Заради позитивниот фидбек на урнатините на Скопје 17, решив да го снимам
прогресот на последното дело „Крстот“ во еден краток туторијал за сликата. За секакви
прашања, критики и коментари пишете на соодветниот пост за Скопје 17 во
секцијата Графика. Ќе ми биде мило да ве сослушам... Па да почнеме.
Прво, многу е важен изборот на изворната слика. Зошто? Бидејќи добар
уметник секогаш ја гледа сликата од техничка страна. Што би ставил ваму, зошто
и како би ги композитирал елементите....

Сликата од крстот е технички гледано многу
поволна за обработка бидејќи небото е воглавно еднобојно така што неговата
замена ќе биде поедноставна, осветлувањето е добро и боите се супер. Сега
доаѓаме до вечното прашање: „Од каде да почнам?“ Да речеме... Од почеток. Од
подножјето на крстот.
Откако наоѓаме погодна текстура (www.cgtextures.com)
ја пастираме врз нашата основа.

На текстурата и намалуваме малку сатурација и
накачуваме контраст. Користејќи Warp
Tool ја обвиткуваме околу бетонските делови и со користење
на маска ги елиминираме непотребните делови. Layer-от со текстурата го назначуваме со Blending Mode на Overlay и тадааааа...
Имаме валкано подножје.

Ја пастираме текстурата на небото и со Select Color ги
селектираме сините тонови на небото. Тој
дел ќе биде новото небо. Го бришеме непотребното.

Со мека четка на нов Layer цртаме регион со
жолто-портокалова боја, му назначуваме Blending Mode – Soft Light и си играме со Opacity слајдерот се
додека не го добиеме пожелниот резултат.

Во овој дел можеме да го завршиме туториалот,
но целата композиција личеше многу празно и воопшто немаше нешто што ќе го
завлече гледачот да остане и да ја разгледа целата слика. Во овој дел решив да гуглам малце и најдов Fan Art на Vortigaunt од Half Life 2 исто познат
како вселенски роб од првата верзија на легендарната игра и го маскирав и
направив основен Color Correction и корекција на контрастот. Исто така го закасапив крстот малце за да
личи како да е постапокалипса.

МАГЛА! Најдобриот другар на секој уметник. Ги
прикрива грешките и личи ептен добро. Мека жолто портокалова четка на нов Soft Light Layer.

Заради драматичност на сликата (и заради
компатибилност со другите слики од сетот Скопје 17) зголемив контраст и намалив
осветлување но минимално. Контрастот е драстичен.

Финална шминка. Го потсредив небото со Clone Tool и со експлозија
го закрпив делот кај крстот.
Тоа е тоа. Благодарам на вниманието. Во иднина
ќе има повеќе вакви SBS-ови.
Александар Стојковски е член на ИТ форумот.
Клучни зборови: Photoshop Фотошоп Постапокалипса Ефекти Слика Милениумски крст Скопје Туторијал Слики Композиција
|