IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow е-Општество.мк: Едукацијата е важна за сите
е-Општество.мк: Едукацијата е важна за сите Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 11.12.2008
е-Општество.мк: Едукацијата е важна за ситеЦелта е да се научат методите, а не фактите да се учат на памет, вака Марјан Гушев од Фондацијата Метаморфозис ја објасни темата „ИКТ во образованието“ на овогодинешната конференција е-Општество.мк (e-Society.mk) која се одржа на 10 Декември во хотелот Холидеј ин во Скопје. Со тие зборови се одбележа натамошно излагање на конференцијата на која внимание се посвети на потребата децата и родителите/професорите да бидат свесни за потенцијалот на ИКТ, како и за организирање на знаењето во мрежа и онлајн библиотеки.

е-Општество.мк конференцијата беше на правиот пат, се разговараше за темите за заштита на децата, градење на инфраструктура на знаење преку онлајн магазини и библиотеки, разбирање на меѓународните стандарди, соработки... со еден збор организирање за подобро образование со помош на користење на информатичко-комуникациската технологија.

е-Општество.мк: Едукацијата е важна за сите

Низ целата конференција покрај разните теми се провлекуваше една прашање - „Што се случува со слепите деца?“ што подоцна стана интересна општа тема која ги покри сите проблеми и бенефиции за сите студенти/ученици, а не само за маргинализираните.

Првин, прашањето беше поставено од публиката и за време на втората сесија „Проекти за ИКТ во образованието“ на која излагачи беа Благица Андреева од Министерството за информатичко општество и Илија Лазаревски од Министерството за образование и наука. „Што со слепите деца? Компјутери има, но има ли софтвер за нивните потреби?“ ги остави и двата претставника на министерствата збунети за на крај да завршат со одговорот „Ќе се потрудиме да направиме нешто за тоа.“

Темата, подоцна доби поткрепа со излагањето на Лидија Крстевска-Дојчиновска од „Отворете ги прозорците“ која зборуваше за децата со хендикеп и нивната потреба за интернет.

„Опциите за пристап ги има на секој оперативен систем, отворете го само Control Panel. Не се потребни тендери и набавки ... треба само прилагодување на уредите од стандарниот компјутер." рече таа и илустрираше неколку слики на модифицирани обични тастатури и мауси за децата со хендикеп.

„Што добиваат децата од користење на компјутер: зголемено внимание бидејќи компјутерите им се интересни, развој на повеќе сетила со слика, звук и бои, збогатување на речникот преку комуникација и читање, видео игри кои ја стимулираат креативноста и најважно чувството на среќа и самодоверба.“ рече г-ѓа. Крстевска-Дојчиновска.

е-Општество.мк: Едукацијата е важна за сите

Таа на крај го потврди со пример тоа што го зборуваше. На својата PowerPoint презентација ja престави Ирена, слепа студентка која е на пост-дипломски студии на Правниот факултет во Скопје, живее сама во студентски дом и своите испити ги полага преку електронски пат.

Најверојатно Ирена немаше да стигне таму каде што е денеска ако ја немаше помошта на информатичката технологија и најважно од се поддршката на нејзините професори. Затоа напишав дека оваа тема е важна за сите ученици и студенти.

Претставувањето на компјутери и хардвер не може да надомести доколку професорот/учителот/родителот не се свесни за можностите на технологијата. Исто така неможе да се очекува студентите и учениците да ги почитуваат нормите и правилата ако не гледаат корист од нив. Така да како што рече г-динот. Гушев „Целта е да се научат методите“ односно да се разбере начинот како ИКТ да се искористи правилно.

На крај заклучокот е дека Македонија има пред себе огромни предизвици кои не се решаваат само со едноставно купување на компјутери.

Додаток:
Вчера беше објавен проектот на ЕУ за заштита на децата за кој европската комесарка Вивиен Ридинг (Vivien Reading) рече: „Бидејќи овие технологии [интернетот и мобилните телефони] им помагаат на децата во учењето и им пружаат нови интересни начини да се социјализираат, тие се побрзи во користењето на технологијата пред родителите. Ние мора да се осигураме дека децата кога користат онлајн или сервис за мобилен, ќе можат да ги препознаат потенцијалните ризици и да се справат со нив.“

Текстови за софтвер и решенија за слепи луѓе.

Повеќе слики можат да се погледнат на нашиот Flickr профил во сетот e-Општество.мк 2008.

Забелешка: Не можевме да го покриеме настанот преку Twitter бидејќи немаше интернет, што е пропуст на организаторот. Информатичко општество без пристап до интернет не води никаде. :-)


Клучни зборови:  е-Општество.мк   e-Society.mk   Конференција   Настан   Образование   ИКТ   Метаморфозис   Марјан Гушев   Родители   Ученици   Деца   Студенти   Библиотеки   Стандарди

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook > Pоrn

Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(390 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.2%
  • 22.8%
  • 22.1%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...