Бројот на македонци кои ја користат друштвената мрежа Facebook неодамна ја надмина бројката од 250.000, со што и повеќе од јасно е дека овој сајт е еден од најпопуларните во земјата и дека поголем дел од времето на интернет, корисниците го поминуваат токму таму. Од друга страна пак, компаниите кои секогаш се обидуваат да бидат присутни каде што е најголемата "гужва", исто така го прифатија феноменот наречен друштвени медиуми и полека почнаа да ги адаптираат своите маркетинг цели..
Моментално, на Facebook можат да се пронајдат голем број компании со свои профили, но размислувајќи за тоа кои се најпопуларните брендови на овој сајт, дојдовме до една интересна листа...
(бидејќи е навистина тешко да се пронајдат сите македонски компании на Facebook, доколку има некој бренд кој треба да биде вклучен во листата, слободно искористете ги коментарите и објавете го...)
1. Скопско Пиво

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Не
Фанови: 29.545+
Објавени слики: 86
Објавени видеа: 2
Објавени статуси: 11
Слични групи/профили:
СКОПСКО ПИВО - Бизнис страна - 763 членови
САКАМ СКОПСКО - Група - 329 членови
Скопско пиво - Група - 4 членови
САКАМЕ СКОПСКО во скопските дискотеки и клубови - Група - 5.019 членови
SKOPSKO PIVO Fun Club - Група - 244 членови
...
Коментар: Според начинот на кој се објавувани статусите, како и ограничениот број на фотографии од страна на администраторите, овој профил делува неофицијален. Со огромен број на фанови (над 29.000), се чини дека Скопско е еден од најпопуларните македонски брендови на друштвената мрежа. Добар потег од страна на Скопска пивара би било доколку ја преземе администрацијата на профилот и да објавува разни промотивни информации, да комуницира со потрошувачите, да информира за наградни игри кои често се случуваат и сл. Доколку нивниот маркетинг оддел неможе да ја преземе таа улога, би било добро да се најми маркетинг агенција која би го направила тоа.
2. Стоби Флипс

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил:Не
Фанови: 22.669+
Објавени слики: 3
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 0
Слични групи/профили:
Стоби Флипс - група - 14 членови
Stobi flips fans - Група - 129 членови
SMOKI-Stobi flips - Бизнис профил - 35 членови
Коментар: Заради недостиг на информации, статуси и слики претпоставувам дека ова не е официјален профил на Витаминка за продуктот Стоби Флипс, но и без тоа, страната е доста популарна, со над 20.000 членови што само ја докажува популарноста на продуктот и приврзаноста од неговата публика. Како и кај Facebook профилот на Скопско пиво, би било добро да се официјализира страната од страна на производителот, Витаминка, и да се објавуваат разни промоции и да се комуницира со публиката.
3. К-15

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: ?
Фанови: 22.425+
Објавени слики: 2
Објавени видеа: 12
Објавени статуси: 24
Слични групи/профили:
К-15 - Група - 1.000 членови
K-15 FANS - Група - 225 членови
Obozavateli na K-15 - Група - 234 членови
K-15 Macedonian TV Show - Група - 501 членови
Коментар: Со оглед на популарноста на Миле, цацко и Тошо, т.е. К-15, не е ни чудно што нивниот Facebook профил е доста популарен со преку 22.000 членови. Повторно по начинот на како е изведена администрацијата на профилот претпоставувам дека е неофицијална страна... А со оглед на тоа што последниот клип е закачен на 2 Април, би било интересно администраторите, или пак самата К-15 продукција да се активира и да објавува почесто информации, шеги, клипови и да ја искористи веќе заинтересираната публика.
4. Македонски народни приказни

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Не
Фанови: 19.000+
Објавени слики: 9
Објавени видеа: 2
Објавени статуси: 6
Слични групи/профили:
Македонски Народни Приказни - Клуб - 6 членови
Obozavateli na makedonski narodni prikazni - Група - 118 членови
Коментар: Македонските народни приказни се навистина нешто посебно за македонската култура... профилот создаден од обожавател последен пат е обновен на 16 Септември, 2008, што е голема штета... Иако Македонските народни приказни можат да се најдат на YouTube и други сервиси во просечен или лош квалитет, се прашувам зошто на куќата која ги има авторските права (претпоставувам МРТ?) не им текнува да ги подсреди и дигитализира и да ги издаде на ДВД, промоцијата слободно може да ја врши на друштвените мрежи како Facebook каде што има активна публика.
5. Antenna5 Radio Network Macedonia

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Да
Фанови: 11.638+
Објавени слики: 19
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 11
Слични групи/профили:
Antenna 5 Radio Network Macedonia - Бизнис профил - 606 членови
Коментар: Антена 5 одлично управува со својот официјален Facebook профил... објавува информации за кое шоу моментално се емитува, постира за последни случувања во музичкиот свет, исто така и одлично комуницира со своите 11.000+ членови давајќи им шанса да си побараат песна директно од Facebook. Често се објавуваат и фотографии од конференции и музички настани, што е уште еден добар потег. Одличен пример за како еден бренд треба да биде претставен на друштвените мрежи.
6. RESANA

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Не
Фанови: 10.424+
Објавени слики: 4
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 0
Слични групи/профили:
I love Ressana! - Група - 67 членови -
Коментар: Бев зачуден од популарноста на неофицијалниот профил за продуктот Ресана на Агроплод кој има над 10.000 членови. Засега профилот воопшто не е активен од администраторите - не се објавуваат статуси, фотографии или слично... додека пак посетителите на профилот често си коментираат за својот омилен десерт. Како и кај Скопско и Стоби Флипс, потребно е вмешување на маркетинг тимот или агенцијата на Агроплод Ресен за поуспешно да се промовира продуктот.
7. T-Mobile MKD

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Да
Фанови: 9.895+
Објавени слики: 14
Објавени видеа: 5
Објавени статуси: 8
Слични групи/профили:
I Love T-Mobile Macedonia! - Група - 25 членови
T-Mobile MKD - Личен профил - 1.621 пријатели
Коментар: Се работи за официјален Facebook профил на T-Mobile Македонија, создаден од пред еден месец. Почетоците се одлични - се објавуваат рекламни спотови, промотивни слики, линкови до официјалниот сајт, статуси со официјални слогани и сл. Единствена забелешка е тоа што постои и официјален личен профил на T-Mobile со над 1.500 пријатели, што всушност е против правилата на Facebook ( компании и организации не смеат да имаат личен профил).
8. KREM BANANA - EVROPA

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Не
Фанови: 6.700+
Објавени слики: 2
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 0
Слични групи/профили:
/
Коментар: Сличен случај како кај Ресана - се работи за неофицијален профил каде што нема никакви информации ниту пак фотографии, а единствената активност на профилот доаѓа од корисниците кои коментираат за продуктот. Штета би било и маркетинг тимот на производителот Европа да не преземе ништо.
9. JUNGLE TV

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Да
Фанови: 3.154+
Објавени слики: 101
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 23
Слични групи/профили:
Jungletv Mk - Личен профил - 1.001
JUNGLE TV - Група - 588 членови
Коментар: Уште еден официјален и пред сé активен Facebook профил каде што редовно се објавуваат статуси, фотографии, информации за случувањата во Хард Рок и сл.
10. T'ga Za Jug

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Да (Винарска визба Тиквеш)
Фанови: 2.660+
Објавени слики: 3
Објавени видеа: 0
Објавени статуси: 1
Слични групи/профили:
Tikves Winery-Day and night - Група - 251 членови
VINARSKA VIZBA TIKVES - Група - 606 членови
Lozova Rakija Tikves - Бизнис профил - 658 членови
Tikves vina - Бизнис профил - 128 членови
Коментар: На Facebook постојат повеќе профили на винарската визба Тиквеш, некои поврзани директно со визбата, а други со продуктите како Т'га за југ и Лозова ракија... претпоставувам дека некој од компанијата е доста активен на Facebook и ја согледал можноста за промоција... Најпопуларен профил меѓу сите тие е оној за виното Т'га за Југ со околу 2.600 членови... за жал, профилот не е активен, објавени се само три слики од етикетите на производот и еден статус... додека пак од друга страна, членовите често постираат коментари за тиквешкото вино. Интересно би било кога би се објавувале факти и интересни детали за виното, рецепти за прилагодни јадења и сл...
БОНУС
IT.com.mk

Вид на профил: Бизнис страна
Официјален профил: Да
Фанови: 1.180
Објавени слики: 96
Објавени видеа: 2
Објавени статуси: 20+
Слични групи/профили:
/
Клучни зборови: Facebook Fejsbuk Профили Бизнис Друштвени мрежи Друштвени медиуми Веб 2.0 Интернет маркетинг Е-бизнис Бренд Ресана Крем банана Македонски народни приказни Скопско пиво Стоби Флипс Jungle TV Антена 5 Т'га за Југ Тиквеш
|