IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Информацијата е клучот
Информацијата е клучот Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 05.05.2009
ImageСвинскиот грип, сега познат како H1N1, го зарази и интернетот. Се појави во вестите на телевизија, се пренесе во друштвените мрежи, Facebook и Twitter. СО светот завледеа паника. Во првите денови на грипот на Twitter беа забележани дури и 10,000 твитови на час. Феноменот на Сузан Бојл беше смешен во поглед на паниката од свинскиот грип.

По неколку дена, денес најновите вести велат дека Мексико го намали степенот на тревога. Кафулињата и продавниците се отворени, а се размислува за отварањето на школите. Во САД, учениците од првото училиште каде што беше забележан вирусот се вратија во клупите. Светската Здраствена организација вели дека не треба да се воведат рестрикциите за патувањето. Луѓето едноставно можат да се заштитат себеси, вели здраствената организација.

Вкупниот број на заразени низ 21 земји во светот е 1085, а 27 починале од вирусот. Трагично за жртвите од свинскиот грип, но дали ова наликува на пандемија која подигна паника од 10,000 твита на час? Оваа паника го вмеша и Google кој се вклучи со објавување на мапи за движењето на свинскиот грип. Дали е ова пандемија за да се направи и iPhone апликации за следење на вестите за вирусот?.

Информацијата е клучот

Интернетот и паранојата

Моќта на интернетот е неверојатна. 1,000,000 луѓе се онлајн. Скоро сите споделуваат информации и комуницираат меѓу себе, посебно кога се уплашени и кога бараат подетални информации. Но голем број од тие онлајн информации доаѓаат од други исплашени луѓе. Пример: информацијата дека ако јадете свинско ќе се разболите од грипот. Или дека ако го имате вирусот ќе умрете бидејќи нема лек. И двете се неточни.

Можеби треба да прашаме зошто луѓето се свртуваат кон интернетот, но одговорот е едноставен. Традиционалните медиуми се опседнати со паранојата исто како и останатите. И тие заедно со интернетот се впуштија во не-информирањете, односно пренесување на „страшни“ информации.

Еве неколку вести од македонските медимуи. Исполнети се со почитувани експертски и стручни мислења, но фалат корисни информации како да се заштитиме, што се препораките, кои се реалните опасности... во некои има дури и откачени предвидувања за смрта на човештвото:

- „Светот е соочен со најголемата закана од биолошки агенс уште од 1918-та година, кога 40 проценти од светската популација беа заразени а 100 милиони луѓе починаа, тврдат експертите на светската здравствена организација.“ - Канал 5, два дена од кога грипот стана актуелен.

- „Државата се подготвува на највисоко ниво за можна пандемија од опасниот вирус“ - А1, четири дена од појавување на грипот.

- „Во Европа се очекува да има голем број смртни случаи поради ширењето на вирусот на свински грип низ светот“ - Tелма

- „Мексиканскиот грип демне“- Дневник. Но во овој текст ја има информацијата дека „месото во продажба е безбедно“.

Кога исплашените луѓе добиваат вакви информации од традиционалните маинстрим весници, каде често фалат податоци за одредена вест, тогаш публиката се свртува кон дигиталната светска библиотека - интернетот. Библиотека исполнета со голем број луѓе кои наместо да читаат, само си ги прераскажуваат книгите што понекогаш наликува на детската игра „глув телефон“.

Можеби медиумите треба да разберат дека денес публиката е гладна за информации и публиката знае дека тие информации и се достапни. Само треба да ги најде. Сепак да ги оставиме медиумите на страна, и да се свртиме на информирањето денес во овој хаос и бомбардирање на информации на интернетот, познато како „information overload“.

Но исто како што постојат мерки за заштита од свинскиот грип, така постои и заштита од стравот и паранојата, и начини како да се информирате онлајн.

Information highway

Како до точна информација

Првото правило е не верувајте на никого, освен ако тој се вика Светска здраствена организација. Релевантните извори се тие на кои што треба да им се верува. Но под релевантен извор не се подразбираат медиумите. Тие ги филтрираат информациите. Ги едитираат за да можат да бидат вметнати во 10 реда текст во весник или 3 минутен видео прилог на телевизија.

Денес моќта е во корисникот т.е публиката. На интернет „изворот“, кажано со новинарскиот речник, си има свој веб сајт. Огромен дел од тие информации доаѓаат од официјални релевантни организации. Тие знаат дека во дигиталниот свет тие информации треба да бидат постирани на интернет бидејќи луѓето ќе ги прочитаат. Така, ако скратената информација од медиумите не е доволна, побарајте го изворот на интернет. Дури и индивидуалните експерти може да имаат свој сајт или блог. Барем запознајте го тој што го нарекуваат „експерт“.

Споредете ги информациите. Првичните информации беа дека во Мексико има 176 починати за само еден ден. Според Светската здраствена организација, официјалната бројка на починати од свинскиот грип за една недела е 27. Постојат многу ефективни сервиси кои ќе ви го скратат времето во барањето на информациите. Пример се RSS фидовите и агрегаторите на вести.

Конкретен пример: time.mk. Овој агрегаторот на вести е кратко опишан од својот креатор како „вистинска демократија во процесот на одредување топ вести на денот“. На time.mk можете да ги читате една вест од неколку медиуми, ги имате информациите само треба да ги споредите. За жал, ова е само пример на вакви сервиси, бидејќи македонските медиуми имаат тенденција да имаат исти вести со исти изјави... Но сепак, ако ги погледнете погорните исечоци од вестите, од 4 вести ќе најдете една која ќе ве информира дека свинскиот грип не се добива од јадење свинско.

Сега секој што е онлајн е „вржан“ за некоја платформа и сервис. Било да е е-маил, Yahoo, Gtalk или MSN messinger, Facebook, MySpace или Twitter, RSS или агрегатори на вести... На тие платформи секој корисник си има листа на пријатели и свои лични „извори“ на информации. Организирајте ги. Повторно, не верувајте на секого. Ако ви се потребни информации, повржете се со релевантни организации...

Информацијата е клучот

Свинскиот грип се уште е најактуелна тема на Twitter, се уште се зборува по весниците. Здраствената организација предупредува дека вирусот може да мутира и ова можеби е само почетокот на H1N1 вирусот, преименувам по барање на свинската индустрија која на ова гледаше како на лош публицитет за продажбата на месо во лош период на економска рецесија.

Мерките за претпазливост мора да постојат, во 1918 од ваков вирус умреле околу 100 милиони луѓе, иако според Wikipedia од тогаш имало уште неколку појавувања на свинскиот грип, само без милиони мртви.

Би било глупаво да занемариме сериозна болест, сериозна опасност, но пред да паничиме, не е лошо да се информираме како да се заштитиме.



Клучни зборови:  Свински грип   H1N1   Twitter   FAcebook   вирус   информација   грип   Wikipedia   A1   Канал 5   Телма   Дневник   iPhone   Апликации

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk Wikipedia

До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(150 глас/а)

  • 74.7%
  • 6.7%
  • 6.7%
  • 12%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност