IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Рецензии arrow ASUS Eee 1000HE
ASUS Eee 1000HE Испечати Е-пошта
Автор: Столе Лазаревски   
Објавено на: 13.05.2009
ASUS Eee 1000HEСпореден со претходните ASUS Eee PC модели, 10 инчниот Eee 1000HЕ се истакнува со поелегантен дизајн вклучувајќи и подобрен распоред на тастатурата која значајно влијае на корисничкото искуство. Овој мини лаптоп кој навидум во перформанси е ист како претходникот Eee 1000H - 1 ГБ РАМ и 160 ГБ хард диск, сепак се издвојува во поглед на корисноста на компјутерот преку веќе спомнатата подобрена тастатура, побрз процесор и батерија која трае од 7-9 часа.

Дизајнот на Eee 1000HE, спореден со конкуренцијата, е убедливо попривлечен, иако во тој поглед како негативна страна може да се спомене сјајната текстура на која видно можат да се забележат отпечатоци од прсти после првиот допир. Но ништо сериозно, едно бришење со ракав или крпа и решен проблем. :)

ASUS Eee 1000HE

На десната страна се наоѓа читач на картички (4 во 1), два USB порта и VGA порт за конектирање со надворешен екран. Левата страна е исполнета со уште еден USB порт, место за слушалки и микрофон, Ethernet порт и вградена мала Kensington "брава" за заклучување. Над мониторот се наоѓа интегрирана веб камера.

ASUS Eee 1000HE

Најголемата физичка промена на овој модел е тастатурата (која е 92% од тастатурата кај лаптоп со нормална големина) преку која ASUS ги исправа доста критикуваните недостатоци во претходните Eee модели, каде што тастатурите се гласни при куцање и несоодветно подредени со изместени стандардни копчиња.

Над тастатурата, се наоѓаат четири сребрени копчиња од кои првите две служат за менување и подесување на дисплејот и профилот, додека другите две можат да бидат подесени по потреба. Маус падот на допир и е ист како кај претходниот модел 1000H и практично сместен на подлогата.

Широкиот дисплеј нуди зададена резолуција од 1024 х 600 пиксели, што е еден вид стандард кај мини лаптоп компјутерите. Зависно од потребите, горе споменатите копчиња над тастатурата овозможуваат брзо менување на резолуцијата.

ASUS Eee 1000HE

Eee PC 1000HE е опремен со 1.66 GHz Intel Atom N280 процесор, кој е специјално дизајниран за вакви лаптоп модели. Овој процесор е релативно побрз од Intel-овиот модел N270 кој е вграден во голем број други мини преносливи компјутери. Другите хардверски компоненти кои доаѓаат во овој модел се Seagate хард диск од 160 гигабајти со 5400 rpm, 128 МБ мобилна Intel GMA 950 графичка, како и 1 ГБ DDR2 SD РАМ на 544 MHz.

Клучниот момент кај овој Eee PC е неговата батерија која според ASUS, може да трае и до 9.5 часа - доколку е намален контрастот на 40% и се исклучени безжичниот интернет, Bluetooth и веб камерата. Во други зборови, со нормално користење може да трае од 5-7 часа, што сепак е голема предност.

Eee 1000HE е тенок само 3.5 цм, а тежи 1.5 килограми, па така не претставува никаков проблем да го носите со себе во ранец или торба каде и да одите - што всушност е неговата првична намена. Цената на моделот (околу 25.000 денари) не е воопшто скапа кога ќе се земат во предвид перформансите и големината.

Спореден со останатите 10`` мини лаптоп компјутери, Eee PC 1000HE е доста добар и економичен избор.



Клучни зборови:  Asus   Еее ПЦ   Eee PC   Eee PC 1000HE   Асус   Мини лаптоп   Лаптоп   Компјутер   Рецензија   Netbook   Laptop   Хардвер

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(122 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.4%
  • 4.9%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност