IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Рецензии arrow Quake Live
Quake Live Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 27.02.2009
Quake LiveВо една од теориите за почетокот на универзумот научниците велат дека имало „ништо“ и по големиот бенг настанал универзумот. Во гејминг светот големиот бенг во натпреварувачките игри е Quake Arena. Добро, имаше и мали претходни „ништа“ но Quake Arena го постави теренот за игри како CounterStrike и Halo, кои денес прераснаа во е-спорт.

Сега истата игра, само 9 години подоцна, Quake Arena беше објавена во 1999 година, го отвара прашањето за иднината на видео игрите - прашање кое веќе се дискутира дали иднината на гејмингот е во „cloud computing" без инсталирање, достапно од било кој компјутер и отворено натпреварување за сите. Ако размислуваме пофутуристички достапни за играње преку мобилен, пример: iPhone.

Quake Live е бесплатна игра која се игра во прелистувачот. Ликовите и графиката се од оригиналната, која на времето бараше многу многу добри компјутери за да се игра, а сега е достапна на Firefox. :) Но и по 9 години развој на технологијата, играта се уште е адреналинска и забавна.

Интересот за играта е огромен, така откако ќе се регистрирате на сајтот Quakelive.com ќе почекате малку време за да почнете да играте. Времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, а ако го испуштите редот се почнува од почеток. Тоа го научив по потешкиот пат, откако стигнав 100 на ред, се зачитав нешто по што видов дека сум вратен пак на 20.000+.

Quake Live

Откако ќе се вклучите одбирате лик. Ликовите сега изгледаат смешно, но претходно изгледаа страшно.

Quake Live

Прво што треба да направите е тест натпреварот против Crash, компјутерски карактер кој што ќе ви помогне да се снајдете во играта или ако не сте спремни за натпреварувањето има цел туториал за тоа како се игра и што значат предметите кои ќе ги најдете во арената. Туторијалот тука.

Quake Live

Quake Live

По „тест периодот“ играта одредува колку сте добри т.е какви се вашите вештини. Ова е важно затоа што во некоја арена можете да налетите на луѓе кои умеат да играат и да умирате секои 2-3 секунди, затоа играта со опцијата „Најди дуел“ ви бара дуел со некој вешт како вас. Ова е добро и за почетниците, и за хардкор играчите бидејќи добивате поени од секој натпревар, така да рангирањето според вештината дава шанса на сите. Има и опција да бидете гледач на мечот.

Најинтересен дел е што постои огромен избор на арени, во кои можат истовремено да се натпреваруаат од 2 до 16 луѓе, секој индивидуално или пак во тимови - црвен и плав. Исто така може да играте и со вашите пријатели во приватни арени. Постои и 'chat' за време на играњето така да може да се координирате со луѓето што играте.

Quake Live е феноменално нешто, бесплатно, адреналинско и забавно. Не одзема многу време и трикот е што може да изиграте и некој меч додека сте на работа, против шефот или некој рандом гејмер од некое рандом место во рандом свет (виртуелен или реален се разбира :D )



Клучни зборови:  Quake   Live   Игри   Видео игра   Quake Arena   CounterStrike   Halo   Онлајн играње   Забава   Гејминг   Гејмери   Видео игри   Играчи   Вештини   Натпревар   Прелистувач

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност