(Ова е гостински текст на Виктор Стојановски а.к.а Зуберот, активен член на Лугола. Неговиот личен блог е на следниов линк, Виктор може да го сретнете и на Twitter и Facebook)
Поминаа 6 месеци од објавувањето на последната верзија на Ubuntu 9.04 наречна Jaunty Jackalope, негов наследник е Ubuntu 9.10 Karmic Koala. Ubuntu важи за најпријателски расположена GNU/Linux дистрибуција која денес може да се најде на пазарот. Отворената битка која се водеше со Windows 7 уште кога и двата оперативни системи беа во раните развојни фази продолжува но овој пат со многу поголем интензитет и здрави темели за тестирање. Но да не носиме предвремени заклучоци да оставиме на времето и корисниците да одлучат.
Главен акцент во оваа верзија е поставен на едноставноста на користење и дизајнот пропратени со стабилно јадро. Значително намаленото време на подигнување и гаснење на системот се првите работи кои што може да се забележат. Сегашното време на подигање на системот се движи околу 25 секунди, за верзијата 10.4 која што треба да излезе на пазарот во април 2010 ова време е планирано да се намали и до 10 секунди. Поддржани се голем број на хардверски уреди, стандардните и
дополнителните софтверски пакети за се во своите последни верзии, испеглан интерфејс и уште мал милион други изненадувања спакувани во скромни 700MB.
Минимални хардверски побарувања
Во однос на хардверските побарувања Ubuntu е скромен за разлика од останатите конкурентни оперативни системи, за стандарден графички интерфејс без 3D ефекти ќе ви бидат потребни:
700 MHz x86 процесор
384 MB системска меморија (RAM)
8 GB простор на дискот
графичка картичка која може да прикаже резолуција од 1024x768
звучна картичка
интернет конекција
препорачана конфигурација за вклучени 3D ефекти:
1.2 GHz x86 processor
384 MB of system memory (RAM)
графичка картичка од поновите серии
Начини да стигнете до копија од Ubuntu
1. Бесплатно да ја симнете копијата според вашата архитекутра на процесор од официјалните сервери.
2. Да побарате некој што веќе ја симнал да ви направи копија (легално е!)
3. Или да си обезбедите оргинално CD испорачано бесплатно до вас.
Инсталација
Откако се обезбедивте со свежо испржена или испорачана копија од последното чедо на Canonical сè што треба да направите е да го подесите компјутерот како примарен уред за подигнување да го користи оптичкиот уред. На почетокот ќе Ве пречека пријателски расположен водич на кој што треба да го одберете јазикот кој што сакате да го користите за време на инсталацијата. По желба може да го користите и македонскиот јазик, меѓутоа во случајот ќе користиме англиски. Изберете јазик и притиснете Enter.
Ubuntu нуди дополнителни опции за да продолжите понатаму:
да го пробате Ubuntu без да направите никакви промени на вашиот хард диск (добра опција доколку сакате да тестирате дали вашиот систем е компатибилен со оваа верзија на Ubuntu, дополнително откако ќе го пробате имате мала икона Install на вашата работна површина каде може веднаш да ја покренете инсталацијата без потреба да ресетирате);
веднаш да го започнете процесот на инсталација;
да го проверите испржениот диск за евентуални грешки;
да направите основни тестови на вашата работна меморија;
или едноставно да го прекинете процесот и системот да се подигне од вашиот хард диск.
Изберете ја опцијата за брзо инсталирање на Ubuntu, и притиснете Enter.
Откако ќе ја изберете оваа опција, системот за инсталација ќе ви постави неколку неопходни прашања (вкупно 6) за вашиот нов оперативен систем. Најпрвен одберете го јазикот кој што сакате да го користите после инсталацијата, повторно може да изберете македонски и цел кориснички интерфејс да биде на македонски (истото тоа може да го промените во било кое време подоцна). Изберете English и притиснете на копчето Forward.
Наредно што треба да одберете е временската зона во која што се наоѓате, во случајот тоа би требало да излгеда вака:
Веќе сме на половина пат, прашањето 3 се однесува на тоа каква тастатура користите и дали сакате додатни шаблони на тастатури да бидат инсталирани. Бидејќи сакаме да имаме комплетна кирилична поддршка тукa го избираме соодветниот шаблон за македонска тастатура.
Следен и доста важен чекор во процесот на инсталација е партиционирањето на дискот, овај чекор е можеби и најзбунувачки за новите корисници и затоа треба добро да внимавате за да не дојде до несакано губење на податоци. За Ubuntu нормално да функционира со цел придружен софтвер ќе ви бидат доволни некаде околу 2 до 3 GB простор
на дискот (сум слушнал за оперативни системи на кои што за основна инсталација им е потребен простор од 16GB). Добра практика е секогаш да имате одвоени партиции за системот и за корисницте, во случајот бидејќи системот го користиме само за демонстрација сите податоци ќе ги чуваме на една партиција. Како новина во Ubuntu 9.10 се воведува ext4 датотичниот систем кој што се одликува со високи перформанси и голема сигурност и истиот е препорачан да се користи. Исто така ќе ни треба една swap партиција од околу 1 до 2 GB. Пример за тоа како може да изгледа партицинирањето на дискот следува на сликата:
Наредно е креирањето на корисник, поставување на лозинка, дефинирање на име на компјутерот и начин на најавување на корисникот. Новина во овој дел е последната опција која всушнот дава можност за комплетна заштита на податоците во домашниот директориум на корисникот.
Наредниот чекор претставува сумирање на одговорите и нивно потврдување од страна на корисникот. Со активирање на Install процесот на партиционирање на дискот и инсталацијата започнува.
Додека трае процесот на инсталација, за прв пат е воведен слајд шоу со новостите поврзани околу оваа верзија на Убунту. Процесот на инсталација на просечна компјутерска конфигурација за денешно време не би трабало да тре повеќе од десетина минути.
Откако ќе заврши инсталацијата се појавува прозорец на кој што треба да притиснете на Restart Now, системот ќе го исфрли дискот од оптичкиот уред и само уште еден Enter и веќе ја имате последната верзија на Ubuntu инсталирана на вашиот систем.
Прво подигање на системот
Веднаш на почеток започнуваат пријатни изненадувања, Karmic Koala користи
GRUB2 како пуштач на системи кој што е наследник на стандардниот GRUB сега комплетно обновен и визуелно испеглан. Кога сме веќе кај новостите поврзани околу изгледот Koala-та е можеби верзијата на која што најмногу се работело на подобрување на графичкиот интерфејс. Додека се подига системот
Новостите не престануваат тука, откако ќе се вчита јадрото на системот ќе ве пречека комплетно нов и подобрен GDM систем за најавување на корисници
Изберете го вашиот профил на корисник, внесете ја лозинката и најавете се на системот. Добредојдвте, ова е вашата нова работна околина.
Пред да разгледаме што сè ни носи оваа верзија на Ubuntu препорачано е најнапред да направите надградба на системот до последните стабилни верзии на пакетите. Од менито System->Administration изберте Software Sources.
Тука се дефинираат складиштата од каде што ќе ги превземате пакетите, најдобро решение е како складиште да се одбере сервер кој што е географски најблиску до вас затоа во ново прикажаниот прозорец од јазичето Ubuntu Software во делот Download from: изберете Other
Прозорецот што се појавува со одбирање на оваа опција нуди можност Ubuntu сам да одлучи кој сервер е најдобро да го користи, тоа се прави со едностсавно испраќање на барање до сите сервери, победник е оној сервер што ќе има најкусо време на одзив. Одберете ја опцијата
Select Best Server и почекајте да го добиете предлогот, истиот изберете го и почекајте вашиот систем да се синхронизира со избраното сервер огледало.
Кога процесот на синхронизација ќе заврши од System->Administration изберте Update Manager за да ја извршите надградбата на системот. Системот ќе ви ги понуди сите пакети кои што може (треба) да бидат надградени по желба може да исклучите некои од нив, меѓутоа доколку не знаете точно што правите подобро е да дозволите сите пакети да се надградат. Од прозорецот на Update Manager одберете Install Updates.
Препорачано е да направите рестарт на системот веднаш после надградбата (најчесто и самиот Update Manager ја нуди таа опција).
Драјвери и поддршка за уреди
Во најголем број од случаите целиот хардвер е препознаен од Ubuntu и соодветно конфигуриран но никогаш не е исклучена можноста нешто да не работи како што треба. За некои типови на безжични и графички картички системот сам ќе ви понуди опција да инсталирате соодветни неслобдни драјвери. Од менито System->Administration изберете Hardware Drivers за да ја погледнете листата на понудени драјвери кои може да ги инсталирате за специфичниот уред.
Тука некаде завршува делот на администрација на системот и во овој момент имате комплетно функционален оперативен систем кој што не зафаќа повеќе од 2GB простор на вашиот хард диск, а со него може да правите многу повеќе од стандардна работа.
Први впечатоци и новини
Како што веќе напоменав оваа верзија доаѓа со многу новини, покрај горе споменатите ред е да се напомени и новата верзија на Linux кернелот 2.6.31. Од страна на кориснички интерфејс новото Ubuntu доаѓа и со нови однапред инсталирани теми, позадини, 3D ефекти и работни површини со цел на корисникот да му се приреди поинакво графичко работно искуство.
Верзијата на Gnome работната околина е 2.28
Основен прелистувач на веб страници е Mozilla Firefox во верзија 3.5
Новина исто така е промената на клиентот за размена на инстант пораки, досега како стандарден клиент доаѓаше Pidgin но од оваа верзија тој примат го има Emapthy (базиран на Telepathy) кој што поддржува паралелни сметки на повеќе пртоколи, аудио и видео разговори.
Како стандарден клиент за размена на електронски пораки и организер на настани и контакти останува Evolution, доста популарниот клиент за торенти Transmission (наречен µTorrent за Ubuntu) доаѓа во најновата 1.75 верзија
Ubuntu One за прв пат е имплементиран кај Karmic Koala и секој корисник добива 2GB бесплатен “облак” (cloud storage) кој може да го синхронизира со своите документи и истите да ги користи од било кој друг компјутер. Овој простор може да го зголемите според вашите потреби за скромни 10$ месечно.
Стандардно е достапен и пакетот за канцелариско работење OpenOffice.org во верзија 3.1 значително подобрена и побрза со помалку потребни мемориски ресурси за работа.
Музика, видео, прегледување на слики со помош на Rhytmbox, Totem и F-Spot, а за пржење на дискови ќе се погрижи Brasero.
Иако Karmic Koala доаѓа со доволно софтвер за просечна работа на компјутер корисниците секогаш бараат нешто повеќе и нешто ново. Новата алатка со која што може лесно да инсталирате или бришете апликации има ново име, нов изглед и нови функционалности и е наречена е Ubuntu Software Center (Applications->Ubuntu Software Center). Преку истата може да инсталирате над илјада различни апликации по ваша желба. Сите достапни апликации се фино подредени по категории каде што припаѓаат, за секој избор ќе добиете и детални информации и мала сликичка од апликацијата. Алактата сама ќе се погрижи и ќе ги повлече сите зависности (доколку постојат) за апликацијата што сакате да ја инсталирате.
Во суштина тоа би било накратко што сè ве очекува доколку инсталирате Karmic Koala. Останува на вас дали ќе го испробате и дали ќе го користите понатаму, нема што да изгубите баш напротив може многу да добиете.
Ако сеуште не успеав да ве убедам да пробате Ubuntu погледнете ги видеата и уште еднаш добро размислете ;)
Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.