|
Повеќето од вас, а најверојатно сите, слушнале за е-мејл сервисот на Google. Најверојатно сте слушнале и дека се смета за еден од најдобрите web базирани e-mail сервиси во светот, но јас без колебање ќе кажам дека кога се работи за бесплатни е-mail сервиси е најдобар.
Во овој запис планирам да го одбранам моето тврдење со тоа што ќе ви ги презентирам сервисите и предностите на Gmail.
Пред да продолжам, морам да нагласам (за оние што планираат да се откажат од читање, поради фактот што користат други е-мејл сервиси или локални клиенти за POP3) дека немора да го употребувате својот google е-mail за да ги користите предностите и погодностите на Gmail. Доколку имате е-мејл кој има POP3 (а повеќето имаат), можете да го поврзете со вашата Gmail сметка, со што сепак ќе можете да ги користите истите работи како и секој нормален Gmail корисник, дури и можете да ги користите паралелно Gmail и вашиот досегашен клиент.
Следи кратко објаснување со слики, како вашиот POP3 e-mail да го поврзете со Gmail сметката..
(Оние на кои веќе им е јасна оваа постапка, можат да го прескокнат овој дел)
Значи, Settings->Account->Add another mail account


Клик на сликите за поголема и појасна верзија (важи и за сите слики подолу)
Ќе ви се отвори pop up прозорче во кое ќе треба во 2-3 чекори да ги пополните информациите за вашиот постоечки е-мејл.


Пожелно е да ги штиклирате опциите кои јас ги имам обележано за мене (едната е за зачувување на пораките на серверот каде што е pop3 сметката, другата е за автоматско лепење налепница* на сите пораки кои ви стигаат на тој e-mail. *Ќе објаснам подоцна за налепниците)
Откако се' точно ќе пополните, Gmail ќе ве праша дали сакате да испраќате пораки од истиот е-мејл кој го додавате (најверојатно сакате) па на ваше барање, ќе ви прати порака со верификација за да утврди дека сте вистинските сопственици на сметката.
Напомена: Корисничкото име на POP3 сметката често пати се разликува од првиот дел од e-mail адресата (се однесува на оној дел кој е пред "@" во вашата адреса), во мојот случај тоа е sasho+it.com.mk
Откако се' ќе помине (се надевам) во најдобар ред, ќе можете да го користите сервисот на Gmail за вашиот постоечки e-mail.
Една од револуционерните работи што го издвои Gmail од останатите e воведувањето на Labels или на Македонски - Налепници.
Налепниците всушност настанаа како замена за е-мејл фолдерите кои не беа баш практични. На пример, имате два различни фолдери кои ви се всушност две категории, а имате и пораки кои спаѓаат и во двете категории, тука настанува проблем. Или ќе изгубите време на барање на вистинскиот фолдер или ќе се двоумите во која категорија/фолдер да ја сместите пораката. И така, од првичната замисла да си ги направите работите поедноставни, можно е да искомплицирате. Со налепниците на Gmail овој проблем е решен. На иста порака може да залепите повеќе налепници и со едноставен клик на името на налепницата од левата страна на Gmail, многу брзо пристапувате до сите пораки одбележани со истата.
Во прилог ви оставам мои screen shots

Најново нешто околу налепниците е што пред некој ден, можат истите да се обојуваат, значи организираноста е значително зголемена.
Друга згодна работа кај Gmail е тоа што ги групира пораките на посебен начин. Доколку доаѓаат од ист испраќач, со ист subject (предмет), или се работи за е-мејл дискусија во која учевствуваат двајца или повеќемина, ги склопува/групира пораките со што заштедува визуелен простор и допринесува за подобра организираност. Можете листата на пораки во групата да ја експандирате или крахирате, или пак да отворите една или повеќе од нив, во зависност од тоа што ве интересира. Сето тоа сликовито:

Друго што тука е ред да се спомне се филтрите. Ова веќе не е ништо ново бидејќи клиентите како Thunderbird и Outlook веќе подолго време располагаат со вакво нешто, сепак е една од добрите страни на Gmail која и тоа како придонесува за олеснување на многу работи.
Во мојот пример, филтер користам за издвојување на пораките од една група во која сум член. Доколку забележавте од сликите со налепниците погоре, има налепница со име Jap@MK и истата е поставена автоматски со преку користење на филтер.
За креирање на филтер, Settings -> Filters -> Create new filter
Ќе ви се отворат повеќе опции преку кои може да ги филтрирате пораките, во мојот случај со Japan.mk групата, во предметот на сите пораки има [JP], па поради тоа мојот филтер го креирав така што додадов [JP] во полето "Has the words". Во следниот чекор во креирање на филтерот, има неколку опции кои се од корист, штиклираното "Mark as read" прави сите пораки кои стигаат а содржат [JP] автоматски да бидат одбележани како прочитани, а "Apply the label Jap@MK" автоматски им додава налепница Jap@MK на истите.

Долу имате и преглед кои пораки спаѓаат во филтерот, со тоа може да проверите дали успешно ви е поставен филтерот и немате нешто утнато. Во мојот случај, не е паметно да го користам филтерот на тој начин, затоа што може да маркира некои пораки кои не се од групата а содржат [JP]. Можеби попаметно ќе беше да го внесам тоа во Subject полето, или во бидејќи се работи за mail list, во "Has the words" полето да внесам list:"<japonija.googlegroups.com>" , со што би бил сигурен дека филтерот ќе ги исфилтрира само тие пораки. Затоа, внимателно со филтрите и разгледајте добро за можно решение ако сакате да ги искористите правилно и да не дојде до нешто несакано во иднина :)
Chat или GTalk е исто така згодна работа кај GMail, преку него можете во реално време да се допишувате со вашите контакти, не е задолжително да се online, пораката ќе ја добијат откако ќе се логираат на chat-от или е-мејлот и обратно. Имате опција и да ја снимате целата историја на разговорите, истите се подложни на филтерите кои ги спомнав погоре.
Gmail нуди и разни други не толку ситни работи (како што на прв поглед делуваат) кои му овозможуваат на корисникот заштеда на време и нерви. Една од нив е Web clips опцијата која може да ви прикажува RSS канали по ваш избор, одма над пораките во Inbox. Во мојот пример поставен е RSS каналот на IT.com.mk
(Види слика)


Исто така, тука ќе ги спомнам и олеснителните околности за отворање на одредени фајлови, како на пример .xls и .pdf. Кога би користеле друг е-мејл клиент, за истите би ви бил потребен соодветен софтвер, кај Gmail тоа е решено благодарение на згодните сервиси на Google кои на некој начин се вградени заедно со корисничката сметка од e-мејлот.
Не планирам да набројувам се, ама за крај ќе ги спомнам и најновите сервиси на Gmail кои пред два-три дена ни беа презентирани од страна на Google. Тоа се Gmail Labs, збирка на мали згодни апликации.
За да не го правам мојот прв пост толку обемен и комплициран, најдобро погледнете во Settings -> Labs и разгледајте добро. Има апликации, односно додатоци кои под default се исклучени, но доколку вас ви се потребни можете да ги уклучите и користите. Мене ми оставија впечаток "Quick Links", "Fixed width font" и "Hide Unread Counts". Сервисот е нов и сигурен сум дека следуваат многу згодни додатоци во овој дел. На нас останува да чекаме или да се приклучиме на Gmail тимот, кој изработува Gmail Labs :)
Доколку имате прашања во врска со ова или едноставно сакате да дискутирате во врска со горе напишаното, добредојдени сте на нашиот и ваш ИТ Форум.
Клучни зборови: Сашо Андријески Sasho Andrijeski Web 2.0 Gmail Email Mail Webmail Google Електронска Пошта Е-Пошта
|