Почитувани посетители на IT.com.mk, со огромно задоволство ви најавуваме дека сме во можност да доделиме 10 APPLE IPHONE 3G и 10 BLACKBERRY STORM мобилни телефони на 20 среќни и НАЈБРЗИ посетители на IT.com.mk!!!
Причина за наградната игра е желбата на редакцијата на IT.com.mk да се заблагодари за вашата поддршка и придонес кон развојот на овој проект!

Сега читајте внимателно...
За да се квалификувате во извлекувањето на x10 Apple iPhone 3G + x10 Blackberry Storm мобилни телефони, треба да го направите само овој едноставен чекор:
- Испратите е-маил на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
со наслов на е-маилот "iPhone"
или "Storm" зависно во извлекувањето на кој телефон сакате да учествувате.
ПОБРЗАЈТЕ! НАЈБРЗИТЕ 8 ПОСЕТИТЕЛИ КОИ КЕ ИСПРАТАТ Е-МАИЛ СЕ СИГУРНИ ДОБИТНИЦИ!!!
СО ПРАЌАЊЕ НА Е-МАИЛ ПРЕД ДРУГИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ ИМАТЕ ДВОЈНИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА!
ПРИФАЌАМЕ Е-МАИЛ ПОРАКИ САМО ДО 18:00 ЧАСОТ!!!!
ВАЖНО:
- Во е-маилот не ги вклучувајте вашите лични податоци, доколку бидете извлечени од нашиот софтвер дополнително ќе ве контактираме преку е-маил за деталите.
- Не испраќајте повеќе е-маил пораки под различни кориснички имиња, ИП адресите на секој примен е-меил ќе бидат снимени.
- Право на учество има секој посетител на IT.com.mk кој е државјанин на Република Македонија и кој има над 13 години.
- По одбирањето на победниците од страна на нашиот софтвер кој селекцијата ја врши по случаен избор, истите ќе бидат известени преку е-маил за да достават дополнителни податоци како име презиме, адреса и година на раѓање.
- Сите добитници на Apple iPhone 3G наградата можат да ја подигнат во продавницата на T-mobile во скопскиот ГТЦ, додека добитниците на Blackberry Storm наградата ќе можат да ја подигнат во продавницата на VIP исто така во градскиот трговски центар во Скопје.
Надополнување 22:45:
Штета што целава наградна игра беше само една прво априлска шега зар не? Но, да се надеваме дека во друга прилика навистина ќе имаме награден фонд вреден 600.000 денари и ќе бидеме сериозни за наградите. :-)
Им се заблагодаруваме за "учеството" на сите ~360 посетители на IT.com.mk кои одвoија време да испратат е-маил на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
со надеж дека ќе добијат Apple iPhone 3G или BlackBerry Storm мобилен телефон. Но се што добија беше автоматски одговор со наслов "ВИЕ СТЕ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА!" и содржина:
"Честито!!!
Вие успешно наседнавте на 1-во Априлската шега на IT.com.mk. Априли-ли-ли :))
Да се надеваме дека во друга прилика ќе имаме можност вистински да доделуваме награди на нашите верни посетители.
Поздрав од редакцијата на IT.com.mk"
Оваа шега беше одлично прифатена од страна на публиката, па обично сите откако наседнаа сами им го испратија линкот и на своите пријатели и колеги. Добивме доста позитивен ефект, а несомнено секој дополнително примен е-меил оставаше уште поголема насмевка кај членовите на редакцијата на IT.com.mk. :-))
Разбирливо е дека неможе да помине ништо без некој да се спротистави, па така добивме и две интересни закани. Едната дека ќе бидеме дадени на суд затоа што не сме успеале да ги исполниме ветувањата дадени за наградната игра, а втората исто во тој контекст но со нагласени делови:
"Браво, со оглед дека 1-ви април не е ОФИЦИЈАЛЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, НА КОЈ СЕ ДОЗВОЛЕНИ ВАКВИ ШЕГИ, или праќајте го i-Phoneto, или моето право ќе го остварам преку ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1, со камати, судски и адвокатски трошоци. Како Ви е повеќе мило..."
 (© Icanhascheezburger.com)
Ах.. зошто секогаш мора да има вакви работи. Се надеваме дека тие читатели ќе ја разберат шегата и ќе ја прифатат како еден добар гест од наша страна да создадеме попријатна и поопуштена атмосфера на сајтот.
Исто така, посебно изразуваме благодарност до вработените во Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи како и вработен во операторот VIP (кој btw преферираше iPhone) што одвоија дел од своето време преку службени е-мaил адреси да се пријават во "наградната игра". :-))
Уште еден овојпат навистина "seriouz biznis":
- Сите учесници беа предупредени да не испраќаат дополнителни лични податоци освен оние содржани во нивната е-маил адреса. Имаше и такви кои не го послушаа тој совет и испратија е-маил со име и презиме и адреса. Со цел да ја заштитиме приватноста на сите учесници, IT.com.mk ќе ги избрише без да сочува архивирана верзија, сите добиени е-маил адреси и пораки со сите податоци во нив па така нема потреба да стравувате дека во иднина вашиот е-маил ќе биде искористен за некакви цели.
Клучни зборови: IT.COM.MK Наградна игра Apple iPhone 3G BlackBerry Storm Мобилни телефони Добитници
|