IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Интервју со Вања Јосифовски
Интервју со Вања Јосифовски Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 03.07.2008
Vanja JosifovskiД-р Вања Јосифовски е главен истражувач на интернет компанија Yahoo! во областите на e-рекламирање, собирање на информации, пребарување и бази на податоци. Информатичките почетоци му биле во времето на Commodore 64 и Sinclair ZX Spectrum компјутерите, кога тогаш незаинтересираниот Вања бил предизвикан од неговиот татко да создаде компјутерски програм за хемиски соединенија по што ја открил моќта на нулите и единиците.

За себе вели дека е еден од ретките кои уште на рана возраст знаеле што сакаат да станат кога ќе пораснат - и постанале баш тоа. Вања е роден во Скопје, средното училиште го "искомбинирал" во Скопје (Корчагин) и во Шелби, Северна Каролина, со високо образование се здобил на Институтот Јозеф Стефан во Љубљана, Словенија, магистратура на Флорида Универзитетот, а со докторат се здобил на Линкопинг универзитетот во Шведска.

Пред приклучувањто на истражувачкиот тим на Yahoo!, во 2002 година, Вања Јосифовски бил член на DB2 Native XML тимот како архитект на XML навигациската компонента. Подоцна, Вања има работено во Almaden истражувачкиот центар на IBM се до 2005 година, каде што работел на истражување на архитектурата на корпорациско пребарување (enterprise search) и индексирање на текстуални и XML документи во системи за менаџирање на содржини. Тој исто така беше еден од клучните членови од тимот кој го создаде Garlic Research Framework-от во IBM-овите DB2 датабазни системи. Во Yahoo!, неговите истражувачки интереси вклучуваат компјутерско рекламирање и интеграција на не-релациони извори на податоци со релационални бази на податоци.

Vanja Josifovski
Вања Јосифовски (©Yahoo!)

Вања има издадено над 40 публикации (дел од нив тука) и има создадено околу 20 патентирани апликации. Тој бил и дел од програмските комисии на WWW, SIGIR, ICDE, VLDB, SIGKDD и други големи конференции во областите на датабази, пребарување и собирање на информации.

1. Кои се всушност работните задачи на еден главен истражувач (principal research scientist) во Yahoo!? Кои се предизвиците со кои се соочувате?

Од мене се очекува да имам влијание на Yahoo! како компанија и на научната дисциплина со која се бавам преку публикации и презентации кои се претставуваат на главните конференции од моите области - пребарување (Information retrieval) и бази на податоци (database).

Јас поконкретно работам на дизајнот на следната генерација на платформи за рекламирање (ad platforms). Ваквите платформи се комплицирани системи што работат на илјадници машини, моментално водам тим од инжињери и научници со цел да ги испитаме можностите за еден нов начин на рекламирање на веб страници.

2. Како дојдовте до тоа да се занимавате со една ваква професија - истражувачки научник? И како завршивте најпрвин во IBM а потоа и во Yahoo!?

Во далечната 1989 година петнаесетина македонци кои се натпреварувавме во математика и информатика во Македонија се запишавме на Љубљанскиот факултет за информатички науки. Во тоа време програмата за компјутерски науки беше понапредна во Љубљана. За мене ова овозможи да студирам со едни од најмотивираните студенти од Македонија. Таа околина и мене ме мотивираше да се запишам на пост-дипломски студии на Универзитетот во Флорида, а подоцна и да докторирам во Линкопинг, Шведска. За време на докторатот успеав да објавам две публикации на врвните конференции и тие ми ја отворија вратата на индустриските истражувачки центри. Го одбрав IBM бидејќи во областа на бази на податоци IBM има една од највлијателните истражувачки групи.

3. Во истражувачкиот центар на IBM, Almaden, кои беа Вашите работни задачи и што ќе одвоите од она што имате сработено како нешто со кое лично се гордеете?

Во IBM работев на повеќе проекти за подобрување на постоечките бази на податоци и пребарување на документи во големи компании (enterprise search). Во почетокот работев на проектот за интеграција на податоци од повеќе извори. Потоа бев член на тимот што ја надгради IBM-овата база на податоци DB2 за поддршка на XML. Во овој проект работев на скоро сите компоненти на базата - query rewrite, query compilation, indexing, query evaluation и др. Во последната година во IBM работев на првата верзија на продуктот за пребарување текстуални податоци во големи компании Omnifind.

4. Кога сме веќе кај професионалните работи и достигнувања кои Ве прават посебно горд, кои работи ќе ги издвоите како несомнен успех во досегашната кариера?

За мене беше посебно тешко да се одржи ритамот на публикации додека работев на проекти кои се врзани со продукти. Мислам дека успеав да бидам присутен на главните конференции и во исто време да успеам да ги пресликам истражувачките проекти во продукти кои што денеска се употребуваат на илјадници места и имаат влијание на илјадници луѓе. Скоро секој посетител на Yahoo! гледа нешто на страната донесено од платформите на кои сум работел со мојот тим.

5. Бевте еден од клучните членови на тимот кој го претставил Garlic Research Framework-от во DB2 датабазните системи на IBM? Накратко, што претставува GRF?

Главната цел на Garlic беше да се изгради софтверска инфраструктура за релациски бази да можат да пребаруваат податоци што се складирани надвор од базата, како на пример фајлови и други апликации. Со ова, пребарувањето на такви податоци е олеснето со употреба на SQL јазикот. Една од главните компоненти на проектот беше оптимизирање на SQL прашања што работат со комбинација на интерни податоци од базата и екстерни податоци.

6. "Збор-два" околу тоа што претставува ISO-ANSI SQL Standard Part 9?

SQL како јазик е развиен во IBM пред повеќе од 2 децении. За да се поврзат повеќето различни имплементации на овој јазик, Меѓународниот институт за стандарди (ISO) и Американскиот институт за стандарди (ANSI) имаат комисија која го контролира развојот на овој компјутерски јазик. Повеќето поголеми бази на податоци се придржуваат до овој стандард. Мојата улога беше да се адаптираат нашите искуства од Garlic и да се стандардизираат така што ќе бидат употребливи за поголем број компании.

Во почетокот на мојата кариера работев на оформувањето на делот 9 од овој стандард кој дефинира како релациски бази на податоци да прилагодат надворешни извори на информации (апликации, веб сервери) за испрашување со SQL. Овој дел од стандардот дефинира интерфејси и SQL команди кои денеска се употребуваат во повеќе бази на податоци.

7. Каков совет би им дале на читателите на ова интервју кои имаат планови да се занимаваат со ИТ истражувачка дејност?

Истражувачите во светот се поделени по области (communities). Мислам дека е многу важно да се има добра претстава кои се актуелните истражувачки проблеми во одредена област, да се знае кои се лидерите и што е објавено. Многу е важно исто така да се избере област и проблем што е интересен за светот.

Мислам дека квантитетот на публикации не релевантен. Треба да се објавува на главните форуми од областа каде што критериумите се најстроги. Во врвните светски институции се ценат само чланоци претставени на вакви конференции и списанија. Објавување на многу чланоци во места кои не се од врвот на областа може дури и да наштети при барањето работа.

8. Кога се работи на еден голем проект во кој се инволвирани повеќе луѓе, што е потребно да се направи за истите да се менаџираат, организираат и синхронизираат со цел да се добие ефективно и ефикасно работење?

По мое, најважниот дел од секој проект е да се оформи правиот тим - да се најдат правите луѓе. При бирање на членови на тимот, се бара длабоко разбирање на технологијата што се употребува во проектот и способност за работа со други луѓе. Проблемот е што обично едно интервју за работа трае еден ден и за тој ден ние мора да процениме сé.

9. Кој настан во Вашиот живот ви служел како еден вид "одскочна даска" од тогаш неразвиената Македонија во поглед на ИТ да го достигнете досегашниот успех и да работите за Yahoo!?

Иако Македонија беше (а веројатно и сеуште е) поназад во индустриски капацитети во полето на информатиката, сепак, има една група на луѓе на факултетите што ги прати случувањата со науката. За мене беше важно што неколку млади и мотивирани професори во средното училиште Корчагин ме заинтригираа да развијам софтвер и да се потрудам да ги разберам разните математики. Мислам дека тогашната програма во математичко-информатичките гимназии беше многу добра основа за ИТ студии. Се надевам дека средното образование денеска им го нуди истото на денешните средношколци. Секогаш имало и ќе има проблеми, но и ентузијасти што инспирираат.

10. Како е да се работи за една голема интернет компанија како Yahoo!?

Сите интернет компании се доста динамични. Кога се зборува за следната верзија на платформите обично тоа значи дека за 6-12 месеци треба да биде спремно за употреба во живо на интернет. Но тоа ја прави работата уште поинтересна иако понекогаш малку напорна.

11. Што може да очекуваме од понатамошниот развој на компјутерското рекламирање? Дали допрва се очекува да го доживее својот "бум" или пак сегашните модели работат со полна пареа и постои малку простор за унапредување?

Денеска успеваме да искористиме само мал дел од потенцијалот на вебот како канал за рекламирање. Во 2007 во Америка се потрошени 27 милијарди долари за рекламирање на интернет - повеќе од кабелска телевизија и радио. Оваа цифра е предвидена да порасне до околу 50 милијарди во следните неколку години. Има огромен потенцијал за подобрување на постоечките технологии.

Клучни зборови:  Интервју   ИТ   Вања Јосифовски   Vanja Josifovski   Yahoo!   Истражување   Датабази   Истражувач   Рекламирање   Компјутери   Податоци   SQL   ISO   ANSI

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook > Pоrn

Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(53 глас/а)

  • 75.5%
  • 5.7%
  • 9.4%
  • 9.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност