Од 2000 од првата The Sims до третото продолжение играта стана најпродаван и најуспешен продукт на Еlectronic Arts, компанија која стои зад сите популарни спортски наслови и уште многу многу добри игри. Но сепак симулацијата на реалниот живот е на прво место со 1.4 милиони копии продадени во првата недела од кога се објави на 2 Јуни. Па, нормално, што е поинтересно од гледање на вашиот Sim како се бања, спие, учи, оди на работа, готви и гледа телевизор?
The Sims e виртуелен свет во кој вие контролирате од 1 карактер до цели фамилии, кои стареат, кои се вљубуваат, имаат деца, караат, умираат... Покрај карактерите, The Sims е доста креативна кога се работи за дизајнирање на куќи, соби, градини... Тоа е Sims, но само првите два дела.
Третото продолжение ги проширува хоризонтите. Освен феноменалната графика, светот на Sims веќе не е затворен само во една куќа, туку сега постојат цели градови низ кои може вашиот Sim да се шета, да купува, да оди во парк, да игра шах во парк... Така вашиот Sim ќе може да комуницира со целата заедница, нешто што е комплетно нов аспект. Но не мора да се излегува од куќата за да се сретнат другите, туку можете да ги повикате преку мобилниот. :)
The Sims 3 како виртуелен свет ги следи трендовите и на овој, реалниот. Има мобилни, сега постојат и автомобили, има интернет, можете да се допишувате со пријателите, да замарате на форумот, да пребарувате низ мрежата или да хакнувате сајтови и да заработувате пари.
Кога сме кај работата, сега во The Sims 3 вашиот карактер ќе може да оди на работа но зад затворени врати. Ќе можете само да одредите како тој ќе се однесува на работа, дали ќе разговара со колегите или ќе работи вредно или пак ќе избегнува работа. Земајќи предвид дека EA успеа дејството на The Sims 3 да го прошири низ градовите, ако воопшто постои дејство освен тоа што вие ќе одберете, верувам дека следното продолжение ќе содржи можност да го контролирате вашиот Sim низ работните часови.
Покрај градот - новото нешто во Sims 3, ова продолжение е со доста понапреднати алатки кои овозможуваат да комуницирате со другите Sims, кои допринесуваат до поинтересни ситуации. Интересно е што при креирање на вашиот карактер вие одбирате 5 карактеристики кои влијаат врз неговото однесува. Пример доколку изберете „луд“ вашиот Sim ќе им разкажува приказни со духови на другите и понекогаш ќе си збори сам со себе заради забава.
Постои и онлајн аспектот на играта, нешто како друштвена мрежа на сите фанови на Sims, но не е ништо посебно освен покажување на слики од карактерите или правење филмчиња, опција која е во играта. Постои и продавница за The Sims преку која може да се купуваат предмети според бројот на поените од играта. Но целото онлајн искуство со The Sims не е ништо посебно. Искрено очекував да видам MMO игра.
Кој знае, можеби тоа е наредното нешто од The Sims.
До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.