Знаете дека на Fаcebook има опција да 'Like' постови кои ви се допаѓаат. Но нема опција да 'Dislike' постови кои не ми се допаѓаат и кои се глупави? Епа имам добри вести ... се пoјави интересен Firefox додаток кој овозможува да 'Dislike' постови. Клучни зборови: LikeDislikeFacebookFirefoxдодатокFacebook Dislike
Splashup е бесплатен веб сервис за обработување на фотографии, се работи со него преку прелистувач и е лесен за користење, можеби не е Photoshop но има доволно опции за брза изработка на фотографијата. Има и Lite верзија за симнување која има само основни опции.
Клучни зборови: Splashupвеб сервисPhotoshopобработка на фотографиисовет
(ова е гостински текст на Мартин Давитковски, член на форумот на IT.com.mk)
eRepublik е игра која се игра преку прелистувачот и во неа играчот се става во улога на граѓанин на една држава. Почнувате така што си барате работа, се вработувате и треба да работите секој ден. Со секое работење се зголемува вештината по што откако ќе достигне одредено ниво може да се пријавите за повисоко работно место, што значи и повисока плата. Освен што може да работите, секој ден можете да тренирате со војската и со тоа да си зголемувате силата, што многу е важно во случај на војна.
TubeChop е веб сервис за кратење на YouTube видеа. Ако некое видео е предолго и ве интересира само дел од него, тогаш со TubeChop го скратувате видеото и го вметнувате на својата веб страна, блог, можете да го пратите по мејл или да го линкате на Twitter, Facebook, Digg... Клучни зборови: TubeChopвидеокративеб сервисYouTube
Tinychat е веб сервис за видео чет кој е доста едноставен за користење. Впрочем, се што е добро е и едноставно.
Секако за видео чет најважно е да имате камера.
Тоа е прво. За да започнете видео чет, треба да си одберете соба за разговор, да си одберете прекар и да се логирате преку Facebook Connect. Facebook Connect е сервис кој овозможува да се логирате на други сервиси со вашето Facebook корисничко име. Пример се коментарите на IT.com.mk кои можете да ги најдете на крај на текстовите. Клучни зборови: TinyChatЛајв четКомуникацијаИнстант месенџерИМРазговорВеб сервисВеб 2.0Корисничко име
Chir.ps е интересен и едноставен сервис. Потребни се микрофон и Twitter и толку. Снимете си свое аудио и твитнете го. Можеби ќе прашате зошто би твитал свое аудио, немам добар глас за пеење, немам што да кажам итн... Но гледајте на ова вака: Ако Twitter е ограничен на 140 карактери, аудио снимката не е. Клучни зборови: Chir.psаудио фајлaudiorecordingснимкаTwitterтвит
Сигурно во многу наврати ви се има случено да се двоумите дали сајтот кој во моментот не ви се отвара е (не)достапен или пак вашата интернет конекција не е во ред... доколку знаете за сајтот DownOrNot.com многу лесно можете да го избегнете тоа. DownOrNot е едноставен веб сервис кој во рок од 4 секунди ќе ви каже дали сајтот кој се обидувате да го отворите е достапен или има некакви проблеми со него, проверувајќи го истовремено преку три различни сервери. Клучни зборови: DownOrNotИнтернетПроблемиПаѓање на интернетСајтДостапностВебсајтВебИнтернет конекцијаКонекцијаОфлајнОнлајн
Еве една честа случка: форматирате компјутер, инсталирате Windows (за кој како) и почнувате со инсталација на голем број пропратни програми. Едно по едно по едно....досадно, напорно и мачно, нели? Клучни зборови: Voleryинсталацијаbetaрегистрацијаmozillamk
Mи требаше пред некое време некое решение како да ги префлам Skype и MSN на USB за да не треба да ги инсталирам насекаде каде ќе имам потреба од нив. Читав по интернетов барав и најдов нешто што ми помогна, па еве да го споделам со вас.
Доколку имате прашања или додатни информации можете да ги споделите на форумот на IT.com.mk
До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.