IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Интервју со Robin Hamman од BBC
Интервју со Robin Hamman од BBC Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 20.05.2008
Robin HammanНи пропадна планот "на големо" да известуваме за блогерската конференција Глокал 2.0 која се одржа на Њујорк Универзитетот во Скопје од 8 до 10 Мај. Конференцијата дефинитивно си доби внимание од блогосферата и медиумите, а повеќе информации за како се одвиваше и што беше презентирано можете да прочитате на официјалниот блог на Глокал 2.0, а на Flickr можете и да ги погледнете сликите од разни корисници преку заедничкиот таг Glocal20.

Лично присуствував на првиот ден од конференцијата, но поради оправдани причини не бев во можност да се појавам и во наредните денови. Додека бев таму, морам да кажам дека организацијата и презентерите беа супер, со мала забелешка за сите оние кои на PowerPoint презентациите имаа ставено параграфи место клучни зборови и читаа од хартија место да презентираат. Генерално се помина во најдобар ред тој прв ден, а од тоа што слушнав и прочитав, и останатите 2 дена поминале супер.

Еден од првите презентери беше Robin Hamman, новинар и уредник на блогосферата на BBC. Човекот навистина си има дар за презентирање и неговата презентација се состоеше од како BBC ги користи мрежите за социјално вмрежување и блоговите. Целата презентација е достапна тука.

Во една од паузите, имав можност да седнам со Robin и да си помуабетиме за социјалните вмрежување и новите медиуми. Интервјуто го снимав со вградена веб камера од мојот лаптоп (така ќе се снаоѓаме додека не најдеме подобро) така да квалитетот на аудиото се потрудив преку разни програми да го подобрам, а видеото е оптимизирано заради состојбата на интернетот во нашава земја.  

Интервјуто е на англиски јазик, а деновиве ќе следи и текстуална верзија преведена на македонски. Исто така ќе се обидам да го презентирам видеото на подобар начин.

Видеото е со времетраење од 33 минути.

Повелете:

Директен линк до видеото е достапен тука.


Клучни зборови:  Robin Hamman   Робин Хаман   BBC   ББЦ   Интернет   Социјални мрежи   Медиуми.Глокал 2.0   Интервју   Конференција

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(122 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.4%
  • 4.9%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност