IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Друго arrow Барак Обама и ИТ
Барак Обама и ИТ Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 06.11.2008
Барак Обама и ИТВо вторник 23 часот источно-централно време во САД, 5 часот наутро среда во Македонија, Барак Обама беше изгласан за претседател на САД. Светот го одбележа денот како историски. Прв пат црнец влезе во Белата куќа. Првпат на телевизија се презентираше холограм технологијата. Прв пат интернетот одигра главна улога во изборите кои целиот свет ги пратеше скоро 2 години.

Никогаш досега, во иднина сигурно ќе продолжи, интернетот не влијаеше врз политиката. Овојпат ја покажа својата моќ. Креативноста на технологоијата ги одреди изборите. Барак Обама е првиот претседател кој победи поради разбирањето и користењето на вeб 2.0 светот.

Facebook, МySpace, Twitter, YouTube, блогови, мобилни, видео игри ... за политичките аналитичари тоа се места каде се збираат младите луѓе кои не се заинтересирани за политика, а кои Обама ги придоби. Преку тие сервиси целиот свет се запозна со претседателските избори.

Уште од раните почетоци на кампањата г-дин. Обама имаше развиено веб страна со можност неговите приврзаници да се организираат. Со помош на Крис Хаџис, кo-креаторот на Facebook, креаираа Обама друштвена мрежа. Преку таа мрежа My.barakobama.com преку 2 милиони „Обама активисти“ собираа пари и работеа за кампањата како волонтери.

Барак Обама

Клучот на успехот е токму како што рече претседателот Обама „оваа победа е ваша“ обраќајќи се на толпата луѓе во Чикаго. Вклучувајќи милиони и милиони луѓе преку сајтот, наместо зборување преку телевизија, неговите активисти/волонтери организираа преку 150.000 настани и активности во текот на кампањата и собраа половина од 600-те милиони долари кои беа вкупно потребни за кампањата.

На YouTube неговата кампања закачи 70 видеа. Неговите истомисленици направија неколку апликации за iPhone и iTouch. Реклами и слогани од Обама можеа да се видат на видео игрите како Burnout Paradise за xBox 360.

Слоганот „Време е за променa“ одекнуваше не само како политичка мантра туку и како слоган за времето кое се менува. Споредбите со Џон Ф. Кенеди не беа само поради политичките идеи туку и поради технологијата. Имено Кенеди стана претседател користејќи го најновото што можеше да го понуди технологијата тогаш - телевизијата. Обама победи поради користење на интернетот и мобилните телефони. Кога го избра Joe Biden за кандидат за потпретседател неговата кампања го објави тоа првин преку мобилните телефони и интернетот.

Но неговата победа не е во искористувањето на интернетот како медиум за пропаганда. Главната причина која тој ги доби гласовите на младите беше и поради разбирање на вeб 2.0. Обама постојано зборуваше за технологијата и велеше дека е вљубен во технологијата (читај: tech geek).

Барак Обама и Ерик Шмидт, Директор на Google
Барак Обама и Ерик Шмидт, Директор на Google

Во неговите говори тој постојано го споменуваше широкопојасниот интернет како средство за развој на една држава и дека е неопходен за сите вклучувајќи ги и луѓето во руралните средини. Идеја која се гледа како приоритет за економската иднина и во Европската Унија.

Еве неколку од идеите на Барак Обама за информатичката технологија, за кои се очекува тој да потроши многу пари во нивно остварување и оддржување:

  • Нова позиција - Првиот чин во планот на Обама за технологијата е создавање на Главен службеник за технологија (Chief Tehnology Officer) кој ќе се грижи за остварување на идеите во агендата за развој на технологиија.

  • Неутралност на интернетот - „Интернетот е најотворената мрежа во историјата. Мора да го задржиме како таков.“ Во овој контекст Обама зборува за потребата од иновативна конкуренција. „Истотака, на провајдерите не треба да им биде дозволено да наплаќаат според содржината, апликација или други интернет сервиси. Овој принцип треба да овозможи новите корисници, посебно малите и не-профитабилните, да имаат исти можности за иновативност и поширока публика.“

  • Приватност - Ќе го зголеми буџетот на Федералната комисија за трговија за борба против е-криминалот, спамот и одржување на приватноста.

  • Образование - „Пристап до компјутер и широкопојасна мрежа во јавните училишта мора да биде подржана со квалитетни учители, добри учебници и обврска за развивање вештини во полето на технологијата.“

  • H-1B визи и имиграција: H1B визите се не-имигрантски визи кои дозволуваат на компаниите да вработат странец специјалист. Обама ги поддржува овие визи и бара да се зголеми нивниот број затоа што многу технолошки компании ги користат за регрутирање работници (пример: Индија е главен извозник на ИКТ инжинери). Во контекст на ова Обама исто така бара и реформи во имиграционата програма, односно начини како странците полесно да добијат државјанство.

  • Отворена влада - Обама вети дека ќе имплементира транспарентен план. „Отворена влада“ ќе овозможи граѓаните полесно да се вклучат во дневните активности на нивната општина и земја.

Победата на Обама е победа и за ИТ заедницата. Така размислуваат најголемите умови во Силиконската долина - Google, Yahoo, Microsoft, O'Reilly, Amazon, Apple - сите се за Обама.

На крај да го споменеме и Џон Мекејн, противкандидатот на Обама. Иронично, но во 2000 година токму г-динот Мекејн го користеше интернетот во неговата кампања во тогашните внатре-партиски избори против Џорџ Буш. Ни тогаш ни сега г-динот Мекејн не го разбра целиосниот потенцијал на овој медиум.

Како и да е - победниците ја пишуваат историјата.


Клучни зборови:  Барак Обама   Barack Obama   претседател   технологија   Интернет   САД   Џон Мекејн   ИКТ   инжинери   Неутралност   друштвена мрежа   вeб 2.0

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност