IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Веб arrow Македонските медиуми на друштвените мрежи
Македонските медиуми на друштвените мрежи Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 04.02.2010
Македонските медиуми на друштвените мрежи Подолу е листа на дневни медиуми: телевизии и весници во кое го разгледуваме нивното учество во друштвените мрежи. Под друштвени мрежи мислам на Facebook и Twitter, бидејќи ниту еден медиум не е присутен на некој друг сервис. Доколку помислите на некоја друштвена мрежа, тие не се таму!

Но...и покрај тоа што се сведовме на две друштвени мрежи, сепак листата покажува дека многу мал број медиуми всушност ги користат друштвените медиуми за споделување информации и за интеракција со читателите. Доколку има воопшто онлајн интеракција читател-медиум тогаш таа се сведува на веб сајтовите и оставањето коментари.

Интересно е што на Facebook - друштвена мрежа со околу 550.000 македонски корисници од 13 до 65+ години, скоро 1/4 од Македонија - сепак многу мал број медиуми имаат официјаленa или активенa страница. Медиуми како Дневник, Време или Утрински воопшто ги нема на Facebook, додека најпопуларната А1 група е против нивните реклами.

Што се однесува на Twitter, го земаме во предвид бидејќи се работи за веб сервис кој во неколку наврати покажа дека е одличен медиумски сервис, кој покрај споделување овозможува брза интеракција со читателите. Но за жал сите, апсолутно сите медиуми кои се на Twitter го користат како RSS фид.

Интересен факт е и тоа што само Шпиц на својот сајт има линк до својот Twitter профил, кој иронично нема ниту еден твит. Другите медиуми и да имаат официјални профили воошто не се замараат да ги презентираат. Додатно, повеќето не се запознаени со Fan страните на Facebook, туку се расфрлани по групи, некои дури имаат и приватен профил. Повеќе за Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд .

ТЕЛЕВИЗИИ

A1

Онлајн присуствотo на А1 се сведува на веб сајт и Twitter. На сервисот за микро блогирање тие имаат 616 следбеници, следат 632 твитераши, ги има на 18 листи и имаат објавено 2.869 твита. Но... твитовите се само RSS нема никаква интеракција.

@a1vesti

На Facebook A1 има официјална група со 1.685 члена, но немаат додадено содржина од 9 декември. Интересно најпопуларна А1 страница е „МРАЗАМ РЕКЛАМИ на А1 ТВ:@:@ од 15 мин. на сред филм..:@:@:@:@“. која има неверојатни 30.445 фанови.

МРАЗАМ РЕКЛАМИ на А1 ТВ:@:@ од 15 мин. на сред филм..

Сител

Сител има мало учество на интернет. Нивното главно онлајн присуство е нивниот веб сајт. Што се однесува до друштвените мрежи Сител официјално е на Twitter, кој им служи како RSS. Твитовите се наслов и линк до веста. Нема никаква интеракција со гледачите. Сител има 2 Twitter профили, Sitel_vesti со 41 следбеници и 2.300 твита и SitelTV со 20 следбеници и 700 твита.

@sitel_vesti

Сител нема официјална Facebook страница. Постојат неколку Сител групи, најголемата е приватен профил со 1.545 пријатели кој се чини дека никој не го администрира и е преполн со поклони од Facebook апликации. Друг поголема група е група „Сител“ со 744 членови, но нема никакви информации, ниту е адинистриран и затоа има навреди. Втора по големина е страницата „Да се забрни на Сител да емитува англиско првенство“ што мислам дека насловот говори за содржина.

Сител на Facebook

Aлфа ТВ

Алфта ТВ има официјален и одличен водена Facebook група со 1.160 членови. Често се објавуваат нови информации и содржина и има одлична интеракција со членовите. Штета што Алфа нема Twitter профил, бидејќи се гледа дека тие што ја водат Facebook групата вложуваат напор во интеракцијата со гледачите.

Алфа ТВ на Facebook

Наша ТВ

Наша ТВ има активен и официјален Facebook група сo 2.146 членови. На својата страница Наша ТВ ја објавува и својата дневна програма што е доста интересно за гледачите, на кои програмата им е доставена на нивниот личен профил.

Наша ТВ на Facebook

Канал5

Канал 5 има Тwitter кој го користат како RSS, имаат 78 следбеници и 715 твита. Што се однесува на Facebook има „Канал 5 + ТВ5+“ група со 84 члена и еден „Канал5“ приватен профил.

@Kanal5_vesti

АЛСАТ

АЛСАТ има 966 члена во својата Facebook група, но според содржината се чини дека не е официјална страница ниту е администрирана. Нема ниту интеракција со публиката.

АлСат на Facebook

Немаат Facebook ниту Twitter профил:

  • Tелма
  • МТВ

ДНЕВНИ ВЕСНИЦИ

Шпиц

Тоа што е најинтересното кај Шпиц е што имаат директен линк до Twitter и Facebook страната на нивниот сајт. Меѓутоа нема ниту еден твит, најверојатно профилот е тазе како страницата на Facebook кој е направен на 20 јануари, па така е доста нов за да може да се искоментира и да се види каква содржина ќе биде објавувана.

Линк до Twitter на spic.com.mk

Вест

Вест има доста активен Facebook страница со 1.099 фанови. Профилот се коирсти за споделување доста свежи информации. Често се постира содржина која ги привлекува читателите на дискусија, што е одличен пример за интеракција.

Image

Нова Македонија

Има Facebook страница со 348 фанови каде се објавуваат текстови и информации, но за жал, иако личи на добро водена страница, последната информација е од 16 декември. Немаат Twitter профил.

Нова Македонија на Facebook.

Gazeta Lajm

Албанскиот весник Lajm има добро водена Facebook страница со над 6.257 фанови, што мислам дека е најголемата бројка на фанови на еден македонски медиуми. Поради неразбирање албански јазик не можам да видам каква е содржината, но се чини дека редовно се споделуваат информации, и не се врши спамирање. Нема Twitter профил.

Gazeta Lajm на Facebook

Gazeta FAKTI

FAKTI имаат добро водена Facebook страница, исто како и Lajm, но со помал број фанови, односно Fakti има 1.835 фанoви.

Gazeta FAKTI на Facebook

Немаат Facebook ниту Twitter профил:

Бонус: Time.mk

Тime.mk е агрегаторот на вести и како што збира огромен број содржина така ја дистрибуира на Facebook и Тwitter. Но проблемот со Time.mk е токму големиот број на вести кои евентуално се дистрибуираат како наслов и линк односно RSS кој постојано спамира. Можеби најголемиот проблем на Time.mk е што преставува секаква содржина, од политика до забавна, па не секој чита секаков вид вести.

Доколку постојат официјални Facebook или Twitter профили на ови и други медиуми, слободно ги додадите во коментарите подолу.



Клучни зборови:  медиуми   телевизии   дневни весници   А1   Сител   Нова Македонија   Шпиц   lajm   FAKTI   Алсат   Канал5   Дневник   Facebook   Twitter   Интеракција   Алфа ТВ   Наша ТВ   МТВ   друштвени мрежи   читатели   профили   групи

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност