Ако ви е потребен фонт, Dafont e сајт за вас. Aрхивата содржи илјадници фонтови кои можат да бидат со лиценци за слободно користење или демо верзија. Фонтовите може да ги пребарувате по категории, по азбучен ред или да ги гледате последните фонтови кои се додадени на архивата. Клучни зборови: fontsфонтовиDafont
Busuu.com е друштвена мрежа за секој кој сака да научи еден од четирите јазици - Германски, Англиски, Француски и Шпански. Курсевите, часовите и предавањата се бесплатни и се генерирани од корисниците, така што и вие можете да станете професер и да помогнете на некој да научи јазик. Клучни зборови: Bussuстрански јазицидруштвена мрежаSilbo Gomero
Предноста на лаптоп компјутерите е мобилноста, односно можноста да ги користите каде и да сте, без да имате потреба од електрична енергија... па затоа од голема важност е батеријата на лаптопот да е издржлива и стабилна, и да има животен тек кој ќе е соодветен за вашите потреби. Во првите денови, лаптоп батериите стандардно држат солидно време (од 3 часа па нагоре), но поискусните корисници на овој вид компјутери сигурно забележале дека со текот на времето животниот тек на нивната батерија се повеќе се намалува, за да на крај дојде до фазата каде што неможете да поминете ни 15 минути без да го барате најблискиот електричен приклучок. Клучни зборови: LaptopЛаптопБатеријаКористење на лаптопПодобра батеријаМобилностКомпјутерЛаптоп компјутериПреносен компјутер
Доколку редовно го трошите своето слободно (или работно) време на YouTube, сигурно сте се запознаени со фрустрацијата при обидот да преземете и снимите некое видео кое ви се допаднало. Бидејќи сите објавени видеа на YouTube се конвертираат во Flash (.FLV) форматот на Adobe, неможе да се преземаат на едноставен начин. Но, не постои проблем за кој неможе да биде најдено решение, барем во ИТ светот. :) Клучни зборови: YouTubeЈутубВидеоПреземањеСнимање видеоКонверторFlashFLV плеерFLV PlayerСовет
Meebo e Ajax-базиран инстант месенџер кој се наоѓа во прелистувачот преку едноставно пристапување на сајтот Meebo.com. Програмот ви овозможува да се логирате со веќе постоечките кориснички имиња во неколку различни ИМ сервиси како Yahoo! Messenger, MSN, AIM, ICQ, MySpaceIM, Gtalk, Facebook Chat и Jabber. Не се потребни никакви инсталации или регистрации, само пристап на интернет и до сајтот. Клучни зборови: MeeboМеебоИнстант месенџерИМ клиентIMInstant messengerПрограмВеб сервисВеб 2.0КомуникацијаYahoo! MessengerMSNFacebook ChatИнтернет
Потребнa е веб 2.0 алатка за да се објасни друга веб 2.0 алатка. Twitter е сервис за микро-блогирање кој дозволува само споделување на 140 карактери ограничен текст. Поради тоа многу луѓе не гледаат причина зошто да го користат бидејќи постојат блогови, Facebook, е-маил, СМС пораки кои не се ограничени само на тие 140 карактери. Многумина и отвараат свои Twitter профили за по кратко време да ги заборават или избришат незнаејќи зошто и како да го користат овој сервис за кој се повеќе и повеќе се зборува. Клучни зборови: TwitterТвитерTviterТуторијалСоветYouTubeЈуТубВидеоМикро-блогирањеСервисВеб 2.0БлогирањеПостирањеПостТвит
Bridge2Science овозможува да пратите прашање на експерт од областа која ви е потребнa. Bridge2Science ќе го претпратат на научниците и професорите од познатите американски универзитети како престижниот Харвард универзитет, кои не само што ќе ви одговорат туку ќе ви дадат и согласност тоа да го објавите. Клучни зборови: експертBridge 2 Scienceновинариблогерисоветикредибилитет
Кога станува збор за создавање на документи и пишување на текстови, скоро сите сме научени да користиме софтвер како Microsoft Word, Open Office, Notepad, TextEdit и сл. Со развивање на вебот како платформа за интерактивни и корисни сервиси, се развија и неколку интересни текст едитори кои ни овозможуваат да пристапиме кон напишаните содржини од било кој компјутер кој има пристап на интернет. Клучни зборови: WordOfficeOpenOfficeВеб сервисиВеб 2.0ДокументиПрезентацииТекстПишувањеСервисиВеб-базирани едитори
Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.