IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Е-бизнис arrow Моја Кариера, интерактивен портал за практиканство
Моја Кариера, интерактивен портал за практиканство Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 06.11.2009
Моја Кариера, интерактивен портал за практиканство Деновиве се одржа интерактивен саем за кариера „e-Career Fair“ во организација на Националната програма за практикантска работа и вработување „Моја Кариера“ во рамките на Проектот на УСАИД за конкурентност.

За време на саемотот компаниите имаа онлајн „штандови“ со најразлични информации објавени на интерактивниот портал, додека студентите и заинтересираните ги постираа своите резимеа. Тоа што беше најинтересно е што имаше интерактивна комуникација преку четови меѓу преставници на одредени компании со заинтересираните посетители. Преку четовите се разговараше за разновидни искуства, се поставуваа прашања, се бараа совети, се споделуваа информации....

„Веб порталот им овозможува на работодавците и студентите да иницираат виртуелен разговор во реално време и да разменат информации и тоа со повеќе учесници истовремено - нешто што не можеше да го сторат во традиционален саем за кариера. Виртуелните форуми им овозможуваат на сите учесници да го изразат своето мислење за одредени теми, да поставуваат прашања и да добиваат одговори од останатите учесници или одговорни лица од компаниите или универзитетите.“ вели Лидија Дамческа, специјалист на Проектот на УСАИД за конкурентност.

mojakariera.com.mk

„Целта на Програмата е намалување на јазот помеѓу понуда и побарувачка на квалитетна работна сила преку градење на партнерски односи помеѓу образовниот сектор и компаниите, зголемување на вештините за работоспособност на студентите и учениците преку обуки за пишување на CV, мотивационо писмо, комуникациски вештини и работна етика, подготовка на компаниите за организиран прием на практиканти преку обуки за методологија за успешна практикантска работа и механизам за евалуација на ментори од компаниите кои ги следат практикантите во нивното работење и организирање на успешни практикантски ангажмани кои би прераснале во нови вработувања.

Преку повратните информации добиени од страна на практикантите и компаниите се создава можност за партнерски програми помеѓу образовните институции и компаниите  кои би овозможиле да се увиди кои вештини недостасуваат на пазарот и нивно вклучување во наставните планови и предмети на образовните институции за да бидат секогаш во тек со актуелните потреби на пазарот на работна сила.

Порталот е интерактивен преку форуми, медиа центар и разговори во живо со претставници од компании и институции. На овој начин се олеснува и поттикнува комуникацијата помеѓу образовните институции и индустријата. Досега, во периодот од 7 месеци откако активно се спроведува оваа програма, на порталот има регистрирано преку 3000 студенти, ученици и невработени, како и 200 компании кои поставуваат огласи за прака и вработување. Во рамките на програмата се организирани над 400 успешни пракси во повеќе од 60 компании од кои 58 прераснаа во постојани вработувања.“

Користите Facebook, Twitter, YouTube и пред се интерактивни алатки за комуникација... Колку е важна ваквата интеракција/комуникација? Какво влијание има врз едно општество?

„Моја Кариера промотивно ги користи Facebook, Twitter и LinkedIn. Социјалните мрежи се интересни алатки. Овие мрежи, сами по себе имаат големо влијание и понекогаш се важен елемент во социјалниот графикон. Во последно време многу се зборува за преносливост на податоци, но многу од луѓето не разбираат дека тие податоци надвор од социјалната мрежа можеби и немаат толку големо значење. Пред се, членовите добиваат придобивки со тоа што се дел од одредена група, придобивки кои не би им биле толку лесно достапни во поширокиот Интернет простор. Ова се однесува на добивање на информации за разни обуки, настани, промоции кои ги организира Програмата од една страна, а од друга страна, можност за давање на информации, односно коментари за истите, размена на искуства и идеи, како и побрзо добивање на информации во врска со посетеност на одредени настани. Членовите се послободни да се изразат и послободно да изберат со кого да се поврзат, овозможено преку разни филтри. Исто така социјалните мрежи претставуваат активен, а не пасивен простор. Преку активно користење на алатките (во контекст на Facebook се мисли на оставање пораки на „ѕидот” на пријателите, поканување на настани, споделување на интересни линкови, видеа и фотографии), тие ја зголемуваат својата мрежа, а со тоа се зголемува и севкупната комуникација во тој виртуелен простор. “

mojakariera.com.mk

Можете ли да ни дадете бројки за колку компани/студенти учествуваа на онлајн саемот, а колку се вклучени во целокупната програма?

„На саемот учествуваат 35 компании со виртуелни штандови, а со претставници од 11 од нив, студентите имаат можност директно и во живо да комуницираат и да поставуваат прашања. Исто така има штандови на 11 образовни институции, универзитети и средни училишта, партнери на програмата Моја Кариера. За саемот за кариера има голем интерес и од страна на студентите, средношколците и невработените лица, како и од компаниите.

На порталот има регистрирано над 3000 корисници од кои непосредно пред и за време на саемот се регистрираа повеќе од 1000. На разговорите во живо (live chat сесиите) просечно присуствуваат по околу 30 корисници. Саемот за кариера во првите 3 дена имаше просечна посетеност од околу 2000 уникатни посетители. Исто така над 100 студенти учествуваа преку своите CV-a во симулација на интервју за работа (преку видео / аудио разговор). Во текот на саемот за кариера активни се над 30 огласи за пракса или вработување.“

Каков е ефектот од ваквиот саем и интеракција? Каква е придобивката за компаниите, а каква за заинтересираните учесници?

„Електронскиот саем за кариера е дизајниран да обезбеди лесен, едноставен, директен и непосреден контакт помеѓу учесниците – компаниите и студентите. Виртуелниот саем за кариера ги елиминира трошоците за транспорт, престој, влезници, репрезентативен материјал, заштедува време и исто така не ја нарушува продуктивност на работното место.

Електронскиот саем за кариера eCareer Fair, на студентите им понуди единствена можност за добивање на најбитните и тековни информации за практиканство и вработување, и тоа:

  • Директен контакт со 10 менаџери за човечки ресурси од влијателни и висококвалитетни компании преку отворен live chat;
  • Директен контакт со практиканти преку live chat;
  • Можност за добивање на повратна информација (фидбек) за подготвеното CV;
  • Симулација на интервју за работа;
  • Информации за повеќето акредитирани Универзитети во Македонија преку нивните визуелните штандови;
  • Можност за директно аплицирање за работа;
  • Размена на искуства, знаења и контакти
Компаниите учеснички на виртуелниот простор можат да:

  • Објават БЕСПЛАТЕН конкурс за вработување или практиканска работа,
  • Уникатна можност да комуницираат со најдобрите студенти/ученици во Македонија,
  • Да се поврзат со учесниците во реално време, да разговараат и да одговараат на нивни прашања,
  • Да ја афирмираат компанијата преку материјали кои би ги поставиле во виртуелниот простор.
  • Да учествуваат на виртуелниот форум и да поставуваат теми и комуницираат со заинтересираните учесници
  • Во реално време да разменуваат информации на одредени теми со студенти/ученици и претставници од Универзитети “

Каква интеракција планирате со идните проекти?

„Првиот Електронски саем за кариера ги надмина нашите очекувања во однос на посетеност и ефикасност. Нашите планови се дека идниот настан од ваков тип ќе биде уште поуспешен и технички поиновативен од претходниот. Во иднина Програмата планира преку порталот и во соработка со Microsoft и преку користење на нивните алатки да ги одржува обуките за студенти и средношколци on-line. Исто така во подготовка сме на Интернет билтен за Програмата, во чија изработка ќе се вклучат и образовните институции односно нивните студенти и средношколци кои ќе креираат свои страници во билтенот. “



Клучни зборови:  Mojakariera.com.mk   УСАИД   USAID   e-Career Fair   практиканство   компании   вработувае   студенти   практиканти   резиме   кариера   Моја Кариера   саем   програма   конкурентност   друштвени мрежи   интеракција   комуникација   искуство   совети   бизнис   компанија   вработување   работа

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност