Lamborghini Madura на Славче Таневски може да стане дизајнoт за првиот хибриден Lamborgini кој е најавен во 2016 година.
Славче е студент по транспортен дизајн на Факултетот за дизајн во Минхен, Германија. Првиот проект кој го работел таму бил спонзориран од Lamborghini. За проектот студентите имале задача да дизајнираат суперавтомобил кој ќе вози 300 километри на час. Останатото е оставено на слобода на студентите. По три месеци дизајнирање, проектите биле преставени пред Филипо Перини, шеф за дизајн во Lamborghini, кој одбрал 3 модели. Меѓу трите одберени е и дизајнот за Lamborghini Madura. Клучни зборови: Славче ТаневскиинтервјудизајнерLamorghiniMaduraскицаГерманијатранспортен дизајнхибридни автомобилииндустриски дизајнинспирација
Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески - Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови за да си го проверат знаењето.
Проектот е под лиценците на Creative Commons - можеш да споделиш, само наведи извор - што е логично решение за проектот земајќи в обзир дека дел од образовната содржина на сајтот е генерирана од самите ученици.
“Индустриски Дизајн, македонски талент wooooow!!!“, ова е наслов на темата отворена на форумот на IТ.com.mk откако некои наши членови ја забележаа галеријата на Aпостол Тноковски на Deviant Art, друштвена мрежа за фотографија и графички дизајн. Aпостол Тноковски има 26 години и моментално ги привршува студиите по графички дизајн на факултетот за Арт и дизајн на Европски универзитет, а на професионален план соработува со продуцентската куќа „Наше маало”. Познат е по E-Ball, футурустичкиот PC, дизајн со кој се појави на многу сајтови и медиуми. Клучни зборови: Apostol TnokovskiАпостол ТноковскиИндустриски дизајнДизајнГрафика3Д3DИднинаПроизводиMayaФутуризамPCФутурамаАртУметност
„Do it! Linux не е страшен. Ако сакате да бидете професионалци, тогаш ви е потребно разновидно знаење“ ова на сите корисници заинтересирани за Linux им го порачува Александар „Gemidjy“ Балаловски, основачот на Лугола - корисничката група за GNU/Linux која на 14 Март, минатата недела, прослави 5 години од постоењето. Разговаравме со Александар за идеологијата зад слободниот софтвер, што се има случено со слободниот софтвер во Македонија во последните 5 години од оформирањето на Лугола, како и за иднината на истиот. Доколку сакате да прочитате повеќе за Лугола и дејностите/проектите на групата посетете го нивниот сајт. Клучни зборови: LugolaЛуголаГрупа на кориснициGNU/LinuxЛинуксСлободен софтверКомпјутер за секое детеСофтвер
Тимот ENTITY на регионалниот турнир во Counter Strike KODE5 во Србија го освоија првото место, со што се квалификуваа за големото финале на ова натпреварување кое ќе се одржи во Моска на 9-10 Мај. Следи интервјуто со тимот на ENTITY, или Александар Киселинов (helius), Јован Каланоски (KaLaN), Ангел Грозданоски (eRRor), Ѓоко Лабоски (aIm1ghty) и Алтај Реџеп (rdn).... Клучни зборови: ИнтервјуEntityЕнтитиCounter StrikeКантер страјкИгриГејмингНатпреварувањеТурнирCSФиналеКоде5Kode5Е-спортГејмери
Игор Трајковски е доцент по компјутерски науки на Њујорк универзитетот во Скопје. Во неговото професионално искуство исто така може да се пронајде и работење во Google и тоа во седиштето на компанијата во Калифорнија, но и во центарот во Швајцарија. Тој има докторат по компјутерски науки здобиен на Јожеф Стефан институтот во Љубљана и активни теми на истражување му се статистичко процесирање на јазици, машинско учење, биоинформатика, вештачка интелигенција, алгоритми и сл. Клучни зборови: Игор ТрајковскиIgor TrajkovskiВештачка интелегенцијаАлгоритмиФутурамаФутуристикаМашинско учењеКомпјутерски науки
Во продолжение следи интервју со сегашниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, чие работно искуство исто така вклучува позиции како главен технички офицер во Космофон и одговорен менаџер на одделот за продажба во Македонски Телеком. Калина Зографска разговара со г-динот Љушев на разни теми концентрирајќи се на корпоративно владеење, оддржување на клиенти, промовирање, инволвираноста на ВИП во разновидни маркетинг кампањи и слично.
ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.