IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог arrow Од различен аспект arrow Мојата заборавена Кирилица
 
 
Поглед од различен аспект
Е-бизнис, Web 2.0, Софтвер, Интернет, ИТ новости
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Сашо Андријески
 
Мојата заборавена Кирилица Испечати Е-пошта
Автор: Сашо Андријески   
Објавено на: 30.09.2008
Пред неколку дена, на една моја пријателка и притреба убав кириличен фонт, кој ќе може да го употреби за македонски текст во нејзиниот веќе изработен дизајн. Презаситен од силна кампања, вклучувајќи чести реклами по медиумите дури и песни на наши музички уметници, прво нешто кое ми дојде на ум беше mojatakirilica.com.mk

Мојата Кирилица Веднаш отворив ново "јазиче" (некои зборови едноставно не треба да се обидуваме да ги преведеме), и го испишав горенаведеното URL и со нетрпение зјапав насекаде по страницата, барајќи ги победничките фонтови од распишаниот конкурс за најубав нов Македонски Кириличен фонт. Следеше мало изненадување, неможев да најдам ниту еден Македонски фонт освен некој така наречен MaksansKIR (изработен од некое студио Тотем?). Скоро и да бев убеден дека проблемот е во моето неспиење, но за жал проблемот не бил во тоа. Добро го прочешлав сајтот и сфатив дека згора на тоа што на сајтот неможе да се најдат македонски фонтови, неможат да се најдат ни линкови до македонски фонтови (па макар и тие да се купуваат), туку нема ни резултати од конкурсот кој беше организиран и околу кој се крена голема прашина.

На страничката која е дел од сајтот, посветена на конкурсот сеуште стои дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 10-ти Јуни 2008 година на токму истото место, а доделувањето на наградите ќе биде (или да се изразам, веќе било?) на завршната манифестација на кампањата (исто, 10-ти Јуни).

Страницата е сеуште иста каква што беше на денот на објавување на конкурсот. На тоа место не стојат победниците, неможат да се видат фонтовите. Незнам ни дали воопшто има фонтови и победници, не ја следев "манифестацијата" каде и да се одвивала, го запамтив само сајтот. Цитат: "Наградените фонтови ќе бидат поставени на веб страната на кампањата од каде ќe бидат достапни за слободно користење."

Damn, сеуште сум убеден дека проблемот е до мене и ЈАС неможам да ги лоцирам фонтовите и првонаградените. Доколку е така, мојот пост е тотално промашување и се извинувам однапред до сите кои се чувствуваат навредени.

Ја разгледав и мапата на сајтот, иако од лично искуство со пријатели и набљудување на сурфери, сум еден од ретките (освен Search Engine spiders) кои всушност разгледуваат мапа на сајтот. Откако се помирив со фактот дека нема линкови во мапата, претпазливо ги прочитав сите редови, надевајќи се некој од нив да содржи некаков предзнак дека на сајтот има кирилични фонтови, меѓутоа такво нешто не најдов.
Разочаран од моето откритие, решив да тргнам во потрага по кирилични фонтови на стариот добар начин, гуглање.

Прво нешто на кое наидов, откако внесов "makedonski fontovi" како клучен збор, беше прилично (на мое изненадување) стар сајт изработен од Унет во веќе далечната 1996-та на кој може да се превземе MAC C Swiss. Ова секако не е доволно бидејќи фонтот веќе го имам, a и не е нешто посебно, па најдов мала колекција на сајтот од Македонската амбасада во Австралија. И да, на мое изненадување, еден од првите резултати беше линк до тема на нашиот форум во која некој член побарал македонски фонтови (Благодарам CyberSpic за малата колекција на фонтови).

Да не го одолговлечувам записов, ќе преминам на главното.

Која е суштината на кампањата за кирилицата? Нели треба да ја рашириме колку што е можно повеќе? Како може толку многу да се вложи во нешто, а да заврши на ваков начин?
Светот и технологијата напредуваат, ако сакаме да си го зачуваме нашето писмо, треба да бидеме во тек со времето а тоа значи голем фонд на фонтови достапни насекаде! Затоа и ми се допадна кампањата и целата идеја, конкурсот го објавив и на нашиот форум, меѓутоа тоа што требаше да се постигне, не се постигна.
Сеуште не е доцна. Можеби треба да обрнеме повеќе внимание на суштинскиот проблем, а тоа е нашата ажурност.


Клучни зборови:  Сашо Андријески   Sasho Andrijeski   Мојата Кирилица   Mojata Kirilica   fontovi   фонтови   Кирилица   Македонско писмо   Азбука   Конкурс   Кампања

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Последни написи на Сашо

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(112 глас/а)

  • 77.7%
  • 5.4%
  • 5.4%
  • 11.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност