете библиотеката, и во тој момент заминувате засекогаш. Се прашувам, има ли некој кој откога еднаш се откажал, се врати назад во некоја од нашите инситуционални библиотеки? Кога ќе помислам, немаше некоја радост кога одиш да платиш членарина за уште една година.

Мисловна вежба: Отворена библиотека

Од друга страна, сега е едно друго време на откривање – истражување и интерес за книги преку Амазон, читање на безброј рецензии, спојување на слични автори, следење на блоговите на авторите... Цел свет е таму, се што сакате да прочитате, и листата „Се што сакам да прочитам и по кој редослед“ само расте. Логистиката на набавка е малку отежната – кој оди на службен пат или на концерт во странство добива нарачка. Али чувството е добро кога држите в раце она што сакате да прочитате, кога сте дошле до тоа, кога ги вртите страниците една по една, и кога ја завршувате. Потоа - почнува нов процес на откривање.

Она што многу помага во процесот е – пријателите што читаат, и нивните домашни библиотеки, нивните искуства од нивните откритија. И не мислам на оние непознати кориснички имиња кои потпишуваат кориснички мислења или на Фејсбук пријатели, туку на вистинските пријатели од крв и месо, што ги знаете, чие просудување го почитувате и чиј сензибилитет го може да го поврзете со она што во моментот го читаат, и она што го прочитале. Има нешто облагодорувачки во заедништвото на читањето.

Епа, ова е една некомплетна, over-the-top и сосем невозможна фантазија, мисловна вежба – како да се вратат луѓето во билбиотека, земајќи го предвид социјалниот фактор на процесот на откривање, нашиот проклет стандард на ограничен буџет за културни „издатоци“ и се разбира – интернетите. :-)

Значи, краток преглед на елементите на процесот

Веб заедница „by invitation only“ во која можете да напишете кои книги ги имате, од кои сте се одушевиле. Имате ограничен број на покани (5?) кои може да ги пратите на вашите пријатели, и заедницата се шири. Секогаш знаете кој кога поканил, и кој е чив пријател, и кога ќе видите книга која ве бендисува, замолувате од корисникот да ја остави – во библиотека! Се договарате на „тајна лозинка“ – реченица, која библиотекарот ја запишува на букмаркер и ја внесува во книгата, означува на порталот дека книгата е простигната, и за да ја подигнете – треба да отидете, да ја кажете тајната реченица и да си ја земете.

Корисниците кои не вратиле книга по договоренот време (или никогаш) добиваат црни поени, а оние другите – бели поени, со кои можете да добиете уште покани за други пријатели. Букмаркерите можат да носат комерцијални пораки по жанр на книги од задната страна, а кога јас би водела библиотека, би правела препораки на слични книги при враќање на книга во отворената библиотека, и дури и бесплатни членарини на најголемите читачи.

Така ЈАС би се вратила во билиотека.

Се разбира, и најдобрата идеја – ништо не е осудено на успех. Ова е екскуризија на умот, а за остварување на идеите треба упорност и сериозна работа, затоплување на столчето, убедување на скептиците и постојан развој по желби на корисниците.


Клучни зборови:  Книга   Библиотека   Библиотеки   Џек Лондон   Лектири   Книги   Литература   Заедница   Членарина   Култура   Жанр   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност