Meebo e Ajax-базиран инстант месенџер кој се наоѓа во прелистувачот преку едноставно пристапување на сајтот Meebo.com. Програмот ви овозможува да се логирате со веќе постоечките кориснички имиња во неколку различни ИМ сервиси како Yahoo! Messenger, MSN, AIM, ICQ, MySpaceIM, Gtalk, Facebook Chat и Jabber. Не се потребни никакви инсталации или регистрации, само пристап на интернет и до сајтот.
Создаден во септември, 2005 година, Meebo.com доби неколку признанија како 65-то место на листата "100 Најдобри Продукти во 2006" од страна на списанието PC World, и беше исто така истакнат во листата на Time, "Топ 50 Најкул сајтови за 2006".
Сервисов е одличен доколку се наоѓате на компјутер каде што го нема инсталирано ИМ клиентот кој ви е потребен, па наместо да се мачите со преземања и инсталации, ви овозможува на брз начин да комуницирате со пријателите. Доста е корисен и доколку се наоѓате зад заштитени мрежи кои не дозволуваат конектирање на ИМ клиенти, од причина што пристапувате на обичен домен и се конектирате на порт 443 (HTTPS), а подоцна Meebo си се поврзува директно со другите сервиси.

Го користам подолго време и слободно можам да кажам дека е брз, стабилен, и освен банер кој се појавува најдолу на сајтот (кој исто така има опција за исклучувањее) кога ќе се вклучите нема некои си други работи кои би го замарале корисникот. Интересно е тоа што луѓето кои работат на сајтот постојано вршат измени, подобрувања и интеграција на нови сервиси, како на пример Facebook Chat и размена на фајлови помеѓу корисници. А да, достапен е и на поголем број јазици, меѓу кои и македонскиот кој е делумно преведен (недостасува превод на 300 зборови), но вие можете да го смените тоа.
Доколку ви се допаѓа сервисот може да си отворите и Meebo корисничко име кое ќе ви даде пристап и до дополнителни функции како Meebo Rooms, чет соби каде што ќе можете да си хостирате и посебен разговор помеѓу повеќе пријатели. Слично на mIRC, корисникот кој го започнал одговор има контрола над него и може да дава пристап и да банира други.
Информација дека во април 2008, Meebo има добиено инвестиција од 25 милиони долари, дава доста позитивна прогноза за иднината на сервисот.
Клучни зборови: Meebo Меебо Инстант месенџер ИМ клиент IM Instant messenger Програм Веб сервис Веб 2.0 Комуникација Yahoo! Messenger MSN Facebook Chat Интернет
|