IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Друго arrow 2 години IT.com.mk
2 години IT.com.mk Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 21.03.2009
2 години IT.com.mkСе започна откако го докачивме доменот IT.com.mk... Првичната идеја беше да се направи портал за информатичка технологија, она што IT.com.mk е денеска, но бидејќи во тоа време го објавувавме IT SEC (месечно е-списание за компјутерска сигурност кое повеќе не е со нас :() планот беше да започнеме со поинаков пристап - најпрвин да создадеме активна онлајн ИТ заедница па потоа да претставиме дополнителен информативен дел. Така и се случи...

Цела една година, започнувајќи од 21 Март 2007, работевме само со форумот, обидувајќи се да создадеме вистинско место за ИТ муабети... кога по точно една година бројките достигнаа над 2.000 членови и над 40.000 мислења, одлучивме да го претставивме и порталот кој беше во графичка и концептуална изработка скоро година ипол и во кој беше вложен огромен труд, нормално пропратен со мал милион технички и организациски проблеми...

Што постигнавме во овие 2 години? (...или што ние сакаме да веруваме дека сме постигнале...)
Во изминатите две години, го позициониравме IT.com.mk како сајт на кој може слободно да се дискутира и научи нешто повеќе за информатичката технологија и последните трендови во дигиталниот свет. Денеска форумот брои повеќе од 3.600 регистрирани членови, над 8.400 отворени теми и повеќе од 108.000 постови. Благодарение на 72-те распоредени категории, на форумот има теми поврзани со се и сешто од ИКТ секторот.

На информативниот дел, односно порталот кој посебно во овој период е под активна организациска реконструкција, досега објавивме голем број на авторски содржини кои се концентрираат на теми/дискусии поврзани и интересни за овој регион, обидувајќи се да ја исполниме нашата мисија да го едуцираме, поддржиме и промовираме македонскиот ИКТ потенцијал.

Преку IT.com.mk на македонскиот онлајн простор ја претставивме и идејата за "веб 2.0 медиум", односно медиум кој на подобар и што поинтерактивен начин ќе се поврзе и ќе комуницира со своите читатели искористувајќи ги онлајн сервисите како Flickr, YouTube, Facebook, Twitter, SlideShare, DocStoc и многу други... кои сигурно ги имате забележано при читањето на текстовите и низ многу делови на сајтот, вклучувајќи ја и почетната страна.

Првиот дизајн на IT.com.mk
Првиот дизајн на IT.com.mk

Што е следно?
Она што денеска е претставено на IT.com.mk е само дел од целиот планиран проект кој вклучува и развој на доста интересни сервиси. Причините зошто имплементирањето на некои аспекти од проектот се одвиваат со намалено темпо можат да се пронајдат во големиот број технички, организациски како и финансиски предизвици со кои се соочуваме. Но далеку од тоа дека се имаме откажано од нив и се надеваме дека набрзо, со голема поддршка на корисниците ќе имаме можност да ги објавиме...

Тимот на IT.com.mk и понатаму ќе продолжи со развојот на овој проект и исполнување на целта - поактивно објавување, создавање на поголема онлајн ИТ заедница за која се планираат и голем број активности, како и воведување на други новости и сервиси кои ќе го подобрат искуството на читателите на сајтот.

Нека ни е среќен вториот роденден и да се надеваме дека замислените желби ќе ни се остварат! :))


Клучни зборови:  IT.com.mk   Роденден   2 години   Портал   Информатичка технологија   ИКТ   ИТ   Корисници   Проект   Редакција   Веб 2.0 медиум

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(93 глас/а)

  • 77.4%
  • 6.5%
  • 5.4%
  • 10.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност