После From Russia with Love и NightFire, Activision
ја претстави и најновата James Bond: Quantum of Solace. Сите фанови на James Bond филмовите, сигурен сум дека не пропуштиле да изиграат барем една од игрите базирани на овој филмски серијал почнувајќи од
легендарната Тhe Golden Eye за Nintendo од 1997 година, па се до последнава Quantum Of Solace.
Играта е FPS (First-person shooter), а приказната е копија од последниот филм на 007 со делови од Casino Royale...така да има доволно добри локации и одличен заплет за да ве задржи пред мониторот.
Дејството се одвива во 15 мисии, кои се поврзани една со друга. Од 15-те мисии би ја издвоил втората мисија - Siena, во која најмногу ми се допадна тоа што има многу скриени работи кои ќе ви одземат малку повеќе време за да ги откриете, иаку целата игра се одвива брзо и нема да помине многу време за да ја завршите. Последните неколку мисии се земени од Casino Royale и ги содржат легендарните сцени во казиното и хотелот.
Што се однесува до графиката, таа е задоволителна, малку повеќе потсетува на Call of Duty 4. Единствено нешто што не ми се допаѓа се експлозиите кои не се реално направени.
Интерфејсот во играта е скоро ист како и кај претходните изданија, едноставен и лесно разбирлив. Се содржи единствено од силуетата во десниот долен агол којa ja покажува издржливоста на Бонд, увид во муницијата и оружјето кое се користи. Нормално нешто за пукачките игри, меѓутоа Quantum of Solace има и „stealth“ мод кој овозможува Бонд, Џејмс Бонд да се сокрие зад предмети, ѕидови и да го напушти вообичаениот агол на првото-лице. Друго нешто што ја прави играта да не биде класичен shooter се некои одредени ситуации кои бараат од 007 да прерипнува препреки, да оди по рабови на згради... до брзи и ефективни потези за да го неутрализира непријателот.
Нешто што позитивно ме изненади во играта се одличните звучни ефекти кои навистина допринесуваат да се соживеете со самата ситуција во која се наоѓа Бонд.
Како во секоја игра така и овде има негативни страни. Нешто што мене воопшто не ми се допадна е тоа што во играта има многу монотони и провидни ситуации каде што многу лесно се дознава што е и каде е. Исто така не ми се допадна однесување на непријателите, односно нивната вештачка интелигенција.
Сепак играта ми остави добар впечаток, интересна е и за оние кои не барат многу од играта, ако играте да се релаксирате тогаш ова е вистинската игра за вас.
Btw: Оваа статија е напишана од наш читател. Доколку и вие би сакале да пишувате рецензии за игри, хардвер или софтвер или пак имате да споделите некои друго интересно искуство, прочитајте тука.
ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.