IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Google наполни 10 години
Google наполни 10 години Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 08.09.2008
ImageGoogle, компанија создадена од студентите Лери Пејџ и Сергеј Брин во една обична гаража со четири компјутери и првичен буџет од 100.000 US долари, денеска слави 10 години од своето корпоративно постоење. Помина деценија исполнета со продукти кои го сменија начинот на кој светот функционира, огромни финансиски успеси како и деценија во која Google стана еден од најмоќните брендови во човечката историја.

Интернетот пред Google
Во почетокот на 90-тите години интернетот сеуште беше во првичен развој и беше далеку од популарен. Многу мал број на корисници и веб сајтови беа присутни на глобалната мрежа која во тоа време главно се користеше за академски истражувања, клиентите за комуникација сеуште не беа баш развиени, а интернет прелистувачите тукушто започнаа да се усовршуваат. Пребарувањето и навигацијата на тогашниот интернет се одвиваше многу тешко бидејќи недостасуваа пребарувачи кои брзо овозможуваа релевантни информации. На интернетот од 90-тите години популарни беа веб директориумите кои содржеа само категоризирана листа на сајтови.

Со зголемување на глобалниот број на интернет корисници започнаа и првите обиди за создавање на интернет пребарувач кој би ги фрлил во сенка тогашните веб директориуми. Првиот вистински обид беше пребарувачот Excite, создаден во 1993 година исто така од студенти на универзитетот Стенфорд. Овој пребарувач своите резултати ги базираше на статистичка анализа на релациите помеѓу зборовите кои се бараат и оние кои можат да се пронајдат во датабазата.

Пребарувачот AltaVista
Пребарувачот AltaVista

Во 1994 година, во исто време кога беше создаден веб директориумот на Дејвид Фило и Џери Јанг, Yahoo!, на интернетот се појавија поголем број на пребарувачи кои споредени со Excite, беа многу побрзи и поефикасни. Од сите нив, одстапуваа пребарувачот AltaVista на Digital Equipment корпорацијата и HotBot на Inktomi. AltaVista ја одсликуваше моќта на 64-битните сервери на кои се базираше, но сепак и покрај својата брзина се соочуваше со проблемот на објавување на релевантни информации, додека HotBot беше само за степен подобар на тоа поле.

Присутни беа и други пребарувачи кои беа популарни, како Ask.com и AllTheWeb, но и тие се соочуваа со истите проблеми, а и нивните веб сајтови беа пренатрупани со други содржини кои им помагаа да генерираат профити.

Почетоците на гигантот
Вистинската приказна започнува две години пред 7 Септември 1998 година, односно во Јануари 1996 година кога пребарувачот беше дело од заедничкиот проект на студентите Сергеј Брин и Лери Пејџ кои беа дел од постдипломската програма на Стенфорд.

Првата средба помеѓу овие генијални умови, Лери, познат по создавањето на инкџет печатач од Lego коцки, и Сергеј Брин, син на двајца руски математичари кои подоцна се преселиле во САД, била во 1995 година на универзитетот Стенфорд кога 23 годишниот Сергеј бил задолжен да му биде водич на една година постариот Пејџ.

Лери Пејџ и Сергеј Брин
Лери Пејџ и Сергеј Брин

Тие двајцата станале пријатели дури подоцна кога се решиле заедно да работат на интернет пребарувачот BackRub, именуван според неговата способност да ги анализира линковите (back links) кои водат назад до бараниот сајт. Пребарувачот се базирал на принципи од теоријата на познатиот математичар од 18-от век, Томас Бајес.

Убедени дека сајтовите со највеќе линкови до бараниот сајт ќе овозможат најрелевантни резултати и ќе ги надминат сите тогашни интернет пребарувачи, Лери и Сергеј започнале со тестирање на сајтот, а за таа цел дури побарале и посебна адреса google.stanford.edu од универзитетот, кој тоа им го овозможил и за кратко време сајтот станал популарен помеѓу студентите.

Google во 1998
Google во 1998

Формирањето на Googol Google
Откако сфатиле дека нивниот пребарувач е навистина нешто посебно, Пејџ и Брин се обиделе директно во Силиконската долина да пронајдат инвеститор кој ќе им помогне во нивната цел да го пласираат како посебен продукт на интернет и кој ќе ги подржи финансиски. И двајцата во тоа време немале идеја како всушност би профитирале од проектот, но чувствувале дека имаат навистина корисен изум. Заради ова, кај сите инвеститори на чии врата тропнале им ја одбиле понудата размислувајќи ја како непрофитна.

По доживеаниот неуспех и на самиот чекор пред откажување, благодарение на еден професор на Стенфорд, двајцата студенти биле посетени од Енди Бектолшеим, ко-основачот на Sun Microsystems, кој по добиената кратка презентација за можностите на пребарувачот, на лице место извадил чек и го потпишал на 100.000 US долари. Чекот, според инструкциите на Пејџ и Брин, бил наменет за "Google Inc.", компанија која во моментот воопшто не ни постоела.

По примањето на чекот, на 7 Септември, 1998 година и официјално e регистрирана компанијата Google, чие име потекнува од зборот "googol" популаризиран во книгата "Математиката и имагинацијата" на математичарите Едвард Кеснер и Џејмс Њуман. Зборот го претставува бројот 1 со додадени 100 нули, што всушност ја одсликува мисијата на компанијата да ги организира многубројните информации достапни на интернет.

Гаражата во Ментло Парк, Калифорнија
Гаражата во Ментло Парк, Калифорнија

Компанијата била основана и регистрирана во гаража на пријател на двајцата основачи во Ментло Парк, Калифорнија, во која на почетокот имало само 4 компјутери. Компјутерите беа преместени од студентската соба на Пејџ која дејствуваше како серверска соба која процесираше околу 10.000 барања на ден, за разлика од сегашните 2 милиони. Благодарение на брзата популарност која пребарувачот ја стекнал уште на самиот почеток, на 19 Август 2004 година компанијата се пласира на Њујоршката берза каде што продава 19.605.052 од своите акции по индивидуална цена од 85 US долари, со што успева да го збогати својот буџет за 26 милиони долари. Поголемиот дел од акциите, околу 270 милиони, остануват под контрола на Google, а интересен е фактот дека и Yahoo! профитирал благодарение на овие акции бидејќи имале откупено околу 8 милиони од нив.

Од 2004 па се до денеска, акциите и вредноста на компанијата непрестано растат, достигнувајќи рекордна цена од 700 долари по акција на 31 Октомври, 2007 година. Моменталната вредност на една акција на Google е 445 долари, додека акцијата на Yahoo! вреди 18 долари.

Продукти и услуги
Најголемиот дел од финансиските добивки на гигантот потекнуваат од интернет маркетингот, односно сервисите како AdWords, скоро 99%. По купувањето на најголемата е-маркетинг компанија DoubleClick, Google благодарение на напредните технологии многу прецизно ги следи огласите кои ги објавува и наплаќа соодветна сума за клик. Од друга страна, преку својата програма AdSense, им овозможува и на сопствениците на интернет сајтови да профитираат од истакнување на Google огласи.

По најпрофитабилниот, најпопуларен продукт на компанијата е самиот софтвер за пребарување. Со помош на интернет пребарувачот составен од комплексни алгоритми кои овозможуваат индексирање на милијарди веб сајтови, Google доминира на пазарот на пребарувачи со удел од скоро 70%, додека конкурентот Yahoo! има 20%. Компанијата овозможува и уреди за пребарувања во интранет мрежи. Денеска во светот, пред се благодарение на едноставниот дизајн кој овозможува брзо вчитување и кој не содржи реклами, но и заради релевантноста на информациите, стотици милиони луѓе го користат Google.com за нивна почетна страна.

Дел од продуктите на Google
Дел од продуктите на Google

Други популарни продукти и услуги на компанијата се: Gmail, Google News, Google Groups, Google Maps, Google Video, Google Desktop, Google Docs, Picasa, SketchUp, неодамна објавениот интернет прелистувач Chrome и многу други.

Google е исто така познат и по купувањето на компании кои имаат вредни и иновативни сервиси. Досега, Google има откупено повеќе од 50 компании, меѓу кои популарниот сервис за споделување на видеа - YouTube, компанијата Keyhole Inc. која е всушност основач на сегашниот Google Earth, Genius Labs - создавачот на Blogger и конкурентот на Twitter, Jaiku.

Интересно е да се напомене дека Google постојано склучува и нови партнерства со разни компании и организации како NASA за изградба на истражувачки центар на простор од 100,000 м2, Time Warner за подобрување на пребарувањето на видеа, News Corp. за истакнување на AdSense реклами на MySpace и слично. Google е исто така и главен инвеститор во создавањето на .mobi топ левел доменот.

Пред само неколку дена беше лансиран и сателитот кој треба да овозможи слики од вселената со висок квалитет, а чинот е резултат на партнерството помеѓу Google и GeoEye.

Тајната на успехот
Покрај многуте таинствени алгоритми позади пребарувачот, иновативноста и оригиналниот начин на менаџмент на целата компанија предводен од Ерик Шмидт, извршниот директор и двата основачи се дефинитивно клучните компоненти за успехот на Google кој генерира повеќе од 20 милијарди US долари профит и нескромно цели кон 100 милијарди.

Работна атмосфера во Googleplex
Работна атмосфера во Googleplex

Уникатната филозофија игра исто така клучна улога во создавањето на овој моќен бренд, со тоа што првично им се придава важност на корисниците. Благодарение и на верувањето дека "можеш да бидеш сериозен и без одело", вработените во Google ја имаат работната позиција од соништата, со тоа што им се овозможени целосна слобода како и мал милион разни сервиси како масажи на работно место, теретани, ресторани и работна околина која денеска е сон на секој млад професионалец.

Оригиналните мотивациски техники како горенаведените и одобрувањето на компјутерските инжинери да потрошат 20% од своето работно време во една недела на проекти кои им се од личен интерест доведе до создавањето на Gmail, Google News, AdSense и други.

Неизбежно е да се спомене и идеологијата "не мислиме зло" која доведе до создавањето на работната позиција главен офицер за култура чија должност е да ја одржува забавната и иновативна култура во компанијата, а кој исто така ги има и должностите на директор на човечки ресурси.

Денеска, Google е еден од најмоќните брендови во светот, со канцеларии, претставништва и истражувачки центри ширум целиот свет. Само фактот дека компјутерскиот центар на компанијата е со големина на две фудбалски игралишта е доволен за да се сфати големината на оваа компанија.

Сите овие работи, помешани со огромна количина на креативност и оригиналност се дел од тајниот рецепт за успех на Google. Неверојатно што се може да се направи со помош на еден интернет пребарувач, зар не?


Клучни зборови:  Google   Гугл   Sergey Brin   Larry Page   Сергеј Брин   Лери Пејџ   Googleplex   Интернет   Пребарувач   Веб   Сајт   Компанија   Корисници

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(122 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.4%
  • 4.9%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност