IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Веб arrow Победниците на LeWeb '09
Победниците на LeWeb '09 Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 14.12.2009
Победниците на LeWeb '09 Stribe е победник за најдобра start-up компанија на LeWeb '09. На најголемата ИТ конференција во Европа, која се одржа минатата недела присуствуваа доста атрактивните имиња од Силиконската долина.

Иако на конференцијата имаше интересни разговори и најави, сепак би се задржал на најинтересниот дел од конференцијата - start-up натпреварувањето. Се работи за start-up, почетнички, компании oд Европа кои нудат нова и интересна идеја за веб сервис. Од над 130 апликанти, се одбраа 16 кои се преставија на конференцијата. Подолу се дел од нив, а првин се наградените.

Што сé се разговараше на конференцијата можете да прочитате на официјалниот веб сајт, на TechCrunch EU, кои се медиумски партнери на конференцијата, и сигурно има информации некаде на интернет.

Првото место го освои Stribe, што е 'plug and play' веб сервис кој прави друштвена мрежа од било кој сајт. Stribe нуди само JavaScript код кој се имплементира во еден веб сајт и имате интеракција меѓу читателите, односно посетителите. Подолу е видео презентација за Stribe од TechCrunch 50 конференцијата.

Среброто се додели на Tigerlily, интересна апликација за полесно менаџирање на корпоративните профили на Facebook, со додатоци за промоција, квизови итн. Бесплатаната верзија на Tigerlily можете да ја пробате и самите. Pro верзијата овозможува преглед на статистиката и други ексклузивни додатоци.

Третото место е доделено на CloudSplit, алатка со која во реално време се пресметуваат трошоците за водење на еден „облак“, давајќи преглед на сите трошоци пропратени со аларм во случај да се зголемат трошоците за некој сегмент на „облакот“ за кој се плаќа не само местото за складирање на еден сервер, туку и закачување и симнување содржина.

CloudSplit

Тоа се наградените проекти. Од останатите натпреварувачи би ги издвоил RunKeeper. Ова е апликација за iPhone која се користи за фитнес, мерење на трчањата, користење на GPS и мапи, споделување на вежби на интернет итн. RunKeeper не е интересен проект бидејќи е нов и иновативен, туку го спомнувам бидејќи се најде меѓу одберените 16, а сепак е нешто веќе видено тука. SportyPal е слична ваква апликација изработена од македонски девелопери, само што работи и на Android, не само на iPhone.

FriendBinder е уште еден проект кој е поврзан со друштвените мрежи, кои очигледно се голем инспирација за изнаоѓање решенија да се искористат сите тие вмрежувања. FriendBinder е платформа преку која ги здружува вашите пријатели од различни платформи, без врска дали се на Twitter или Facebook, вие само ги додавате на вашиот FriendBinder и ги имате сите нивни постови на едно место.

На LeWeb '09 се појави и Mendeley, апликација наменета за академици и научници и се користи за менаџирање и копање на податоците за истражување. Податоците се извлекуваат од најразновидни извори.

Task.ly е сервис кој се користи за организација. Основачите го споредуваат со Google Wave, но наместо менаџирање на пораки, Task.ly овозможува организација и планирање на обврски.

Task.ly

Друг доста интересен проект е Hyperwords, додаток за Firefox и Chrome, кој овозможува лесна интеракција со зборовите на интернетот. Само одберете збор, одберете команда и добивате дополнителни инфромации, линкови, пребарувања...

Меѓу останатите проекти-почетници на LeWeb се најде и GetinLive, спортски веб сервис за анализирање и предвидување на натпревари од англиската Премиер лига. Сервисот е интересен бидејќи нуди статистика и податоци за тимовите, а предвидувањата се базирани според корисниците и според статистиката.

За крај еве ја листата на сите 16 одберени start-up проекти кои се преставиja на LeWeb '09. Кликнете на линковите и разгледајте.

Бонус: Победниците на LеWeb 2008



Клучни зборови:  LeWeb 09   конфренција   Европа   start-up   натпреварување   Stribe   TigerLily   JavaScript   друштвени мрежи   веб сервиси   cloudsplit   облак   Run Keeper   SportyPal   ИТ   статија   FriendBinder   Hyperwords

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(110 глас/а)

  • 77.3%
  • 5.5%
  • 5.5%
  • 11.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност