Почетна arrow Рецензии arrow Рецензија на Google Lively Beta
Рецензија на Google Lively Beta Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 25.07.2008
Google LivelyИако сеуште во бета верзија, и само „20% проект“ како што го најавија, Google Lively - само за една недела покажа дека може да биде важна алатка за друштвените мрежи. Преку илјадници си направија свои соби и аватари, дури и порнографијата си го најде местото во новиот 3Д-свет.

Google Lively е 3Д свет во кој преку вашиот прелистувач можете да си направите аватар т.е карактерче и да си дизајнирате соба во која можете да си ги поканите пријателите на вообичаен чат (читај: разговор). Интересниот дел е што додека се допишувате можете да го истресете од земја, да играте, да го гушнете, да му фрлите клавир над глава, да го утешите, да му плачете на рамо... и други анимации кои ги заменуваат веќе вообичаените смајлис. :D

Google Lively

Споредено со Second Life, па дури и The Sims, овој проект на Google не е ништо посебен. Сепак новото во Lively е нешто што може да го смени вашиот блог или Facebook профил и начинот на кој ги користите. Секоја од собите во Lively содржи свој URL линк кој што може да се закачи на блог, сајт, Facebook профил ( Google најави дека подоцна таа опција ќе биде достапна и на MySpace). Исто така е можен и обратен процес. Да закачите ваша слика, видео или блог во вашата Lively соба.

Вашиот аватар
Можете да изберете од 10 видови аватари. Дете со голема глава, аниме дечко и девојка, црнец, мечка ... - секој од нив си има свои уникатни анимации на движење и емоции.

Интерфејсот за бирање на изледот и облеката на вашиот карактер е доста едноставен и лесно се користи. Движењето на камерата и на самиот аватар е само со глувчето, нема користење на тастатурата освен за пишување на текст во долниот бар.

Google Lively
Избирање на аватар

Анимациите се доста добро направени и едноставни за користење. Треба само да кликнете на аватарот и да изберете емоција. Интересно е тоа што системот ги препознава текстуалните емоции: lol, rofl, :), :P итн. така да на секое од напишаните вашиот аватар ќе реагира.

Доколку сакате пак вашиот разговор да не го читаат другите во собата секогаш можете да ја искористите опцијата whisper (шепкање). Со тоа вашиот разговор ќе остане приватен во соба со многумина.

Собите
По создавање на аватарот ви останува да си дизајнирате соба или пак да посетите една од популарните, како собата на Google или да влезете во Fight Club-от каде што ќе можете да му залепите кунг-фу шамар на некој „рандом“ лик без да се навреди.

Тука е и најголемата иновација на Lively. На пример доколку сте во Fight Club-от на ѕидот ќе може да гледате импортирани инсерти од филмот. Тоа значи дека во вашата соба која ќе си ја дизајнирате сами, ќе можете да си ставите ваше видео, слика или да го закачите омиленото mp3, односно ќе можете да си ја персонализирате собата.

Google Lively
YouTube видео во Fight Club соба

Забелешката за собите е што се многу мали, имаат невидливи граници. А мебелот и додатоците за дизајн на собите се малубројни така да сега за сега собите се „copy-paste”. Google најави дека ќе овозможи корисниците сами да си дизајнираат облека и мебел, но засега таа опција не е можна.

Техничкиот дел на Lively
Да создадете аватар и соба е едноставно. Се што ви е потребно е интернет прелистувач, Flash 9, да симнете 13 мб програмче и корисничко име на некоја од Google услугите. Од хардверски дел ви е потребно стандарден компјутер со минимум перформанси пентиум 3 и 512 мб RAM.

Google Lively
Опции за камера

До сега тоа е едноставно. Проблематичниот дел е што ви треба солидна (читај: многу брза) интернет конекција. Во популарните соби каде што има многу луѓе вчитувањето на собата трае од 5-15 мин. со 3 мб/с интернет конекција. Но сето тоа зависи од посетеноста, така да кога ќе креирате аватар и соба нема да чекате подолго од 1 мин земајќи во предвид дека собата ќе е празна.

Правилата за игра
Морате да имате 13 години за да го користите Lively, доколку сте помлад од 18 ви треба дозвола од родителите или старателот ( вообичаените процедури и „родителски контроли”). Останатата „природа“ на овој проект се сите вообичаени правила, односно „услови за користење“ кои треба да се почитуваат.

Но проблемите веднаш започнаа. Земајќи во предвид дека Lively е друштвена мрежа, порнографијата и голотијата се забранети. Само по една недела можете да најдете порнографски соби. Од друга страна ја имате и можноста да повикувате пријатели во вашата соба и со тоа да ја направите приватна, затворена во јавност во која можете да ставите какви слики сакате..

Другиот проблем со „законот“ e што тој подразбира да нема малтретирање, замарање, навредување и спамирање. Но одредени анимации се дизајнирани да го инволвираат другиот лик со кој комуницирате без негово одобрување. На пример – кога сакате да го гушнете некој вие го гушнувате без да го прашате, кога сакате да его kung-fu ритнете некого вие го инволвирате во битка од 3-4 секунди и го млатите.

Google Lively
Дружење

Нормално расизмот и навредувањето на национална и религиозна основа се сериозно забранети.

Парите во Lively
Моментално се што е на Lively, односно облеката, собите, мебелот и останатите додатоци се бесплатни. Но фактот дека има цена за објектите кога ги бирате и ги ставате во каталог имплицира дека парите озбилно ќе се вмешаат.

Примерите со Second Life покажаа дека многу луѓе ја искористија таа игра за правење профит, има примери кога играчите во Second Life, заработуваа големи пари со промоција на книги во играта, со дизајнирање и продавање на куќи и простори во играта. Дури можете да купите и кока кола „in-game”.

Таков развој може лесно да се случи и во Lively, иако сеуште од Google нема најава за тоа какви пари и на кој начин и намена ќе се користат доколку ги има, посебно земајќи во предвид дека ќе се престави опција за дизајнирање на објекти, облека и мебел, па и имплементирање на клипови и музика во собата.

Заклучок
Lively може да стане сериозна алатка за комуницирање и користење на друштвените мрежи, иако сега изгледа како стрипче. Иновациите се доста добри, посебно што Google Lively e имплементиран во прелистувачите – така да можете да /wave со аватарот додека сурфате или проверувате маил.

За повеќе слики од Lively сервисот, кликнете тука.

Клучни зборови:  Google   Lively   3D   Анимација   Друштвени мрежи   Интернет   Блог   Блогови   Соби   Аватар   Дизајн   Facebook   Онлајн   Сурфање   Прелистувачи   Карактер   Видео   YouTube

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Македонски ИТ форум
RSS канали на it.com.mk

JPEG

Joint Photographic Experts Group е ISO/ITU стандард за компресирање на слики. JPEG форматот е популарен поради неговиот голем опсег на разновидна компресија. Сликите кои се во форматот JPEG се сочувуваат со квалитет по Ваш избор.

Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни