Почетна arrow Совети arrow Пет совети за заштита на безжични мрежи
Пет совети за заштита на безжични мрежи Испечати Е-пошта
Автор: Ѓоко Крстиќ   
Објавено на: 22.03.2008
Како до заштита на безжични мрежи?Со се поголемата застапеност на оваа технологија, бројот на задоволни луѓе од Wi-Fi драстично се зголемува. Се поголем е бројот на корисници на мобилни и безжични телефони, како и голем број на лаптоп компјутери со вградени безжични адаптери кои овозможуваат приклучок на интернет каде што има достапна мрежа.

Wi-fi мрежите кои се доста корисни, претставуваат лесна мета за хакерите дури и кога сигурносните опции се активирани. Сепак, со превземање и менување на неколку работи значајно ќе ги намалите шансите Вашиот систем да биде успешно нападнат од страна на хакерите.

1. Бидете информирани како функционира Вашата мрежа
На кратко, за разлика од жичните мрежи, безжичната мрежа користи радио сигнали за да пренесува податоци. Сигналите се пренесувани на разни далечини, зависно од компонентите вклучени во мрежната инфраструктура. Овие сигнали би можеле да бидат превземени од секого кој ги користи вистинските алатки.

2. Сменете го Вашиот SSID и фабрички зададената лозинка

Идентификацискиот број - SSID, е дигиталното име на Вашата мрежа. За да ја заштитите Вашата безжична мрежа, првин треба да го смените SSID името во нешто што не би ве открило дека Вие сте сопственикот на мрежата. Доколку ја имате можноста преку хардверот кој го користите исклучете ја опцијата за пренесување на SSID. Фабрички зададената лозинка претставува огромен проблем за сигурноста на корисниците затоа што е позната на поголемиот број хакери кои листите со фабрички зададени лозинки можат лесно да ги пронајдат на интернет. Сменете ја лозинката преку софтверот во Вашиот безжичен хардвер.

3. Конфигурирајте го MAC филтерот

Менувањето на SSID Опциите без додавање на MAC филтер е исто како менување на бравите во Вашата куќа и оставање на клучот во бравата. MAC (Media Access Control) е филтер кој овозможува контрола на пристапот кон безжичната мрежа. За да овозможите пристап на компјутер до мрежата, потребно е да ја додадете нивната MAC адреса во опциите на софтверот достапен преку хардверот кој го користите. Адресата е составена од 12 броеви и служи да го ограничува пристапот до мрежата.

4. Енкрипција
Постојат неколку вида на енкрипциски протоколи, како на пример WEP (Wired Equivalent Privacy) и WPA (Wi-Fi Protected Access). Енкрипциските протоколи работат на тој начин што ги енкриптираат податоците пред да бидат испратени. Доколку имате пристап до енкрипциски протокол, неговото активирање и правилно конфигурирање е од витално значење за Вашата безжична мрежа.

5. Инвестирање во дополнителен софтвер
Дури со сите сигурносни конфигурации овозможени од основниот хардвер и софтвер, сеуште е голема шансата да Вашиот компјутер и безжична мрежа бидат искористени од некој хакер. Со додавање на дополнителен софтвер за заштита на безжични мрежи ќе имате можност подобро да го надгледувате и контролирате протокот на информации и сообраќај.

Клучни зборови:  Безжични мрежи   Заштита   Wifi   Wireless   SSID   MAC   Енкрипција

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Македонски ИТ форум
RSS канали на it.com.mk

Гејминг

Гејминг(Gaming) е фраза која го опишува играњето на електронски игри на компјутер или пак на некоја друга конзола. Во последните неколку години особено популарни станаа игрите кои се играат преку LAN или интернет, кои почнаа да добиваат статус на спорт.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни