Почетна arrow Статии arrow Бил Гејтс – лидер на компјутерската револуција
Бил Гејтс – лидер на компјутерската револуција Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 04.07.2008
Бил ГејтсБришејќи ги солзи од очите, Бил Гејтс го најави своето пензионирање пред 700 вработени во конференциската сала на Microsoft Corp. Тој ќе остане почесен член на одборот на компанијата, а комплетно ќе се посвети на неговата филантропска фондација Мелинда и Бил Гејтс.

 – Нема да помине ниту еден ден, а да не помислам на Microsoft и на добрите работи што ги правиме – рече Гејтс на сцената потсетувајќи се на изминатите години и заблагодарувајќи се на IMB Corp. чиј прв персонален компјутер работеше на DOS оперативниот систем на Microsoft во далечната 1981 година.

Првиот програмски код
Вилијам Гејтс Трети, е роден во Сиетл на 28 Oктомври 1955 година во богато семејство, татко му Вилијам Гејтс бил почитуван адвокат, мајка му Мари Максвел Гејтс била во управниот одбор на First Interstate BancSystem, а неговиот дедо Џ.Б. Максвел бил претседател на национална банка.

Bill Gates

Уште како средношколец тој ги користи своите можности и својот гениј. Откако неговото училиште Lakeside School купува ASR-33 teletype terminal, Гејтс се фасцинира од машината што секогаш го следи софтверскиот код. Го ослободуваат од часовите за да програмира во BASIC. Тој го пишува својот прв компјутерски програм на таа машина, имплементација на tic-tac-toe што им дозволува на корисниците да играат игра против компјутерот.

Подоцна, тој задно со свои тројца другари: Paul Allen, Ric Weiland, and Kent Evans се фатени од Computer Center Corporation (CCC) дека се обидуваат да направат багови во оперативниот систем на CCC за добивање слободно време за користење компјутер, откако тоа време ќе му истекло на школото.

По истекување на казната четворицата студенти се понудиле да дешифрираат и поправаат (дебугираат) софтвер на CCC во замена за слободно компјутерско време. Откако CCC се распаѓа,  четворицата ученици се вработени од Information Sciences Inc. да напишат програма за платен промет во COBOL.

Малку подоцна, Гејтс пишува компјутерски програм за училиштето да може да го следи распоредот на студентите. Тој го модифицира кодот така да тој биде распореден на часови со најмногу ученички.

На 17 години, тој основа компанија со Паул Ален и Пол Џилберт, наречена Traf-O-Data. Тие за една година прават 20,000 долари, но откако соработниците стануваат свесни за нивните години, бизнисот им се намалува. Гејтс во 1973 година се запишува на Харвард Универзитетот, каде што го сретнува Стив Балмер, кој подоцна ќе стане извршен дирекот на Microsoft.

Microsoft
На 26 Ноември 1976 година името Micro-soft се регистрира во Бирото за патенти на САД (United States Patent and Trademark Office). Основачите се Бил Гејтс и Пол Ален, кoj во меѓувреме работи со Micro Instrumentation and Telemetry Systems (MITS), на интерпретација на BASIC во новиот компјутер на MITS. Гејтс прави “годишна” пауза од студиите на Харвард за да работи со Ален.

Откако Гејтс открива дека постои пиратска копија на новиот Microsoft BASIC, тој пишува писмо - Open Letter to Hobbyists - каде што бара од MTI да ја сопре дистрибуцијата и продукцијата на софтвер без да се наплати, што го прави непопуларен во компјутерскиот свет.

Влијание на Бил Гејтс:
- Internet Explorer
- Microsoft Office
- MS-DOS
- Windows 3.1/2000/XP/Vista
- Xbox / Xbox 360
- Visual Basic

Откако Microsoft станува независна компанија од MTI, тие во 1980 година почнуваат да соработуваат со IBM, кои прават нов персонален компјутер а од Гејтс бараат оперативен систем. Гејтс им го нуди на IBM 86-DOS (QDOS - Quick and Dirty Operating System), оперативен систем сличен на CP/M оперативниот систем што Seattle Computer Products веќе го имале за хардвер сличен на PC-то. Microsoft склучува договор со SCP и станува целосен власник на 86-DOS. Откако го адаптираат оперативниот систем, Microsoft го продава на IBM за сума од $80,000 под името MS-DOS.

Маркетинг инстиктот на Гејтс инсистира Microsoft да го задржи авторското право на оперативниот систем плашејќи се дека многу други хардвер компании ќе го клонираат IBM системот, што евентуално и се случува, по што продажбите на MS-DOS го прават Microsoft играч број 1 во индустријата.

Во 1981 година, Microsoft се реконструира и Гејтс станува претседател на Microsoft и главен на одборот на директори. Во 1985 го објавуваат Windows оперативниот систем, и ја раскинуваат соработката со IBM. Гејтс објавува дека ќе се посветат на работа и развој на кернелот Windows NT.

Работата на Гејтс во се концентрира на Windows оперативниот систем, кој во своите почетоци има многу лош код и голем број на недостатоци. Подоцна, со претставување на Windows 1.0, компанијата најпрвин доживеа пораз бидејќи софтверот ветува повеќе одошто хардверот може да поднесе, но со верзијата 3.0 во 1990 година ја доживува својата експанзија и пласман на светскиот пазар.

За само неколку години, компанијата чие ново седиште сега е во Редмонд, Сиетл ќе прерасне во една од најголемите корпорации во светот која на светскиот пазарот на оперативни системи ќе има доминантен дел од неверојатни 92 проценти, а активно учество ќе има во голем број на други ИТ пазари со огромна палета на продукти. Некогашната бројка на 20 вработени ќе стане смешна во споредба со 80,000-те вработени кои Microsoft ги има денеска, а терминот “милиони” во финансиските книги по многу кратко време ќе се замени со “милијарди”.

Законот и монополот на Microsoft
Од формирањето до 2006 година Гејтс е главниот за маркетинг стратегијата на Microsoft. Поради неговата агресивност Microsoft завршува на суд, каде што во документите наведени како докази за докажување на апсолутен монопол на пазарот се наоѓа неговиот потпис и одобрување.

Во 1998 година започнува случајот United States v. Microsoft, случај во кој многумина го обвинија Гејтс дека се обидува да ги избегне одговорите. Тој отворено се расправа со истражувачот за значењето на секојдневните зборови :  натреварува, праша , ние и загрижени.  Гејтс во негова одбрана за тие расправи вели дека се обидувал да се одбрани од погрешно интерпретирање на неговите зборови.

Бил Гејтс

На крај судот пресудува дека Microsoft е виновен за монопол и спречување на конкуренција на пазарот што е спротивно на Американскиот Sherman Act.

Слична ситуација се случува и на стариот континент каде што Европската Унија по неколку мали казни, достави казна од 1.5 милијарди долари до Microsoft заради непочитување на разни регулативи за монопол и конкурентност во 2007 година.

Денес
Гејтс ќе остане како почесен член на одборот на Microsoft, но сега ќе биде само консултант. Сепак неговото влијание сеуште е огромно во таа канцеларија. Самиот факт дека неговото пензионирање се подготвувало 2 години говори за моќта кој тој ја има. Две години се работело да се прераспореди моќта и неговите работни задачи на другите директори во компанијата.

Сега Гејтс ќе се посвети на неговата филантропска фондација Мелинда и Бил Гејтс, основана пред десетина години со буџет од 38 милијарда долари. Неговата работа ќе биде да ги советува светските лидери, бизнисмени и лидери на непрофитни организации да трошат повеќе пари на светското здравје, глад и сиромаштвото.



Клучни зборови:  Бил Гејтс   Мајкрософт   Микрософт   Microsoft   Bill Gates   Windows   IBM   Оперативен Систем   Софтвер   Компанија   Бизнис   Филантропска   Фондација   Мелинда

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

n00b/newbie

Претставува корисник кој за прв пат се запознава со некоја од темите во дигиталниот свет. n00b може да биде почетник во било што, како на пример: користење на компјутер, видео игра, посебен оперативен систем, интернетот и сл. Исто така слични називи се: newb, noob, nub.

Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter