IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Е-бизнис arrow ИП ТВ во Македонија
ИП ТВ во Македонија Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 17.11.2008
ИП ТВ во МакедонијаВо понеделник 17 ноември ИП ТВ официјално стартува во Македонија. Услугата ја воведува Т-Home (Македонски телеком) и ќе вклучува интернет, телефон и телевизија преку интернет протокол. Што значи тоа? Едноставно СФ телевизија: паузирање програми во живо, снимање на програми кога не сте дома, избирање филмови по вкус кога сакате...

Неверојатно е да се замисли дека во Македонија во која само 30% од населението има пристап на интернет има технолошки развиена телевизија.

Што е ИП ТВ?
ИП ТВ - телевизија преку интернет протокол - е телевизиски сигнал кој се добива преку широкопојасниот (broadband) интернет наместо преку кабел или антена. Не треба да се сфати како интернет телевизија која не зависи од провајдерот. Пример за интернет ТВ : YouTube.

„ИП ТВ е систем каде дигиталната телевизија се пренесува преку интернет протокол (ИП) преку мрежна инфраструктура, кој може да биде испорачана користејќи широкопојасен интернет. Поопшта дефиниција за ИП ТВ е телевизиска содржина што наместо да биде пренесена преку традиционалните радиопренос или кабел, се пренесува до гледачот преку технологиите користени за компјутерските мрежи (интернет)“ е објаснувањето на Wikipedia, каде што пишува дека користењето ИП ТВ се очекува да порасне од 200 милиони од 2005 до 400 милиони корисници во 2010 година поради зголемениот пристап на широкопојансиот интернет.

ИП ТВ во Македонија

Зошто е подобро од нормална телевизија?
Како се поврзано со интернетот и ИП ТВ го има најголемиот адут против традиционалната телевизија - интеракција и ефективност.

Ефективноста доаѓа затоа што ИП ТВ доаѓа со телефон и интернет познато како „triple play“ преку еден провајдер. Во случајот на Македонија тие провајдери се Т-Home и Cabletel што може да им овозможи да го зголемат нивниот пазар, па дури и преземат во иднина, со нудење на три услуги во една. На сето тоа треба да се додаде и пристапноста на овие услуги за корисниците и провајдерот. Прво за корисниците - поразвиена технологија и само еден провајдер наспроти неколку. Добро за провајдерот е што сите три услуги се пренесуваат преку еден кабел со што се намалуваат трошоците.

ИП ТВ нуди неколку интерактивни можности за контрола на тоа што се гледа:

  • Видео по Избор (Video on demand) - ова е опција со која може да се гледаат програми и филмови кога сакате, по ваш избор без врска на времето или дали емисијата завршила.

  • Интерактивна содржина - паузирање, премотување и снимање на содржината без врска дали содржината е во живо или не.

  • Гледање фајлови од компјутер - бидејќи се работи за еден кабел една мрежа секој медиумски фајл од компјутерот - видео, аудио, слики - може да се гледа на телевизор.

Проблемите на ИП ТВ се незначајни ако се споредат со можностите. Најголемиот проблем е губењето на дата пакетите односно губењето на содржината. Паузирање или прекинување на содржината може да стане голем проблем.

Што нуди Т-Home?
ИП ТВ на T-Home или одсега познато како МaxTV услугата ги нуди сите интерактивни можности на оваа технологија за цена од 999 денари до 2.999 денари зависно од пакетите.

„Какооов гооооол!!!! Овој незаборавен момент ќе остане врежан во вашата меморија, затоа што со MaxTV можете да го премотувате колку што сакате. И повторно, и повторно... Ах, каков гол...“ пишува како објаснување за вртење/премотување на програмата на сајтот на Т-Home.

Постои и видеотека „покрај пристапот до голем број ТВ канали, со видеотеката на MaxTV за почеток очекувајте избор од стотина филмови, кои постојано ќе се дополнуваат и менуваат“.

За почеток бидејќи е потребна мала инфракструктура: соодветен телевизор, телефонска линија и Media приемник 300, искористите ја опцијата да проверите дали ќе можете да ја користите оваа услуга на сајтот на T-home.


Клучни зборови:  Интернет телевизија   Интернет протокол   ИП ТВ   Макс ТВ   Македонски Телеком   T-Home   ТВ   Програма   Филмови   Интернет   Интерактивност

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(93 глас/а)

  • 77.4%
  • 6.5%
  • 5.4%
  • 10.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност