IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Најдоброто во 2008
Најдоброто во 2008 Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 13.01.2009
Најдоброто од 2008Што е најинтересното што се случи во ИТ светот минатата година? Кои беа најинтересните видео игри во изминатата 2008? А кои најдобри .мк проекти? Најдобриот интернет гаф во 2008? Членовите на IT.com.mk форумот гласаа, а за разултатите „скролајте надолу“... :-)

Намерно почекавме со статијава, за да навлеземе малку во 2009 година, која започна возбудливо со луди мразови и уште полуди војни, а и за да го добиеме вистинскиот ефект на „минатата“ 2008. Па што се случуваше во „минатата“ година?

Настан што ја одбележа 2008 година
На оваа листа се најдоа настаните кои во текот на 2008 привлекоа најголемо внимание и беа најдискутираните теми во медиумите и ИТ светот. Изборот според многу членови беше тежок, но како што вели членот Fico: "Што знам, највише џева според мене се крена со LHC па за тоа и ќе гласам.„

Најдоброто од 2008
Проектот LHC

Тој беше во право. Најмногу гласови освои „Изведување на најголемиот експеримент (Large Hadron Collider)“, експериментот за кој се зборуваше дека ако се случи нешто лошо или по грешка, може да ја уништи планетата. Настанот не беше на оригиналната листа за гласање, но беше додаден откако еден од нашите членови го сугерираше тоа.

LHC беше пратен од настани како Microsoft vs. Yahoo,Twitter како медиум, Победа на Обама благодарение на интернетот, Интерпланетарниот интернет на NASA, 150 милиони корисници на Facebook и настаните врзани со мобилните телефони како објавувањето на iPhone 3G и Google-овиот G1 базиран на Android.

.МК проект во 2008
Победникот според гласовите е проектот или да речеме одлуката за воведување „.мк домени“.

Најдоброто од 2008
Zulu.mk

Сепак, од воведувањето на националните телевизии онлајн - Zulu.mк, кој беше втор најдобар .мк проект по гласовите, и доделување на вредносни ваучери на студентите, трет на листата, па и отварање на бесплатни интернет кафулиња, Тime.mk, воведување на ИП ТВ, лаптопи за прво-трето одделенците и онлајн припeид надополнувањe за кредит до следење на ѓубретарите со GPS за кој членот Тrakilaki напиша „со ова го решивме најголемиот проблем во земјава што не кочеше во нашиот напредок и грабењето на светскиот ИТ пазар“, може да се забележи дека во 2008 година се случуваше интересен ИТ напредок во Македонија.

.МК гаф/момент во 2008
Оваа анкета не беше планирана воопшто, a сепак стана најпосетената анкета. И како што напиша нашиот член fuuuUzZzZy: „Незнам... Искрено незнам.. Полесно би решил дали јајцето или кокошката е постара од колку ова :) Ајде.. Нека биде моментот каде што незнаев буквално што да правам од смеење..."

Најдоброто од 2008
НетПрес: DDoS е нов вирус

Победникот е гафот на НетПрес: DDoS e опасен вирус, кој го надмина моментот со „Огласот: се бара хакер“ за само неколку гласа. Овие две случки беа убедливо најгласани и ги оставија далеку зад себе гафовите како „Грчко-македонските хакерски препукувања“, „А1: Внимавајте на сајбер ѕверовите“ и „Татабонот на Microsoft Македонија“.

Најдобрата игра во 2008 (PC)
Повторно година каде продолженијата доминараа во гејминг светот. Победникот во ова категорија е Grand Theft Auto 4. Второто место го делат Call of Duty 5 и Crysis: Warhead. Од онлајн ММО игрите победникот е второто продолжение на World of Warcraft: Wrath of the Lich King кој убедливо ги победи Age of Conan и Warhammer.

Најдоброто од 2008
Grand Theft Auto IV

Интересно Age of Conan и Warhammer, како и Spore што не се најде на листата, се единствените кои не се продолженија на претходен оригинал и се скоро-оригинални игри, но сите тие беа всушност со катастрофални резултат и во нашата анкета, но и на пазарот. Но, од друга страна може да се забележи дека Playstation 3, xBox и Nintendo претставија некои интересни оригинални игри, како Little Big Planet за PS, но од разбирливи причини поврзани со цената и достапноста на тие конзоли во Македонија ги изоставивме од листата направена само од игри достапни за PC.

Доколку имате додатно мислење или забелешка, добродојдени сте на на форумот на IT.com.mk, нормално нема да имате можност повеќе да гласате :-), но останува можноста да коментирате и дискутирате за одлуките и листите.


Клучни зборови:  Година   2009   2008   Лани   Најдобро   .Мк проект   Гаф   Настан   Момент   Игра   Информатичка технологија   Гласање   Анкети   Истражување   Одбележување   Интернет   Членови   Форум   Резултати   Одлуки   Проекти   Игри

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Новиот Bing

Според Compete.com, пребарувачот на Microsoft - Bing, во првиот месец од своето претставување имал над 50 милиони уникатни посетители, по што ги надмина Twitter.com, Cnn.com, Digg.com.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност