IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Калина Зографска arrow Услуги и Анализи arrow Okarina.play()
 
 
Веб-Соц Свет
Веб 2.0, ИТ пазари и ниши, Услуги и Анализи, Софтвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Калина Зографска
 
Okarina.play() Испечати Е-пошта
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 12.01.2009
Крајот на секоја година е можност за правење на топ листи за ова и она, а по рефлекс читам се што излегува на Wired на насловната страница. Читајќи ја топ листата на 10 Most Awesome iPhone Apps of 2008, ме заинтересира број 5.

5. Ocarina
Најактуелната музичка апликација во App Store, Ocarina ја најдмина нормалната употреба на екранот на допир на iPhone-от и пронајде уникатен начин да го искористи микрофонот на мобилниот телефон. Дувајќи во микрофонот се симулира дување во флејта; свирите на четири виртуелни "дупки" на екранот кои овозможуваат менување на тонот. Корисниците на Ocarina ширум целиот свет дури можат и да слушнат што свирите во реално време во таканаречениот 'globe mode'. Иаку е потребно малку повеќе време за да станете добри во користењето на апликацијата, Ocarina докажува колку креативни можат да бидат апликациите за iPhone доколку девелоперите имаат доволно имагинација.“

Во позадината на свеста знам дека има голема и успешна кампања за промоција за македонската окарина низ изведбата на Драган Даутовски во Македонија и светот, меѓутоа не знам повеќе од тоа ниту за инструментот, ниту за овој конкретен наш археолошки артефакт.

Okarina.play()

Еве што вика моето Google истражување:

  • Најдена е окарина во 1989 г. година при археолошки истражувања непосредно до населбата Чашка на археолошкиот локалитет Мрамор, кој се наоѓа на 15 километри од Велес. [Утрински] Окарината е стара околу 6.000 години.
  • Окарина е антички дувачки инструмет кој е стар до 12.000 години, а вообичаено има 4-12 отвори и е најчесто направен од керамика [Wikipedia]
  • Окарината најдена кај Чашка е направена од пречистена глина и има 3 отвори, има дијаметар од 4,7 сантиметри [Шпиц]
  • Во 1998 г. Нинтендо ја прави играта The Legend of Zelda: The Ocarina of Time. Тука окарината има магична моќ за патување низ времето.
  • Во 2008 се презентира македонската окарина на пошироката македонска јавност преку изведба на Драган Даутовски на 19 април во Универзална сала [Дневник]. Окарината патува на презентации на македонската култура и музика низ светот [Вечер] [Дневник]
  • Во 2008 Simile ја развиваат iPhone апликацијата Ocarina која има значителен финансиски успех и станува една од најпопуларните [YouTube]

По повод ова, имам неколку случајни мисли, наредени без посебен ред:

  1. Што се случува со пронајдената окарина 1989-2008? Зошто томку сега е оваа промоција на голема врата?
  2. Освен оваа кампања со презентација на свирење, каде се останатите придружни елементи на пронаоѓањето на еден археолошки артефакт? Документацијата од испитувањата, презентација на научни конференции, повеќе бекграунд за нашата окарина? За окарините во светот и уникатноста на нашата окарина? Луѓето станаа скептични.
  3. Волан прашува (и со право) Каде се нашите брендирани промотивни македонски копии од археолошки артефакти? Нивна продажба, онлајн? Invest in Macedonia брошура бесплатно? :-)
  4. Кога ќе ти падне во скут опција за контекстуален адвертајзинг, искористи ја! Генерација Ипсилон (Нинтендо/iPhone корисници, елем) треба да види Google линк „Have you seen the unique ocarina in a beautiful country called Macedonia?“ кога сурфа за Zelda или за iPhone apps, или на YouTube ги гледа заразните видеа...
  5. И на крај, се разбира! Зошто НИЕ не ја направивме фамозната iPhone апликација, па да ја поседуваме целата приказна на идентитет со окарината како објект, како инструмент, како бесплатен публицитет, како coolness фактор? Еден од заклучоците на настанот Отворена дискусија: Интернет апликации - развој, маркетинг и промоцијабеше дефинитивно дека инжињерите треба и да едуцираат како треба, „што е модерно“, не само да програмираат „по задатку“. Ова нека е лекција од пропуштена прилика, со отворени очи одиме понатаму.

Клучни зборови:  Okarina   Oкарина   Ocarina   Апликација   Веб 2.0   iPhone   Ајфон   Драган Даутовски   Музика   Инструмент   Култура   Археологија   Археолошки артифекти   Истражувања

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk Wikipedia

До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(387 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.4%
  • 22.7%
  • 22%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...