Ми се виде интересен написот
на Smashing Magazine за трендови во
дизајнот на онлајн изданијата на весниците. Се базира на најпосетуваните
сајтови на светските весници. За домашен експеримент, ги гледав страниците на нашите: Дневник, Утрински, Вечер, Вест, Нова Македонија, Форум, и Глобус.
Во краток преглед, ова се главните трендови и забелешките на моето око:
1. Препознатливи бои
Освен класичното „црни букви на бела
позадина“, најчеста употребувана шема на бои е сина за наслови, и темно сива за
букви, црвена понекогаш се користи за нагласување.
Нашиот
Утрински има страница кој го нагласува овој тренд, a Нова Македонија се
одлучува за темно син –светло син
дизајн, верен на своето печатено издание.

Вечер
и Вест , напротив, се посветени на црвената боја.

2. Хедер
и странични банери
Advertising is king :-)
Сите овие страници би требало да генерираат приходи,
па вообичаено се банерите. Некои страници користат банери на сите страници, а
некои само на насловната. Вообичаена големина е 200x255px за странични банери, и
цела ширина за хедер банери.
Од нашите
страници, Утрински има средишен банер и странични банери од кои мал број се
искористени, Дневник има еден страничен
банер, даден на httpool, Форум има средишен банер и странични банери само во
долниот дел (не знам која е таа економска логика), како и Нова Македонија.
3. Навигационо мени
За да се олесни работата на читателот, добро е да се има
хоризонтално мени кое ја овозможува навигацијата низ организацијата на
страницата, во повеќе нивоа ако има компексна структура.
Од нашите
весници, само Форум има хоризонтално мени, останатите се вертикални и од лева
страна.

4. Организација на содржината во табови
Премногу вести, а премалку простор, останува
просторот да се искористи паметно, односно да се искористат табови за да се
одвојат логичко одвоените целини.

Никој
од нашите весници ја нема оваа функционалност, но може да ги спомнеме РСС
кутиичките на Форум, симпатични се. :-)
5. Мрежен распоред (Grid
based layout)
Распоред
на рибарска мрежа со нееднакви елементи, кој е лесен за менаџмент, и е
многу сроден со изгледот на печатените изданија.
Скоро сите наши весници се верни на оваа традиција, дури
и на граница да изгледаат прездодевно.

6.
Социјална интеграција – RSS и коментирање
За да навистина се влезе во дијалог со
читателот, RSS е потребен за да се прошири веста, а коментирањето е продолжената рака
на критичката мисла на публиката.
Само
Форум и Утрински имаат RSS, а коментирањето го имаат Дневник, Вечер и
Утрински.
Клучни зборови: Дизајн Весници Трендови Визуелен дизајн Страници Сајтови Интернет Дневник Утрински Вечер Форум Нова Македонија Глобус Анализа Преглед Забелешки
|