Почетна arrow Совети arrow Што се тоа веб колачиња (cookies)?
Што се тоа веб колачиња (cookies)? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 23.09.2008
Што се тоа веб колачиња (cookies)?Веб колачиња или cookies се текстуални фајлови кои веб серверите ги снимаат на хард дискот на корисниците. Целта на овој малечок фајл е веб серверите автоматски да го идентификуваат прелистувачот при повторна посета и да ја следат навигацијата низ сајтот. Колачињата автоматски контактираат со веб серверот при секоја нова посета.

Веб колачиња главно се користат за автентикација, следење на корисничка сесија, собирање на општи информации или следење на начинот на навигација на посетителите, персонализација, како и за зачувување на одбраните содржини во електронската количка за пазарење и сл. Тие најчесто се употребувани и за следење на корисничкото однесување на сајтот, а со тоа им овозможуваат на веб дизајнерите и да ги подобрат сајтовите и статистички да пристапат кон податоците за посетеност.

Името веб колачиња, или на англиски cookies потекнува од зборот "магични колачиња" (magic cookies) што во времето на UNIX системите претставувале пакети со податоци кои даден програм ги добивал и ги возвраќал неизменети до испраќачот. Решението за поставување на веб колачиња во интернет прелистувачите првично било претставено од Лоу Монтули кој во 1994, работејќи за Netscape, создал веб апликација за е-комерц која содржела онлајн шопинг количка која благодарение на овие фајлови функционирала како што треба.

Заради можноста да го следат корисничкото онлајн однесување употребата на колачиња е критикувана како метода која ја нарушува приватноста. И се позачестената употреба на веб колачиња во онлајн рекламирањето дополнително го поттикна мислењето кај недоволно искусните корисници дека колачињата се фајлови кои можат да наштетат на компјутерот. Реалната слика е дека колачињата се фајлови кои неможат да извршат било каква операција самостојно.

Што се тоа веб колачиња (cookies)?Но, покрај општата безопасност на овие фајлови, хакерите наоѓаат начини како со помош на веб колачињата да се здобијат со доверливи информации, најчесто со логин информации кои колачињата ги содржат. Начинот на кој го прават тоа е со преземање на колачињата преку пресретнување на веб пакети и интернет сообраќај. Заштитата од овој метод е користењето на енкриптирани сигурносни протоколи кои преносот на податоци го вршат преку енкриптирана патека.

Денеска, скоро сите веб прелистувачи им дозволуваат на корисниците самоиницијативно да одберат дали програмот ќе дозволи употреба и снимање на колачиња или не, но лошата страна на изборот да не се снимаат е тоа што многу модерни веб сајтови нема да функционираат без колачиња а со тоа стануваат некорисни.

Клучни зборови:  Интернет   Веб   Колачиња   Cookies   Web   Навигација   Сервер   Корисници   Посетители   Сервери   Фајлови   Дата

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Safe Mode

Мод на Windows оперативните системи за откривање и справување со проблеми. Системот во Safe Mode ги вчитува само стандардните драјвери за маус, тастатура и видео картичка.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter