Почетна arrow Приватност
Приватност

Последна промена: Мај, 2008

Овој документ служи како детално објаснување и информирање за тоа како IT.com.mk, IWM Network или нашите партнери ги користат сите видови на лични податоци или информации кои ги собираме кога вие ги посетувате услугите на IT.com.mk како и некои од процедурите кои ги преземаме за да ги заштитиме тие податоци.

Примарната цел заради која собираме лични информации е да овозможиме подобри услуги и содржини. Информациите кои ги собираме ни овозможуваат детално да ги анализираме движењата на нашите посетители, да вршиме внатрешно следење на порталот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на нашите услуги.

Ние собираме лични информации кои најчесто вклучуваат ваше име и презиме, ИП адреса, емаил адреса, телефонски број, детали за интернет прелистувачот кој го користите, компјутерот, временската зона и јазикот кои автоматски се складираат од страна на серверот во нашите статистички бази. Во одредени периоди и услови, може да собираме и информации кои вклучуваат кориснички имиња и лозинки и слично. Исто така, собираме и информации кои доброволно се испратени од ваша страна.

При вашата посета на IT.com.mk, мал фајл со дата е складиран во вашиот компјутер наречен “колаче” (cookie), кој овозможува пристап до некои од услугите и им помага на нашите веб администратори да ја контролираат и анализираат посетеноста и активноста на овој сајт и да објавуваат подобри содржини. Вие може да изберете вашите интернет прелистувачи да го оневозможуваат користењето на “колачиња” (cookies), при што некои делови од нашите услуги може да бидат недостапни за вас, како на пример активното учествување во дискусиите на форумот и друго.

“Колачињата” (cookies) исто така овозможуваат, доколку имате одберено, зачувување на вашата лозинка со што би избегнале постојано внесување на истата.

IT.com.mk може да користи и некои други технологии кои ќе овозможат подобрување на вашите он-лајн искуства и кои автоматски може да ги зачувуваат времињата кога го имате посетено сајтот и кои делови од истиот ги имате посетено.

IT.com.mk на најдобар можен начин ќе се обиде да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на сајтот вие се согласувате дека нема да го сметате IT.com.mk или IWM Network за одговорни доколку таквите информации бидат украдени, ненамерно објавени или изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета.

Вашите информации исто така се зачувуваат и со цел да овозможиме надзор и сигурност на нашите услуги и сервери, да спречиме измами и други сериозни оштетувања. На барање од правни субјекти, IT.com.mk може да се согласи да ги сподели информациите кои ги поседува со цел помагање во истрага или истражување.

IT.com.mk исто така може да користи дел од личните информации за да овозможи маркетинг понуди. Ние никогаш целосно не ги споделуваме информациите со некоја друга компанија.

Ние го задржуваме правото без никакво претходно известување да ја измениме полисата за приватност, но притоа се обврзуваме за секоја позначајна промена да ве известиме преку главната страна на IT.com.mk или веб страна на нашата компанија.

Порталот и сите останати наши услуги не се наменети за лица под 13 години и секакво регистрирање на лица помали од 13 години е забрането. Доколку е потребно да се овозможи пристап или регистрација за лице под 13 години, секогаш при процесот на користење на услугите на IT.com.mk од страна на лицето, мора да постои надзор од возрасен.
 
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни