Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески - Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови за да си го проверат знаењето.
Проектот е под лиценците на Creative Commons - можеш да споделиш, само наведи извор - што е логично решение за проектот земајќи в обзир дека дел од образовната содржина на сајтот е генерирана од самите ученици.
Деновиве се одржа интерактивен саем за кариера „e-Career Fair“ во организација на Националната програма за практикантска работа и вработување „Моја Кариера“ во рамките на Проектот на УСАИД за конкурентност.
За време на саемотот компаниите имаа онлајн „штандови“ со најразлични информации објавени на интерактивниот портал, додека студентите и заинтересираните ги постираа своите
резимеа. Тоа што беше најинтересно е што имаше интерактивна комуникација преку четови меѓу преставници на одредени компании со заинтересираните посетители. Преку четовите се разговараше за разновидни искуства, се поставуваа прашања, се бараа совети, се споделуваа информации....
Glocal: Inside Social Media конференцијата e во организација на Факултетот за комуникации и медиуми на Њујорк Универзитет Скопје. Ова е третата по ред Glocal конференција, која оваа година ќе трае три дена од 15 до 17 октомври. Преку испитување на влијанието на социјалните медиуми врз секојдневниот живот, конференцијата ќе понуди можност за дискусија со водечки мислители, како Кевин Робинс, Пол Бредшо, Нада Швоб‐Џокиќ, Нилс Хендрикс, Оливер Хелригел, Даница Радовановиќ, Јоаким Хеинц и други. Клучни зборови: GlocalGlocal09ГлокалКонференцијаДруштвени медиумиСоцијални медиумиInside Social MediaНастани
Македонската компанија Веником, која на пазарот постои веќе 15 години и воглавно се занимава со развој на апликативен економски и медицински софтвер, од неодамна создаде посебен тим со кој започна да произведува комерцијални iPhone апликации. Првата апликација која беше претставена на пазарот од компанијата е наречена iSeeYou и претставува навигациска алатка која овозможува лесно и приватно споделување на локацијата со пријателите и роднините. Клучни зборови: iPhoneАјфонАпликацииiPhone апликацииМобилни апликацииВеникомVenicomСофтверИван ИвановскиiSeeYouПрограмериДевелопери
(Ова е гостински текст на Виктор Стојановски а.к.а Зуберот, активен член на Лугола. Неговиот личен блог е на следниов линк, Виктор може да го сретнете и на Twitter и Facebook)
Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.