Почетна arrow Соопштенија за јавност arrow Потпишан договор за соработка со iDevelop
Потпишан договор за соработка со iDevelop Испечати Е-пошта
Објавено на: 19.05.2008
Порталот за информатичка технологија IT.com.mk потпиша договор за соработка со компанијата iDevelop А.Д. од Скопје на 19 Мај, 2008 година. Соработката има за цел да го потикне користењето на интернет технологиите за комерцијални цели и бизнис операции во Македонија.

Датум: 19.05.2008                                                                                               За итно објавување
Лице за контакт:
Дамјан Арсовски
Телефон: 071/60 30 81
Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Соопштение за јавност
Потпишан договор за соработка 
помеѓу IT.com.mk и iDevelop А.Д.

Порталот за информатичка технологија IT.com.mk потпиша договор за соработка со компанијата iDevelop А.Д. од Скопје на 19 Мај, 2008 година.

Целта на оваа соработка е да се овозможи информирање, едукација и мотивација на сите интернет корисници, особено бизнис менаџерите во Македонија да го искористат потенцијалот на е-бизнисот и интернетот во својата работа и да ги подобрат своите понуди и услуги.

Соработката се состои во објавување и промовирање на содржини доставени од iDevelop на порталот за информатичка технологија IT.com.mk кои ќе го потикнат користењето на интернет технологии за комерцијални цели и бизнис операции во Македонија.  

Спонзорираните содржини ќе објаснат како интернетот може да помогне во зголемување на вредноста на одреден бренд, создавање на стратегиски партнерства, зголемување на продажба на продукти, а исто така ќе се објасни како да се искористи потенцијалот на интернет маркетингот и најновиот веб феномен - корисничката интерактивност.  Ве покануваме на порталот www.it.com.mk да ги прочитате содржините.

За IT.com.mk и IWM Network Д.О.О.
IT.com.mk е портал за информатичка технологија чија цел е поддршка, едукација и промоција на македонскиот ИТ потенцијал и придонес за развој на ИТ индустријата во Македонија. IT.com.mk како портал започна со работа на 25 Март, 2008 година а претходно цела година опстојуваше како ИТ форум. IT.com.mk е бренд на IWM Network Д.О.О. 

За iDevelop А.Д.
iDevelop е компанија со карактер, која ги поставува на прво место, ги почитува и негува односите со своите стеикхолдери, пред се вработените, клиентите, партнерите и околината во која делува. Компанијата има седиште во Скопје, Р.Македонија и неодамна се лансира на Македонската берэа на хартии од вредност, како прва dot.com компанија од таков вид во Македонија. Како компанија, имаме два операциони аспекти, својот софтверски проиэвод Active Reception (хостиран софтвер эа следење на посетителите на веб страницата и интеракција со нив во вистинско време) и раэвој на софтвер по најновите светски стандарди.

------------------------------
Доколку сте заинтересирани за повеќе информации во врска со IT.com.mk проектот на IWM Network Д.О.О. ве молиме обратете се преку е-маил на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или на телефон 071/603-081. За информации во врска со компанијата iDevelop испратете е-маил на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или јавете се на 02 322-0093.
 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl


Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter