IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Веб arrow Преглед: Social Media Week NYC
Преглед: Social Media Week NYC Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 20.02.2009
Преглед: Social Media Week NYCМинатата недела, започнувајќи од 9-ти Февруари во Њујорк се одржаа серија настани и конференции поврзани со друштвените медиуми и веб 2.0 ерата, па така неделата го доби името "Social Media Week NYC". Едни од настаните на кои се посвети најмногу внимание беа Shorty Awards, NYC Twestival, Online Community Unconference, Social Media Breakfast, O'Reilly's Tools for Change и други. IT.com.mk имаше можност да присуствува на неколку случувања, а импресиите во продолжение...

Темите за дискусија низ скоро сите случувања беа поврзани со друштвените сервиси и нивната имплементација во бизнисот, политиката, образованието, музичката и филмската индустрија и сл. Неизбежен дел на секој настан беа и разговорите за економската криза и како друштвените медиуми можат да помогнат во нејзино решавање. А на Twestival-от организиран во состав на неделата се собраа над 25.000 долари од вкупно 250.000.

Преглед: Social Media Week NYC
Дел од настанот Иновација преку политика и друштвени медиуми

Од многуте настани, како едни од најинтересни би ги издовил:

  • Што е секси а што не во друштвените мрежи, организиран од маркетинг агенцијата Razorfish
  • Иновација преку политика и друштвени медиуми, организиран од The New York Times
  • Создавање на бренд: Друштвени медиуми на долги патеки, организиран од Wired.com

Сите останати настани и работилници можете да ги прегледате не сајтот SocialMediaWeekNY.com каде што се достапни и видеа.

Што е секси а што не во друштвените мрежи
За време на овој панел, Чарлс Форман и Дејвид Карп разговараа со модераторот Адам Девин за тоа што е "секси" а што не во денешните друштвени сервиси и трендови. Адам е еден од ветераните на интернет бумот уште од 1990-те години и лично има помогнато на многу големи брендови и компании да го искористат потенцијалот на интернетот за промоција на нивната филозофија, продукти и услуги.

Конверзацијата воглавно се фокусираше на сајтовите на Форман и Карп, кои ги споделија своите лични искуства во врска со одржување на активна интернет заедница, справување со проблеми кои можат да произлезат од неа и др.

Една од клучните поенти која беше истакната и споделена од страна на Форман, е дека голем број на публика на почетокот не го гарантира успехот на сајтот/сервисот... и дека е потребно константно подобрување и на содржините и на услугите со цел сајтот постојано да се развива. Некогаш дури е потребно и целосно менување на стратегијата за да се излезе на прав пат.

Иновација преку политика и друштвени медиуми
Овој настан беше инспириран од кампањата на Барак Обама која силно се фокусираше на интернетот и друштвените медиуми, официјалниот сајт на сега веќе претседателот на САД дури имаше и своја друштвена мрежа My.barackobama.com.

Одржан во конференциска сала на The New York Times, настанов беше посетен од доста звучни имиња од дигиталниот свет, а главните спикери беа:

  • ко-основачот на Facebook и директорот на онлајн кампањата на Обама, Крис Хјус
  • Ендру Расиеј, основач на Personal Democracy Forum и човекот позади сајтот Techpresident.com
  • Џејми Дејвс, претприемач и инвеститор со повеќе од 10 годишно искуство во јавниот сектор и основач на голем број непрофитни и политички организации

Се зборуваше за тоа како друштвените медиуми можат да влијаат на политиката и предизборната кампања, дека со помош на друштвени онлајн алатки може да создадеме потранспарентни државни администрации и дека интернет технологиите можат да ни помогнат да ја вратиме довербата помеѓу луѓето.

Крис и Ендру дефинитивно споделија огромен број на искуства и размислувања, кои искрено беа задоволство да се чујат. Мислам дека најдобран начин за да ги резимирам заклучоците од овој настан е со објавување на твитовите кои ги постирав за време на самиот настан:

Преглед: Social Media Week NYC

Создавање на бренд: Друштвени медиуми на долги патеки
Панелисти на настанов беа Гери Вајнерчак, Брајан Мориси, уредник на AdWeek, и Иан Шафер, директор на компанијата Deep Focus. Како секој настан на кој е присутен Вајнерчак, настанов беше исполнет со енергија и голем интерест од публиката.

Панелов беше одлично искуство, една од темите која ми се допадна и за која беше дискутирано, а всушност е еден од главните проблеми во бизнис светот: многу компании гледаат на друштвените медиуми како алатки сосема различни од оние кои можат да се искористат во создавање на бренд, што е многу погрешно. Факт е дека компаниите мора да започнат да го градат своето онлајн присуство и да ги слушаат своите корисници.

Неколку цитати кои вредат да се запомнат:

"Барате стратегија за развој на бренд? Еве ви бренд стратегија: грижете се [за корисниците, за заедницата]." - Гери Вајнерчак

"Слушањето постанува маркетинг стратегија. Но мора да биде активно слушање." - Брајан Мориси

"Дарвин не кажа дека најсилните ќе преживеат, туку оние кои ќе се адаптираат." - Иан Шафер, (дента пред настанот беше роденденот на Чарлс Дарвин)

Заклучок
Social Media Week NYC беше недела во која се одржаа над 25 настани поврзани со дигиталните медиуми на кои присуствуваа повеќе од 1.500 луѓе инволвирани во индустријата. Ова беше одличен начин да се пренесат пораките за моќта и потенцијалот на интернетот, да се поттикне иновација и да се пренесат знаењата и искуствата. Како и да се искористи целата таа интернет заедница за добротворни цели, пр. Twestival.

Морам исто така да посочам дека (на мое пријатно изненадување) скоро на секој настан *огромно* внимание му беше посветено на Twitter, во некои ситуации за овој сервисот дури се зборуваше и повеќе од Facebook, најмасовната друштвена мрежа. Главниот впечаток кој мене ми беше оставен е дека сервисот за микро-блогирање има огромен потенцијал и дека може да биде искористен за промовирање на бизнисот и поврзување со потрошувачите на доста оригинален начин.

Уште нешто интересно: Организаторите на Social Media Week NYC исто така соработуваа со истражувачката компанија Abrams Research, кои спроведоа анкета помеѓу 200 посетители на настаните прашувајќи неколку прашања во врска со друштвените сајтови и трендовите кои се очекуваат.
Резултатите се доста интересни бидејќи анкетираните луѓе воглавно се блогери, онлајн новинари, менаџери и основачи на интернет бизниси, т.е. добри познавачи на проблематиката.

Дел од резултатите:

  • 40% од анкетираните посетители рекоа дека Twitter е местото број 1 за бизнис, додека Facebook на ова прашање доби 15%
  • Најдобриот начин да се монетаризираат друштвените медиуми е преку воведување на Freemium моделот (нудење на ограничени услуги бесплатно, додека за целосните можности мора да се плати)
  • Zappos, Obama и CNN се најдобрите корпоративни брендови на Twitter

Повеќе за анкетата и резултатите тука.


Клучни зборови:  Social Media Week NYC   Веб 2.0   Друштвени мрежи   Facebook   Twitter   Фејсбук   Твитер   Политика   Настан   Конференција   Панел   Е-бизнис   Бренд   Маркетинг   Интернет маркетинг   Брендинг   Интернет   Корисници   Посетители

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Google во Google

68.000.000 - просечна бројка на колку пати во еден месец корисниците од целиот свет на Google го пребарале зборот Google во 2008 година.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност