Има откачена реклама за Nokia N900 во која еден лик се метамофорзира во телефон вриштејќи „јас сум медиум“. Уредот за кој е рекламата направена е најновиот паметен телефон, со 3G интернет, со 5 мегапиксели камера, со апликации за друштвени мрежи... се што е потребно да се сподели информација или слика брзо и лесно.
Но иако е нова технологија, тој телефон постои бидејќи ние, корисниците имаме потреба од него. Ние сме друштвено инволвирани и споделуваме најразновидни информации со своите пријатели. Поголемиот дел од тие информации се приватни, споделени за да ги видат неколкуте пријатели, повеќето се занимливости и забава. Но... таа забавна технологија поседува доволно моќ за да може секој од нас директно да влијае врз текот и развојот на едно општество.
Подолу е листа на дневни медиуми: телевизии и весници во кое го разгледуваме нивното учество во друштвените мрежи. Под друштвени мрежи мислам на Facebook и Twitter, бидејќи ниту еден медиум не е присутен на некој друг сервис. Доколку помислите на некоја друштвена мрежа, тие не се таму!
Но...и покрај тоа што се сведовме на две друштвени мрежи, сепак листата покажува дека многу мал број медиуми всушност ги користат друштвените медиуми за споделување информации и за интеракција со читателите. Доколку има воопшто онлајн интеракција читател-медиум тогаш таа се сведува на веб сајтовите и оставањето коментари.
Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите .... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање
за актуелни настани.
Клучни зборови: ХаитиtwitterFacebookдруштвени медиумипомошдонацииYELAВајклив ЏонЦрвен Крстземјотрестрагедијаизчезнати лицаСМС пораки
Stribe е победник за најдобра start-up компанија на LeWeb '09. На најголемата ИТ конференција во Европа, која се одржа минатата недела присуствуваа доста атрактивните имиња од Силиконската долина.
Иако на конференцијата имаше интересни разговори и најави, сепак би се задржал на најинтересниот дел од конференцијата - start-up натпреварувањето. Се работи за start-up, почетнички, компании oд Европа кои нудат нова и интересна идеја за веб сервис. Од над 130 апликанти, се одбраа 16 кои се преставија на конференцијата. Подолу се дел од нив, а првин се наградените.
Glocal: Inside Social Media конференцијата e во организација на Факултетот за комуникации и медиуми на Њујорк Универзитет Скопје. Ова е третата по ред Glocal конференција, која оваа година ќе трае три дена од 15 до 17 октомври. Преку испитување на влијанието на социјалните медиуми врз секојдневниот живот, конференцијата ќе понуди можност за дискусија со водечки мислители, како Кевин Робинс, Пол Бредшо, Нада Швоб‐Џокиќ, Нилс Хендрикс, Оливер Хелригел, Даница Радовановиќ, Јоаким Хеинц и други. Клучни зборови: GlocalGlocal09ГлокалКонференцијаДруштвени медиумиСоцијални медиумиInside Social MediaНастани
Во петокот четворицата основачи на the Pirate Bay (TPB) беа осудени на по 1 година затвор и оштета од по 3 милиони долари за прекршени авторски права. Реакција на таа пресуда покрај од обвинетите, се појави и од симпатизерите на TPB. Некои излегоа на улиците на Стокхолм во Шведска да протестираат против судската одлука, други го срушија сајтот на IFPI, организација која ги застапуваше музичката и филмската индустрија на судењето, а некои се приклучија на Пиратската партија која сега има 21.000 членови, а нејзиниот младински огранок 10.000. Клучни зборови: The Pirate BayTPBБитторентТоррентTorrentСудСудењеЗатворАвторски праваМузичка индустријаФилмска индустријаКориснициСофтверСподелувањеПиратска партијаТорент сајт
Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.