IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Рецензии arrow AH521 - USB за бизнис потреби
AH521 - USB за бизнис потреби Испечати Е-пошта
Автор: Столе Лазаревски   
Објавено на: 12.06.2009
AH521 - USB за бизнис потребиApacer неодамна го претстави новиот USB модел, Handy Steno AH521, кој со својот дизајн и перформанси е наменет да ги задоволи потребите на бизнис корисниците. Достапен во капацитет од 4, 8 и 16 гигабајти, AH521 исто така нуди и софтвер за компресирање на податоците - дури и до 67% за PDF фајлови, и 84% за JPG, со што дополнително се зголемува практичната употреба на овој USB 2.0 стик.

Тежок само 18 грама, AH521 има димензии од 59.1 х 21 х 7.2 милиметри што е доста солидно споредено со другите USB-а од оваа категорија.

AH521 - USB за бизнис потреби

Стикот е изработен од тврда пластика во црна боја, а страните се прикриени со метални делови. При вчитување/впишување на дата, се пали и плава LED диода во средината на телото.

Моделот кој ние го тестиравме, AH521 од 4 ГБ, се покажа како доста издржлив благодарение на металните завршетоци, значајна улога игра и заштитната опција да го повлечете самото USB внатре во телото, што претставува одлична можност кај USB стикови со цел да се заштитат од изместување или друг вид оштетување.

Брзината на читање на информации се врши со брзина од 17 мегабајти во секунда, односно 6 мб/с впишување. А AH521 според произведувачот работи на повеќето оперативни системи, односно Windows 98/ME/XP/2000/Vista, Mac Os 8.6+ и Linux 2.4.0+.

HandySteno AH521 доаѓа и со веќе инсталиран Apacer Compression Explorer софтвер, кој во некои случаи дозволува да складирате и 5 пати повеќе податоци од нормалното. Табелата за компресирање на фајлови, тестирана на оперативен систем Windows 2000 SP 4 на Intel Pentium 4 од 2.8 GHz со 512 МБ РАМ, изгледа вака:

AH521 - USB за бизнис потреби

Се на сé, AH521, особено моделот од 8 и 16 гигабајти претставува солиден избор за сите бизнис корисници на кои им е потребен USB стик кој нуди брзо читање и впишување на податоци, поголем простор (благодарение на софтверот за компресирање на фајлови) и издржлив и компактен дизајн.



Клучни зборови:  Хардвер   Рецензија   Apacer   AH521   Апацер   УСБ   USB   Стик   2.0   Фајлови   Handy Steno Ah521   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(136 глас/а)

  • 76.5%
  • 6.6%
  • 5.1%
  • 11.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност