IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Дефинирање на веб 2.0
Дефинирање на веб 2.0 Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 24.06.2008
web 2.0Во денешно време скоро е невозможно да не го слушнете/прочитате изразот "веб 2.0" (web 2.0) на било која конференција, семинар или пак на веб сајт кој има врска со интернет или информатичката технологија. Веб 2.0 е "обичен" израз кој во последно време стана тренд на интернет и во светот на дигиталниот дизајн. Изразот веб 2.0 практично означува нагласена креативност, несебично споделување на информации и соработка или интерактивност помеѓу корисниците.

Терминот првично беше забележан од пошироката публика за време на O'Reilly Media Web 2.0 конференцијата во 2004 година каде што беше претставен како следната верзија на WWW (World Wide Web), но кратко потоа беше отфрлено таквото дефинирање заради фактот што не се направени никакви технички измени на WWW, туку е сменет начинот на користење на вебот од страна на дизајнерите, програмерите и крајните корисници. На страната за веб 2.0 на Wikipedia може да ја пронајдеме дефиницијата на Tim O'Reilly за терминот:

"Веб 2.0 е бизнис револуција во компјутерската индустрија предизвикана од движењето на интернетот како платформа, и обидите да се разберат правилата за успех на таа нова платформа."

Интерактивноста, поврзаноста, динамичните содржини и додавањето на "2.0" на имињата и брендовите се основните концепти на веб 2.0 трендот. Бидејќи интерактивноста е клучниот збор на денешниот "интернет 2.0" можат да се пронајдат огромен број на сајтови за социјално вмрежување, од популарните MySpace и Facebook, до "различните" MassageAlumni - сајт за вмрежување на масажери, Geni - сајт за создавање на фамилијарни стебло, MyCatSpace/MyDogSpace - сајт за "вмрежување" на вашите кучиња и мачки и многу други вакви неочекувани социјални мрежи.

Освен социјалните мрежи, одлика на овој тренд се и wiki сајтовите, форумите, блоговите и други веб-базирани сајтови кои нудат онлајн услуги. Кога пак дизајнерите зборуваат за веб 2.0 дизајн, тие зборуваат за заоблени краеви, користење на сенки на објектите, градиенти, одсјај, поголеми фонтови, позадини со монохроматски дијагонални линии и сл.

Во технички поглед веб 2.0 е всушност популаризирање на сервер-софтвер технологиите, синдикација на содржина, ИМ протоколи, користење на додатоци за пребарувачи и прелистувачи и употреба на CSS (Cascading Style Sheets), "фолксономските" појави како обележување, споделување, индексирање и социјално тагирање, XML, JSON-базирани API, AJAX, Flash, валиден XHTML и друго.

Многумина ќе се согласат во тоа дека веб 2.0 трендот ја доближи економијата до интернет компаниите, создаде нови услови за работа, но пред се ги поврза луѓето преку компјутерите.

Во прилог на овој текст, го објавувам и комичниот "веб 2.0 речник" во кој многу изрази се прецизно дефинирани, создаден според блогот Drama 2.0:

Веб 2.0 речник
Веб 2.0 речник



Клучни зборови:  Веб 2.0   Web 2.0   Интернет   Дизајн   Тренд   Интерактивност   Социјални мрежи   Содржина   Фонтови   Wiki   Блог   Блогови   Речник

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност