IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Веб arrow Друштвените медиуми заедно за помош на Хаити
Друштвените медиуми заедно за помош на Хаити Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 14.01.2010
Социјалните медиуми заедно за помош на Хаити Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите .... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање за актуелни настани.

Најголемата реакција дојде со најкрактите пораки. Најпопуларните теми на Тwitter се со тагот Хаити. Огромен дел од нив се и од жителите на Хаити кои твитаа за земјотресот и кои сега пишуваат за актуелните случувања во Хаити.

@arheoblog

Медиумите веднаш се свртија кон друштвените мрежи. Иако имаат неколку новинари во Хаити, CNN веднаш ангажирале луѓе да го следат интернетот. „Веднаш поставивме некој да ги надгледува друштвените мрежи и нашиот iReports за Хаити.“ вели Ник Врен, подпретседател на CNN International Digital Services.

Друштвените мрежи покажаа и хуманитарна страна. На кампањата да се помогне на Хаити се приклучи и Facebook корисниците. „EARTHQUAKE HAITI“ има над 100.000 членови кои објавуваат информации за земјотресот. Некои од корисниците ја користат оваа и другите групи за барање на изчезнатите најблиски. Постојат и групи за донирање помош за жртвите на земјотресот.

Facebook cause


Голем број на организации поставија можност за донации, дали преку веб страни или преку СМС пораки продожија да го шират зборот за трагедијата. Добар пример е кампањата на познатата поп ѕвезда Вајклив Џон кој преку Twitter и блоговите ги поканува сите негови фанови да донираат по 5 долари за Хаити преку неговата добротворна организација „YELE“.

@yelehaiti


„Стотици илјади долари се собираат за само 18 часа само од друштвените мрежи.“ вели Дејвид Мелтцер од американскиот Црвен Крст во видеото на AssociatedPress. Црвениот Крст собра 3 милиони долари од СМС донации. Добротворната организација постави и веб сајт за да помогне да се најдат и идентификуваат изчезнатите лица.

Се уште не се знае точната бројка на жртвите во Хаити. Огромен број се изчезнати под рушевините. „Не знам, до сега слушнав за 50.000....30.000.“ рече претседателот на Хаити, Рене Превал.

Има неверојатна приказна за жена која со SMS порака ги информирала канадската Амбасада дека е закопана под урнатините. Таа порака ја спасила од застрашувачка смрт да биде закопана жива.

Google со помош на GeoEye објави нови сателитски слики од Хаити каде се гледаат рушевините со цел да овозможи логистичка помош при санација на штетата и наоѓање на изчезнатите лица.

„Ги имаме податоците од Map Maker за Хаити достапни за Обединетите Нации во своја сурова форма за санирање на штетите од земјотресот. Доколку има познавање за локацијата, помогнете ни во градењето на подобра мапа на Хаити со Google Map Maker.“ пишува Google во блог пост.

Многу други сервиси кои работат со мапи се активираа за трагедијата. Пример, Ushahidi понуди одлична мапа со категоризирани информации за случувањата во Хаити.

Глупаво што е потребна трагедија да се демонстрира хуманост и моќта на друштвените мрежи, но барем се реагира. Што би се случило да ги нема информациите? Доколку сакате да помогнете Црвениот Крст на Македонија отвори жиро сметка за да се соберат средства за помош на настраданите во Хаити.



Клучни зборови:  Хаити   twitter   Facebook   друштвени медиуми   помош   донации   YELA   Вајклив Џон   Црвен Крст   земјотрес   трагедија   изчезнати лица   СМС пораки

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Новиот Bing

Според Compete.com, пребарувачот на Microsoft - Bing, во првиот месец од своето претставување имал над 50 милиони уникатни посетители, по што ги надмина Twitter.com, Cnn.com, Digg.com.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(184 глас/а)

  • 74.5%
  • 6.5%
  • 6%
  • 13%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност