Почетна arrow Статии arrow Софтвер arrow Видео игри: забава или е-спорт?
Видео игри: забава или е-спорт? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 15.10.2008
Видео игри: забава или е-спорт?Во тек се два големи настани за гејмерската заедница во светот. Првиот е BlizzCon 2008, настан кој го организира Blizzard каде се промовираат нивните игри како Diablo III, WoW, Starcraft II. Вториот е Tokio game show 2008 саемот. Додатно на тие настани е и веста дека во наредниве месеци ќе се промовира и друштвената мрежа WorldGaming.com, слична на Facebook и MySpace, но за гејмери кои ќе имаат шанса да се натпреваруваат на разни платформи за пари.

Овие настани го обележуваат развивањето и масивноста на видео игрите. Интернетот ги поврза гејмерите од целиот свет. Игрите напреднаа, збирањето поени стана минато. Сега изјавите „јас сум подобар од тебе“ може да се потврдат со директно играње против други гејмери. Како игрите стануваа помасивни, пр: масовни мултиплеери MMORPG, така и натпреварувањето се подразбираше да стане поголемо.

Tokyo Game Show
Tokyo Game Show

- Одкога постојат видео игрите постои и натпреварувањето - пишува на сајтот на SK-gaming, една од најуспешните гејмерски заедници кои се спонзорирани од Аdidas, АМD, АТI Radeon ...

Тимови и турнири
Организирањето турнири започна уште во далечната 1995 година, а денес турнирите се традиционални со стотици илјади посетители. Почетоците на поголемите турнири, односно правиот е-спорт, се од 1999 година кога се појавија Unreal Tournament и 10 дена подоцна Quake III Arena. Иако и пред тоа имаше опција multiplayer во видео игрите, како шах и стратегиите, овие два наслови дадоа тотална нова димензија. „Прво лице пуцачките“ станаа и останаа едни од главните игри за натпреварување. Подоцна се појави CounterStrike, игра која е една од најпознатите во Македонија, Halo, Quake 4... Со развојот на ИТ се појавија и MMORPG, масивни мултиплејери како WoW, кој има околу 9 милиони играчи, и Lineage, корејска ММО со 14 милиони играчи.

Во 2006 имаше и барање видео игрите, односно е-спортот, да бидат вклучени во олимпијадата во Пекинг која се одржа оваа 2008 година.

- Видео игрите заслужуваат да бидат нетрадиционален спорт ... Тие ќе донесат нешто во Олимпијадата со што помладите ќе се вклучат.. - изјави Ted Owen од Global Gaming League споредувајќи ги игрите со сноубоард кој стана Олимписки спорт.

Со напреднатите видео игри индивидуалноста беше заменета со тимска игра. Се формираа тимови кои стануваа се поуспешни и со тоа се поголеми како организации и гејмерски заедници. Пример за најдобрите се SK-gaming и Nihilum, кои се натпреваруваат на WoW, Counter-strike, Dota и Halo турнири.

Counter Strike и World of Warcraft
Counter Strike и World of Warcraft

Вакви тимови постојат и во Македонија иако луѓето во интернет кафулињата се табу тема во земјата, примерот на текст од еден „угледен“ медиум за гејмерите е ист како да е лов на вештерки. На Четвртото македонско првенство во е-спорт во септември имаше преку 300 натпреварувачи кои играа Counter-strike 1.6, Fifa и Need for Speed. Финалистите, односно македонската репрезентација составена од седум членови ќе се натпреваруваа на Светското првенство за е-спорт на 5-9 ноември во Келн, Германија. Им посакуваме најдобар успех на SimpleX тимот во Келн.


Пари
Развојот на гејминг индустријата го покажуваат и бројките:

  • До 2010 гејминг индустријата ќе биде поголема од музичката, ќе стане 42 милијарден бизнис. пример: World of Warcraft прави околу 82 милиони долари месечно, а потребно се 80 милиони да се направи самата игра
  • Просечните години на гејмерите се од 20-40 што значи дека станува посериозно отколку што се мислеше дека е само за деца (конкретно таргет групата на индустријата се 37 годишните купувачи)
  • Околу 500,000 долари дневно се вртат во Second Life. Во играта која е симулација на реалниот живот своја продавница има и Coca Cola, како и други големи компании. IBM планира да потроши $10 милиони во развој на в-бизнис во Second Life
  • 43% се жени играчи
  • 80% од игрите немаат насилство, наспроти мислењето на пошироката јавност

Огромниот број на играчи и тимови ги привлекоа нормално и спонзорите. Се оформија и лиги за професионални гејмери: Cyberathlete Professional League, World Cyber Games, Electronic Sports World Cup ... CP лигата е во сопственост на Саудиска Арабија и секоја година дава награди во вредност од 3 милиони долари. Американската Major League Gaming дава 100.000 долари на победниците на нивниот турнир во Halo. Преку 350.000 илјади фанови го гледале последниот турнир онлајн. Пример за професионален гејмер кој има достигнато и светска слава со натпреварување во Halo е David Welsch со прекар Walshy кој има потпишано милионски договор со спонзори како Red Bull и други.

На турнирот на BlizzCon за Warcraf III и World of Warcraft: Arena наградите за прво место се 25.000 долари по играч. Ако се земе во предвид дека се натпреваруваат тимови од по 3 или 5 играчи тогаш математиката е јасна колку пари се вртат во електронскито спорт.

Заработка од играње игри?
Заработка од играње игри?

Има и нелегален, неспортски начин на заработување од онлајн игрите. Многу луѓе заработуваат пари од контраверзното користење на ботови и „фармање“ злато во ММОRPG, како WoW или Warhammer: Onlinе, кои потоа златото го продаваат нелегално за реални пари, со што вршат услуга на другите играчи за по стотици долари.

- Ги мразам фармерите на злато до дно на душата! - изјави Mark Jacobs, ко-оснивачот на Mythic Entertainment кои протераа преку 400 „фармери“ по само неколку недели од објавувањето на Warhammer: Online.

Фин
Статусот на професионалните гејмери е ист како на професионалните спортисти. Постои и трансфер на играчите како во фудбалот и останатите спортови. Најновата вест е дека шведската ѕвезда 21 годишниот Marcus "zet" Sundström ќе потпише за SK-gaming, кои имаат и тренер.

Организирањето на професионални турнири, спонзорирањето на најдобрите, илјадници долари ... сето тоа покажува дека гејмингот има исти почетоци како и секој професионален спорт. Можеби во блиска иднина и ќе му се оствари желбата на г-дин. Оwen видео игрите да станат алтернативен Олимписки спорт.

Клучни зборови:  Видео игри   Игри   Е-спорт   Гејминг   Играчи   Гејмери   Гејмер   Турнири   Натпревари   Интернет   Тимови

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Убунту

Популарна Линукс дистрибуција базирана на Дебиан верзијата на Линукс и претставена во 2004 година. Убунту е спонзориран од Canonical Ltd. и е спакуван со различни апликации како Firefox и OpenOffice.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter