|
Голем ден за Microsoft -
официјално e објавен новиот оперативен систем Windows 7, наследникот на нетолку успешната Vista. Windows 7 од денеска ќе биде достапен за купување во сите земји каде што компанијата има претставништво.
„Windows 7 е резултат на колаборативен процес меѓу инженерите и дизајнерите на Microsoft кои соработуваа со своите корисници и партнери за да изградат оперативен систем кој е создаден врз визијата на персоналниот компјутер, но во многу поедноставена верзија. Во текот на изминатите 18 месеци, повеќе од милијарда (OPT-IN) кориснички сесии и осум милиони бета тестери ја дадоа поддршката и го потврдија
успешното истражувањето на Microsoft со цел да се поедностават секојдневните задачи." - рече Илијанчо Гаговски, директорот на Microsoft Македонија на прес конференција
каде што ги запозна новинарите со предностите на новиот софтвер и најави дека наскоро ќе биде објавена и локализираната верзија на оперативниот систем.

Главната прес конференција за Windows 7 ќе се одржи во 17 часот по македонско време во Њујорк од страна на извршниот директор на компанијата, Стив Балмер. Сите заинтересирани ќе можат да го следат настанот во живо преку видео стриминг.
Windows 7, или претходно познат под кодираното име Vienna, е последната иновација на Microsoфt со кој гигантот се надева дека ќе ги подобри перформансите, ќе ги задоволи разните потреби и ќе ги поедностави работните задачи на домашните и бизнис корисниците. Фокусот на овој ОС се корисниците и слично на Vista, и 7 ќе биде достапен во шест верзии Starter, Home Basic, Home Premium, Professional, Enterprise и Ultimate.
Некои од новините кои се претставени во Windows 7 се:
- поголема компатибилност на софтверот со екрани на допир
- поддршка за виртуелни хард дискови
- поддршка за дополнителни фајл формати
- забрзани перформанси на повеќе-јадредни процесор
- забрзана покревање на почетните сервиси
- подобрувања во кернел системот
- визуелно подобрена и поедноставена работна околина и др.
Што се однесува до хардверот, минималните хардверски компоненти на кои ќе работи Windows 7 според Microsoft се следниве:

За крај, еве неколку слики од новите Windows функционалности:





Клучни зборови: Windows 7 Microsoft Windows 7 Виндоус 7 Микрософт Мајкрософт Виндоус Седмица Оперативен систем Софтвер Microsoft Македонија Илијанчо Гаговски Хардвер
|