Од 16 до 19 Септември во Javits центарот во Њујорк се одржа конференцијата Web 2.0 Expo NY. Настанот има за цел да ги поврзе сите учесници во создавањето на веб 2.0 генерацијата. Огромен број на сесии, дискусии на теми околу следната генерација на вебот, панели, споделување на позитивни и негативни искуства, промовирање на иновации, дружење, можности за склучување на соработки и ширење на познанства, како и презентации од експерти во индустријата беа само дел од случувањата на овогодинешната Web 2.0 Expo NY конференција на која присуствуваа над 3.000 посетители. Клучни зборови: Web 2.0 Expo New YorkWeb2exponyWeb2expoВеб 2.0КонференцијаНастанЊујоркИнтернетИновацииПрезентацииСпикери
Како да се мотивираат младите? Како да се промовираат во светот? Како да се организираат, кој може да им помогне во градењето на нивните портали, блогови и сајтови? Примери за успешни младински проекти и што може да се научи од нив? Дискусии за филозофијата зад веб 2.0? Сите тие прашања беа претставени и се дискутираа на конференцијата “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади” организирана од Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија која се одржа во хотелот „Stone Bridge" во Скопје на 12 и 13 септември. Клучни зборови: КонференцијаИнформатичко општествоМладиНовинарствоОнлајн медиумиДруштвени мрежиИнтернетВеб
Google, компанија создадена од студентите Лери Пејџ и Сергеј Брин во една обична гаража со четири компјутери и првичен буџет од 100.000 US долари, денеска слави 10 години од своето корпоративно постоење. Помина деценија исполнета со продукти кои го сменија начинот на кој светот функционира, огромни финансиски успеси како и деценија во која Google стана еден од најмоќните брендови во човечката историја. Клучни зборови: GoogleГуглSergey BrinLarry PageСергеј БринЛери ПејџGoogleplexИнтернетПребарувачВебСајтКомпанијаКорисници
You Tube објави конкурс за граѓанско новинарство, бараат видео вест направена од обичните луѓе. Видео прилогот треба да биде за некоја личност од вашата заедница, маало, друштво кој мислите дека е посебна и „светот треба да знае за него/неа“ како што вели Стив Гроу, кој ги води вестите на YouTube.Тој додава дека „од почнувањето на YouTube ИЛЈАДНИЦИ видеа направени од ОБИЧНИ луѓе раскажаа приказни и осветлија многу ситуации на начин кој не беше возможен ПОРАНО„. Клучни зборови: Граѓанско новинарствоОнлајн медиумиWikipediaYouTubeТрадиционални медиумиГраѓаниИнтернетВебВестиНовинарствоСајтовиЗаедници
Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња и компании. Клучни зборови: TwitterТвитерВодичПочетнициСМСИМБлогБлогирањеМикро-блогМикро-блогирањеИнтернетВебПрелистувачИзвестувања
Се водат многу дебати за е-бизнис варијаблите од секој бизнис и местото кое технологијата го зафаќа во процесите, релативно со употребата на новите научни практики и методологии. И двете се интегрален дел од современите компании, но тоа што е важно е нивното меѓусебно поврзување. Клучни зборови: iDevelopиДевелопЕ-бизнисТехнологијаНаукаКомпанииМашинаДигитални апаратиМенаџмент
Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.