IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Интернет - моќна алатка за ширење пропаганда
Интернет - моќна алатка за ширење пропаганда Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 06.01.2009
Интернет - моќна алатка за ширење пропагандаШтета што преку вакви примери на војна, тероризам и несреќи, интернетот се демонстрира како комуникациска алатка во целата своја сила. Овојпат станува збор за војната во појасот Газа, помеѓу Хамас и Израел. Нема да навлегувам во детали, но доволно е да се каже дека по истекување на мировниот договор, двете страни повторно започнаа со фрлање ракети и авионски напади.

На 27 декември Изреал изврши страшен авионски напад на цели за кои твдреше дека се тренинг кампови на Хамас и слични градби, и тој ден имаше 200 повредени и околу 200 мртви. По 10 дена напади, сега има 517 мртви и околу 2.362 повредени. По нападите светот реагираше со критики кон Израел и Хамас барајќи да прекине војната. Токму тука се вмеша и интернетот.

„Бидејќи дефиницијата за војна се смени, и дефиницијата за јавна димпломатија мораше да се смени“ рече Дејвид Саранга (David Saranga) од Израелскиот конзулат во Њујорк кои во вторникот одржаа „прва владина прес-конференција на Twitter“ на која прашањата беа одговарани со ИТ кратенки

Интернет - моќна алатка за ширење пропаганда
Пример: „1st batch of xtra Qs from ystrdays conference R up on our blog, as promised!„

Саранга го објасни овој начин на комуникација како неопходен бидејќи „ако зборувам со шпанци, ќе пишувам на шпански, ако пишувам на Twitter ќе твитам“ и додаде „Сакаме да допреме до младата генерација која не чита конвенционални вести, но е заинтересирана за настаните на Средниот Исток, па помисливме дека ова е добар начин да дадеме одговор на прашањата на луѓето“.

Нормално тоа не е доволно да се оправда војната со неколку прашања на сервисот за микро блогирање кој дозволува реченици долги само 140 карактери и преку прес-конференција која траеше само 2 часа. Затоа решението е YouTube - најпопуларниот сајт за сподлеување видеа.

Израелската одбрана (Israeli defence forces - IDF) отвори канал на YouTube преку кој известуваат за сите акции. Ако се прашувате зошто да се објават црно-бели снимки од изрелските авиони додека бомбардираат на интернет каде секој може да ги гледа, IDF одговори „да ни помогне да ја пренесеме нашата порака низ светот со објавување на екслузивни снимки прикажувајќи ги IDF во акција“.

YouTube реагираше и тргна некои од видеата бидејќи ги прекршуваат правилата на популарниот сајт, но многу брзо ги врати „ексклузивните“ видеа и само ги одбележа како „несоодветни за малолетни“.

Претходно со победата на Обама интернет „играчките“ т.е друштвените мрежи, блогови и микро-блогови покажаа дека интернетот ќе се користи за политички цели. По терористичките напади во Мумбаи, се критикуваше технологијата дека е инструмент за организација на терористите. При авионските несреќи, Twitter се прослави заради брзата комуникација. Сега, тие алатки се во служба на пропагандата.

Дали користењето на медиумите им одговара на изрелските власти да го оправдаат масакрот пред светот - 512 мртви, 2.300 повредени палестинци наспроти 5 мртви и 62 повредени израелци?

„Блогосферата и новите медиуми се уште еден воен фронт и ние мора да се истакнеме таму“ рече портпаролот на изрелската војска, мајорот Авитал Леибович (Avital Leibovich).

Сепак, за војна се потребни два страни, па затоа и Хамас не се покуси. Тие отворија сајт со своја пропаганда, која е помала од изрелската, но доволно ефективна. Тие претходно имаа и канал сличен на YouTube на кој што промовираа видеа за тренирање на војници, меѓу другата содржина. AqsaTube беше тргнат во октомври од францускиот сервер кој го хостираше сајтот. Но сега постои Tubezik.

Иако луѓето од двете страни започнаа војна преку интернетот, со коментари и блогови до препукување на Facebook, сепак многумина ги користат интернет сервисите за промовирање на своите протести против нападите. Како и останатите низ светот, така и „граѓаните“ на Second Life, популарниот виртуелен свет, организираа протести против војната.

Интернет - моќна алатка за ширење пропаганда

Global Voices, сајт преку која се преведуваат и објавуваат блогови од разни земји, за разлика од традиционалните медиуми врши осврт на ситуацијата преку блоговите. Меѓу нив се и тие кои живеат во Газа.

„Околу полноќ, израелски авиони ја погодија зградата на Палестинскиот правен совет, 1 километар од мојот дом. Непотребно е да кажам дека нема да го славиме почетокот на оваа Нова Година“ напиша Мухамед Али (Mohammed Ali).

За жал, постојат повеќе негативни последици од интернетот од позитивни. Додека едните се обидуваат да го искористат за дебата и решавање на спорот, други постигнуваат поголем ефект преку регрутирање нови членови или ширење пропаганда.

Изрелски и палестински сајтови постојано пријавуваат дека се хакирани, нешто што го видовме и во Грузиско-руската војна, се чини дека е неопходно да се прекине комуникацијата. Палестинска телевизија изјави дека нивниот сигнал бил прекинат од Изрел, и на телевизијата некое време се покажувало снимка од телефон кој ѕвони постојано и никој не се јавува додека глас во позадина вели „вашите водачи бегаат, а вас ве оставија на фронтот“.

Но, во случај на интернетот, нема толку хакери да тргнат/блокираат содржина колку што има блоговите и коментари. Препукувањето на интернетот кое ќе продолжи, видео содржината постојано се надополнува и без врска на YouTube или на Tubezik, илјадници луѓе ќе бидат изложени на пропагандата на двете инволвирани страни.

Оваа војна не завршува тука. Овојпат интернетот е на колена. Постои огромна содржина која не се филтрира како кај традиционалните медиуми, кои колку-толку се обидуваат да одржат баланс и да ги пренесат информациите односно фактите. Ако гиганти како YouTube, поради политички притисок не можат да цензурираат несоодветна содржина - видеа со војни напади односно насилство, тогаш...


Клучни зборови:  Интернет   Војна   Хамас   Израел   Палестина   Газа   Twitter   Исток   Напади   Пропаганда   YouTube   Видеа   Мировен договор   Пропагирање   Комуникација   Комуникации   Прес-конференција   Цензура   Медиуми

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk Wikipedia

До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(168 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.1%
  • 6%
  • 10.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност