Има откачена реклама за Nokia N900 во која еден лик се метамофорзира во телефон вриштејќи „јас сум медиум“. Уредот за кој е рекламата направена е најновиот паметен телефон, со 3G интернет, со 5 мегапиксели камера, со апликации за друштвени мрежи... се што е потребно да се сподели информација или слика брзо и лесно.
Но иако е нова технологија, тој телефон постои бидејќи ние, корисниците имаме потреба од него. Ние сме друштвено инволвирани и споделуваме најразновидни информации со своите пријатели. Поголемиот дел од тие информации се приватни, споделени за да ги видат неколкуте пријатели, повеќето се занимливости и забава. Но... таа забавна технологија поседува доволно моќ за да може секој од нас директно да влијае врз текот и развојот на едно општество.
Една наша анкета покажа дека онлајн шопингот се уште се гледа со недовебра. Сличен резултат покажува и истражувањето на Заводот за статистика кое вели дека само 8% од корисниците купуваат производи онлајн.
Но... од другата страна гледаме се повеќе онлајн .mk продавници, сајтови за надавање и размена на продукти како и разни веб сервиси за објавување огласи.
Затоа да го промовираме овој аспект на користењето на интернет т.е да го потикнеме развојот на онлајн економијата направивме кратка листа на веб продавници, сајтови за огласи и други слични сајтови... Бидејќи не ги знам сите сајтови, сигурно изоставив некој, слободно напишете во коментарите подолу. (btw лично немам купувано од овие продавници така да не знам каква е услугата, но доколку сте купиле нешто споделете го искуството во коментарите подолу)
Подолу е листа на дневни медиуми: телевизии и весници во кое го разгледуваме нивното учество во друштвените мрежи. Под друштвени мрежи мислам на Facebook и Twitter, бидејќи ниту еден медиум не е присутен на некој друг сервис. Доколку помислите на некоја друштвена мрежа, тие не се таму!
Но...и покрај тоа што се сведовме на две друштвени мрежи, сепак листата покажува дека многу мал број медиуми всушност ги користат друштвените медиуми за споделување информации и за интеракција со читателите. Доколку има воопшто онлајн интеракција читател-медиум тогаш таа се сведува на веб сајтовите и оставањето коментари.
Неколку македонски медиуми објавија заедничко јавно писмо со кое ги опоменуваат сите веб портали и радио станици во Македонија да не превземаат нивна оригинална содржина. Еве што се вели во писмото:
„На средбата одржана на 24.12.2009 присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации).“
Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите .... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање
за актуелни настани.
Клучни зборови: ХаитиtwitterFacebookдруштвени медиумипомошдонацииYELAВајклив ЏонЦрвен Крстземјотрестрагедијаизчезнати лицаСМС пораки
Дефинитивно има талент кај членовите на форумот на IT.com.mk.
Со цел да се инспирираат членовите ги објавуваме најинтересните креации објавени во темата „Ваши Photoshop креации" и која е една од најпопуларните и најпосетуваните теми на форумот.
Btw: Некои од членовите се со име и презиме, додека некои само со корисничко име. Доколку сакате да ви биде додадено името, контактирајте ме преку ПП или е-маил и пишете ми го вашето име.
Менував интернет провајдер деновиве. Поточно последниве 40 дена. Толку време им е потребно на стручните лица во T-Home да исклучат интернет услуги од еден интернет провајдер, и да активираат од друг. 40. Разбирам дека за се постои процедура, па сосема нормално е да постои и за менување на интернет провајдер, но 40 дена?! Клучни зборови: T-HomeOneОнетелекомtelekomинтернетпровајдерADSLтелефон
Stribe е победник за најдобра start-up компанија на LeWeb '09. На најголемата ИТ конференција во Европа, која се одржа минатата недела присуствуваа доста атрактивните имиња од Силиконската долина.
Иако на конференцијата имаше интересни разговори и најави, сепак би се задржал на најинтересниот дел од конференцијата - start-up натпреварувањето. Се работи за start-up, почетнички, компании oд Европа кои нудат нова и интересна идеја за веб сервис. Од над 130 апликанти, се одбраа 16 кои се преставија на конференцијата. Подолу се дел од нив, а првин се наградените.
Lamborghini Madura на Славче Таневски може да стане дизајнoт за првиот хибриден Lamborgini кој е најавен во 2016 година.
Славче е студент по транспортен дизајн на Факултетот за дизајн во Минхен, Германија. Првиот проект кој го работел таму бил спонзориран од Lamborghini. За проектот студентите имале задача да дизајнираат суперавтомобил кој ќе вози 300 километри на час. Останатото е оставено на слобода на студентите. По три месеци дизајнирање, проектите биле преставени пред Филипо Перини, шеф за дизајн во Lamborghini, кој одбрал 3 модели. Меѓу трите одберени е и дизајнот за Lamborghini Madura. Клучни зборови: Славче ТаневскиинтервјудизајнерLamorghiniMaduraскицаГерманијатранспортен дизајнхибридни автомобилииндустриски дизајнинспирација
Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.