Google стартуваше експирементален сервис Google Reader Play, веб базиран сервис кој наместо текстуални RSS фидови нуди креативна визуелизација на тие фидови. Постете го google.com/reader/play, од страна одберете си категорија: вести, спорт, забава... и еден по еден ги разгледувате разновидните информации.
„Reader Play се прилагодува на вашиот вкус - како што прелистувате, тој ќе ни каже кои работи ви се допаднала со кликање на „like“ копчето и ние ќе ги искористиме тие информации да ви понудиме работи што ве интересираат.“ вели Google во блог пост.
Sketchpad е веб базирана апликација за цртање базирана на canvas, HTML5 елементот. (слично како и Harmony). Апликацијата има интересен интерфејс кој може да си го уредите како сакате, a за цртање има доста основни опции и голем избор на нијанси и текстури.
Sketchpad е само демо за идниот MugTug, но е добар пример за како би изгледале идните веб апликации сместени во „облакот“, одосно апликации кои ќе можете комплетно да ги користите без инсталирање на софтвер.
Jas.mk е лесен за користење корисен сајт за креирање на резиме (CV) за многу кратко време кое потоа можете да го симнете во .pdf или .word формат или да го споделите на друштвените мрежи. Moжеби не е LinkedIn, но е .mk сервис!
Регистрирајте се, пополнете ги полињата и voila имате спремно CV. Доколку не сакате резимето да биде јавно имате опција да го заштитите со код. Кодот потоа споделете го со вашиот иден работодавач и тој ќе го разгледа CV-то.
Harmony e веб базирана алатка за цртање која настанала како експеримент на Рикардо Кабело.
Алатката е направена во HTML5 не во Flesh и е навистина креативна алатка за цртање.Доколку имате трпение и вештина ќе можете да направите навистина интересни цртежи, пример како овој цртеж. Клучни зборови: Harmonyпроцедурално цртањесоветHTML5цртежРикардо Кабело
Нервозни сте, лути на некој, нешто ве мaчи? Тогаш Испразни се! Овој сајт е интересна идеја. Не само што можете слободно да се испукате на интернет, без некој да ви се налути или да има последици, туку преставува и интересен сајт за забава. Има навистина интересни коментари од секојдневието.
Едноставно кликнете на „Тука“, одберете си псевдоним, категорија и напишете што ве мачи во 350 букви. Потоа оставете на посетителите да се сочуствуваат со вашата мака и да ја рангираат вашата порака.
CopyPasteCharacter е едноставен сајт кој ви нуди избор на знаци - ☃ ✌ ☝ ☂ .... Користејќи ги знаците можеби ќе направите посоодветна комуникација со некој на друштвените мрежи, Facebook или Twitter. Доволно е само да кликнете на знакот кој сакате да го пастирате и тој веќе е ископиран на вашиот клипборд. Потоа само пастирајте го каде сакате. Сајтот нуди и HTML код до знакот дололку сакате да го вметнете во дел од вашата страница, можеби блог... А можете и да ископирате и повеќе знаци држејќи го копчето „alt“ додека кликате на знаците. (via @Twibi) Клучни зборови: copypastecharacterкопипастирајкарактеризнациклипбордзакачивметнисовет
Колку и да е интересен Twitter барајќи креативност да пишувате во 140 знаци сепак понекогаш е потребно да напишете нешто подолго. TwitLonger е сервис кој ќе ви овозможи да напишете повеќе и да го објавите тоа на Twitter. Но не ја објавувате целата порака туку само праќате линк до текстот. Клучни зборови: TwitLongTwitterподолги твитови140 знацисовет
Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување.
Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека - прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.
Directorium.mk е веб сервис кој користејќи ги Google Maps ги лоцира разновидните бизниси ширум Македонија. Корисно во овој сервис е што користејќи ги мапите им помага на корисниците и ги насочува кон бизнисите. Наместо да талкаат низ градовите барајќи одредена адреса, потрошувачот користејќи го овој сервис ги пребарува бизнисите ширум земјата и го наоѓа во точната локација. Клучни зборови: Directorium.mkGoogle Mapsмапалокацијасоветбизниспотрошувачи
Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.