Bridge2Science овозможува да пратите прашање на експерт од областа која ви е потребнa. Bridge2Science ќе го претпратат на научниците и професорите од познатите американски универзитети како престижниот Харвард универзитет, кои не само што ќе ви одговорат туку ќе ви дадат и согласност тоа да го објавите.
„За да се стане експерт во нешто треба само да се потрудите да се појавувате на телевизија и по медиумите, да објавите книга... и вие ќе станете познато експерстко име, нели?“ пишува на блогот на Bridge2Science во пост со наслов „Што е експерт?“.
„Терминот експерт е расфрлан премногу лесно денес.
Но што со тие кои поминуваат години и години градејќи вештини и специјализираќи се во знаење? Тие со докторати и дипломи по посебни полиња-нели тие имаат повеќе познавање него овие нови, само-промовирани експерти?“.
Токму вторите се целната група на овој сервис. Bridge2Scince планира да изгради мрежа на експери кои со лесна процедура ќе бидат достапни за информации.
Се што треба да ја добиете информацијата е: да го пополните формуларот тука, тие го проверуваат дали е ок прашањето, да не се глупости или спамови, за еден ден добивате одобрување на прашањето и го претпраќаат на експертите кои одговораат и даваат согласност тоа да биде објавено.

Bridge2Science е се уште во бета но има огромен потенција. Доколку луѓето зад сервисот успеат да направат солидна мрежа на експерти од разни полиња, од разни универзитети и од разни земји, тогаш сите информации ќе ги имате на дланка по само еден потполнет формулар.
Во секој случај одличен сервис, посебно за блогерите и новинарите да стигнат на лесен начин до кредибилитетен одговор на многу теми.
Клучни зборови: експерт Bridge 2 Science новинари блогери совети кредибилитет
|