OpenArena претставува содржински пакет од видот отворен код за Quake III Arena која е под лиценца на GPL. Играта е бесплатна и самостојна што значи дека нема да ви е потребна Quake III Arena за да ја играте. Во моментот на ова пишување, последната официјална верзија на OpenArena е 0.7.1 објавена на 7 јули, 2007 година. Играта може да се игра на Linux, FreeBSD, Mac OS X, Solaris, Windows платформи. OpenArena (OA) припаѓа на жанрот FPS (First Person Shooter) за кој добиваме искуство на игра во прво лице.
Играта не бара никаков вид на инсталација, што го олеснува и процесот на самото стартување на играта, и на Вас преостанува само да ја копирате играта или превземете од интернет, да ја стартувате и спремни сте за една добра партија од насилно и стресно крвопролевање.
Играта се рангира како за возрасни лица (М), која изобилува со крвопролевање, насилство и масакри.
 OA е насилна игра со многу крвопролевање ОА за првпат беше објавена на 19 август, 2005 година. Таа е креирана користејќи бесплатен и open source софтвер, како што е неговиот енџин (engine): id Software's GPL id Tech 3. Иако сеуште се наоѓа во своите почетни фази на развивање, играта претставува комплетно ист начин на игра во споредба со Quake III Arena, како на пример: освојување убиства (frags) до одредена бројка зависно од сетирањата на серверот, DeathMatch, Team DeathMatch, Tournament и Capture The Flag (CTP), додека играњето со ботови беше овозможено од претходната верзија (0.6.0) па наваму.
Играта нуди можност за играње во Single Player Mode или во Multiplayer Mode, што значи преостанува на Вас како и на кој начин ќе ја играте.
Ако избраниот начин на игра Ви е Single Player, следува изборот на посакуваната стаза или мапа на која сакате да играте, избор на нивото на вештачката интелигенција на ботовите, максимална бројка на убиства, времетрање на играта и сл. Додека ако избраниот начин на игра е Multiplayer тогаш изборот преостанува на вас дали ќе играте локално или LAN или на интернет, или пак ќе креирате свој сервер по ваши карактеристики и желби за која мапа ќе се игра, колку време, дали да има ботови и сл.
Пред започнување на било каква игра, играчот има можност во панелот од менито да избере Setup каде што ќе биде однесен до страницата каде ја сетирате околината на целата игра вклучувајќи: посакуваната графика (светлост, контраст, детали и сл.), контролите со кои што ќе играте и извршувате дадени операции (пукање, клечење, скокање, нишанење и сл.), креирање на посебен модел по Ваша желба од дадените опции за избирање и нивна боја, како и Ваш псевдоним по кој ќе Ве препознаваат другите ОА играчи низ целиот свет.
Од дадената колекција на оружја, ОА располага со:
1. Gauntlet (Пила) 2. Machinegun (Митралез) 3. Shotgun (Сачмарка) 4. Grenade Launcher (Минофрлач) 5. Rocket Launcher (Ракетен фрлач) 6. Lighting Gun (Електрична пушка) 7. Railgun (Ласер-пушка) 8. Plasma Gun (Плазма пушка)
за кои нормално постои и посебна муниција за секое оружје од горенаведените. Освен дадените оружја, искуството во играта Ви овозможува да собирате и други погодности за подобри и подолги преживувања како и зајакнување на самите оружја и Вашата заштита од пукање.
Тие погодности или предмети (items) се:
1. Armor Shard (Парче штит) 1. Armor (Штит) 2. Heavy Armor (Штит со двојна заштита) 3. Quad Damage (Четири пати поголема оштета) 4. Personal Teleporter (Личен телепортер) 5. Speed (Брзина) 6. Health (Лечење) 7. Mega Health (Комплетно лечење) 8. Invisibility (Невидливост) Како во некои игри така и во Open Arena, програмерите на играта, на своите корисници им оставаат по некое изненадување наречено велигденско јајце (easter egg) кое претставува некоја скриена порака или неоткриена соба и сл. во некоја од дадените мапи за играње кое останува на Вас да ги пронајдете доколку имате среќа или пак случајно сте наишле на такво нешто.
При крајот на играта, добивате гласовно предупредување дека имате уште 5 минути до крајот на играта на дадената мапа, после кое, следи дадениот резултат и потврдување од самиот играч дека е спремен за следната мапа за играње.
 Играта завршува со прикажување на резултати Официјалниот сајт на Open Arena е: http://www.openarena.ws каде што ќе можете да бидете во тек со најновите случувања околу играта и новитетите за неа, како и линкови за превземање, галерија, wiki, форум на кој можете да дискутирате за дадени проблеми или пак едноставно вашите импресии, svn магацинот и листа на најновите сервери. И за крај, минималните побарувачки за играње на Open Arena:
* Pentium II 233MHz / AMD K6-2 300MHz * 64MB RAM меморија * OpenGL подржана графичка картичка со 16MB видео RAM * 300MB простор на Вашиот хард диск (HDD)
Сликите се превземени од: http://en.wikipedia.org/wiki/OpenArena и од колекцијата на IT.com.mk.
Клучни зборови: Рецензија Игри Пукање Open Arena Quake III FPS GPL
|